Хороскоп
ОВЕН
Работните обврски ви одат беспрекорно, а имате и колеги што ги следат и почитуваат вашите идеи. Здравствената состојба е на завидно ниво. Чувствувате потреба да ја запознаете Скорпијата што веќе подолго време ви се врти во глава. Слободно пријдете и' и разговарајте.
БИК
Релативно доброто расположение се должи на партнерот. Ќе ве одведе на некое место што многу ви значи. Немојте премногу да ги вербализирате своите чувства, тоа само ќе ја уништи спонтаноста што владее меѓу вас. Верувајте му на партнерот, тој знае што ви треба.
БЛИЗНАЦИ
Прилично сте вознемирени и незадоволни. Ни сами не знаете која е вистинската причина за ова расположение, што е периодично, но се повторува. Морате да сфатите дека многу работи не зависат само од вас. Волјата ќе придонесе за ублажување на проблемите низ кои минувате.
РАК
Отпатувајте некаде, само тоа може да ве помести од мртвата точка. Го поминувате денот меѓу сонот и јавето, реалноста и имагинацијата. Не грижете се, патувањето ќе биде реалност. Битно е крај себе да имате лице што ќе ве придружува.
ЛАВ
Одлично се чувствувате, а имате и добра причина. Непријатните ситуации што ве задушуваа се минато. Време за нови почетоци. Лицето што ви се допаѓа е постојано во работни обврски. Бидете трпеливи, оптимизмот ќе придонесе за многу пријатни моменти.
ДЕВИЦА
Зачестуваат караниците со партнерот. Прашајте се дали претерувате со своите барања и ситници. Доколку решивте да се занимавате со политика или недвижен имот, ова е повеќе од добар период. Ќе добиете поддршка од важно лице. Бидете толерантни спрема најблиските.
ТЕРЕЗИЈА
Периодот со недоразбирањата со партнерот е минато. Одлично функционирате во тандем, свесни за сите свои квалитети. Прашање е само колку ќе трае тоа. Најдобрите врски се поткрепени со неизвесност. Обидете се да го шармирате партнерот и да влијаете за да направи некоја корисна работа.
СКОРПИЈА
Период за планирање. Морате да бидете малку поконкретни во барањата, само така ќе успеете да ги остварите желбите. Здравствената состојба се подобрува, но тоа не значи дека треба да ја занемарите. Добро би ви дошла прошетка со партнерот, потребно му е вашето внимание.
СТРЕЛЕЦ
Евидентни се непотребното нервирање и максималното трошење енергија на најразлични ситници. Бидете свесни дека додека почнете да обрнувате внимание на здравјето, може да биде предоцна. На лето ве чека нова љубов. Затоа, држете ја главата горе.
ЈАРЕЦ
Проблемите доаѓаат од сите страни. Додека да решите еден, се јавува нов. Не брзајте, бидете трпеливи. Важите за лице што лесно се справува со секојдневните предизвици. Среќата е на ваша страна, знајте дека секогаш по дождот доаѓа сонце.
ВОДОЛИЈА
Постојано сте во брзање. Тоа ви одговара, бидејќи не поднесувате инертност. Морате да го контролирате нервниот систем. Подложени сте на настинки. Земете време за себе и препуштете му се на партнерот. Не дозволувајте преголемите работни обврски да ви застанат на патот.
РИБИ
Впуштени сте во работна обврска што бара повеќе труд и внимание. Доколку побарате помош од близок пријател, не бидете изненадени ако тој ве разочара. Партнерот е секогаш крај вас да даде се' од себе. Слободно прифатете ги негови совети и искуства.
|