Судбината на препораката ќе се знае на самитот на ЕУ закажан за 16 декември
Слободанка Јовановска
Европската комисија годинава ни ја прекина главната забава - уште пред да излезе го најави како позитивен извештајот што утре ќе биде објавен во Брисел за прогресот на Македонија. Колку позитивен, сепак, е позитивниот извештај на ЕК и има ли неговото објавување смисла кога се' уште нема надеж дека препораката за преговори ќе ја доживее истата судбина како минатата година - е тема за која и натаму може да се дискутира. Дипломатските оцени во Брисел деновиве беа дека Комисијата останува на клучните заклучоци што се важни за препораката, бидејќи тоа е дел од стратегијата да се мотивира Македонија да постигне компромис за името. Но, реално сите пасуси во извештајот што почнуваат со прогрес во следната реченица завршуваат со отровна критика, како резултат на настојувањето ем да ни дадат препорака ем да ни го испорачаат незадоволството.
Клучна оцена притоа е дека реформите имаат „непостојано темпо“, иако задоволително се исполнети политичките критериуми. За јавната администрација, како најкритична сфера, стои дека има некаков прогрес во поглед на нејзиното функционирање, но потребни се значајни идни чекори за да се осигура нејзината транспарентност, професионализам и независност. „Имаше непотребно политичко мешање во изборот и унапредувањето на сите нивоа во администрацијата, па законската рамка натаму треба да биде зајакната. Конвертирањето на многуте времени вработувања во постојани во многу случаи не беше остварено преку конкурентска процедура и врз основа на способностите“, се наведува во извештајот на ЕК.
Неофицијално одговорот на Владата на оваа критика бил дека е нормално тие што веќе работеле во администрацијата да покажат најдобри резултати на конкурсите и дека впрочем тоа било практика и во Европската комисија! За судството, како втора критична сфера, стои дека е остварен лимитиран прогрес како резултат на подобреното буџетирање, но дека ЕК е загрижена за независноста и непристрасноста на судството и околу тоа што не е обезбедено законските регулативи да бидат применувани во практиката. Околу борбата за корупцијата се регистрира прогрес, но со додавка дека треба да се зајакне изрекувањето пресуди за високопрофилните случаи и да се имплементираат законските барања за декларациите на имотот и за финансирањето на политичките партии.
Генерално, ЕК тврди дека корупцијата и натаму е сериозен проблем во многу области и останува доминантна. Најотровни се годинава, сепак, критиките за слободата на изразување, и покрај генералната оцена дека таа е заштитена во земјата. Според оцените, медиумите се поделени на етничка и политичка линија, практикуваат самоцензурирање, само еден медиум има двојазична програма, сопственоста кај печатените медиуми е нејасна и контроверзна, нема саморегулирање на професионалните стандарди меѓу самите новинари, се зголемува бројот на тужбите кон нив, а сериозно загрижува притисокот и вознемирувањето на новинарите. Последна критична оцена е околу бизнис-климата за која стои забелешка дека е жртва на институционалната слабост и дефектите во владеењето на правото, а резултат на тоа е превисоката невработеност.
Според дипломатски процени од Брисел, Европскиот совет се' уште не расправал за ставот кон препораката на Комисијата, и тој, дефитивно, ќе биде утврден на самитот на 16 и 17 декември, или министерскиот состанок неколку дена претходно. Според процените, ќе биде добро ако лидерите ја повторат препораката во заклучоците и избегнат Грција да ја дополнува, со оглед на најавите дека Атина настојува во неа да влезе и генералната оцена за непостојан прогрес. Очекувањата во Брисел се дека Македонија ќе добие уште една гратис година да го реши спорот и да добие преговори со Унијата, но ако не успее во тоа сегашните негативни оцени се основа на која ќе може да се повика и да ја повлече веќе донесената препорака, бидејќи рокот на нејзиното траење и добрата волја на ЕК не можат вечно да траат. (С.Ј.)
Problemot e sto nasive nepismeni politicira voopsto ne go razbiraat diplomatskiot jazik. Oni se drugo osven "mars od tuka, gubrinja edni" go razbiraat kako pofalba.
Од: ilija
Датум: 08.11.2010 12:51:46
znaci uste edna godina gratis nadez a posle
zbogum EU zbogum NATO.
Од: Lizavcina za mali deca
Датум: 08.11.2010 13:29:12
Ce si drememe pred vratata na EU kako Turcija, no za razlika od nas Turcija e silna zemja jasno etablirana vo svetskite slucuvanja, edna od najcenetite zemji vo NATO, so ekonomija vo rast( 13% BDP) vojnicki silna i jaka so vazna geostrateska polozba.Nie sme na " stakleni " noze so siromastija i korupcija, do nebesa, so negirana drzavnost, ime, jazik, crkva i ne vodi edan cirkuska druzina, preokupirana so kradanje, , korupcija, nemoral, so gradbi na spomenici, krazbi na istorija, antikvizacii i teokratizacija na drzavata, kade glavni "portparoli na nasata "gordost" se Pasko Kuzman i Vlatko Djorcev, koi so svoite smesni izjavi i proekti ima pravat smeski na serioznite drzavnici i ne donesoja na deredje da bideme za potsmev na Evropa i vo svetot. Ovaj gratis me potesetuva na lizavce , koe im se dava da malite deca kolku da se zalazat i da ne vreskaat. Iakum so ovie Antikomani nikade ne stignuvame
Од: Nikola vo Evropa
Датум: 08.11.2010 14:05:49
Samiot naslov na tekstot navestuva deka od dogodina,vo slucajot MK-vladata da ne go preispita odnosot kon Evropa i Evropskite pretstavnici vo Drzvata (Fuere),EU ke sviri druga muzika koja nema da bide po kejfot na MK.Limitirana vizna liberalizacija,koja se navestuva denovive,e samo pocetok.EU im dade sloboda na gragjanite na SRB,MK i MNE da setat slobodno bezvizno,no tie go izbraa patot kako da gi koristat socijalnite benefiti bez nikogas nesto da uplatat
nesto vo taa socijala.SRB i e potrebna na EU za
konecna stabilizacija na Balkanot,poradi toa ne postoj rizik za SRB za odnovo voveduvanje vizi.Kaj MK rabotite stojat poinaku.MK so 2 Mio. e "sitna riba" i postoj opasnost pak da i se vovedat vizi bez da i trepkaat ocite na Evropa.MKskata vlada drug jazik ne razbira i mora da se "obraboti" so metod na cekan,so sto,za zal,zrtva pak ke bide narodot vo Makedonija,koj inaku uste zivee vo iluzija deka segasnata vlada raboti vo negov interes,sto bi opisal kako "sladok son-pakosno budenje"!
Од: Ambasador
Датум: 08.11.2010 15:13:46
EU ne razbira pravna priroda na problemot so Imeto!! Problem nee bilateralen, tuku e multilateralen! Referencata i pregovorite se NELEGALNI spored MSP od 1948. ON morashe da ne primi pod RM, a potoa, Grcija imashe pravo da ne tuzhi!! Vaka, problemot e megu RM i ON okolu pravno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za priem vo ON!!
Од: Petre
Датум: 08.11.2010 15:34:33
tocno e deka makedonija e na site Margini, dodeka SRB e vazna, najpoveke poradi voenite ambicii na Rusija a poradi gasovodot. No tuka nema care, ima samo 3 izbora, da se trae i ceka, 2.da se klekne pred Grcija ili 3. da se vleze ushte poveke vo dil so Turcija, a eventualno i so nekoja sila od 3-ot svet, Kina, Indija, Iran..
Од: Nake Tufekciev
Датум: 08.11.2010 16:36:12
Grcija go isprazni kazant na EU isega ja vikaat Makedonija na gosti da greba po dnoto,neka si go cuvaat zagorenoto na dnoto,tesko moze tolku clenki da se naranat od se po prazniot kazan
Од: jovan
Датум: 08.11.2010 22:03:04
Ke dobieme nie uste mnogu "gratisi".Evropa nema veke nikakvi sili da moze nesto da nametnuva,i ostana uste da deli samo "gratisi".Ne li gledate deka veke neznaat sto da pravat so nas.Ne sme tolku"sitna riba"kako sto nekoj napisal ovde.Da bevme, ke ne resea do sega, a ne da ni delat "gratisi".Vo svetov veke ima i drugi KONKURENTNI "igraci", i Evropa veke nemoze da pravi sto saka i kako saka.Niv im gori pod noze so Balkanov,a nie sme ovde na svoe, ke cekame.Ke ima i drugi ponudi.