Политичките фактори се воздржуваа од коментари за пресудата
Молк во политичките кругови и симболичен протест поради одлуката на Жалбениот совет на Хашкиот трибунал. Ваква беше атмосферата во Скопје во првите часови по соопштувањето на одлуката со која се потврдија пресудите за случајот „Љуботен“, за кој поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски е ослободен од одговорност, а на Јохан Тарчуловски му е определена 12-годишна затворска казна.
Вчера до доцна попладне ниту една партија или политичар не се осмели да коментира дали се очекуваше ваква пресуда, каква светлина таа фрла врз конфликтот од 2001 година и дали и како хашката одлука ќе се одрази на релациите меѓу политичките субјекти и на соживотот.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која отворено го поддржува Тарчуловски, а веќе подолго време е во конфликт со Бошкоски, во прво време се воздржа од коментар. Вмровците, кои испратија свои претставници во Хаг, се воздржаа и од прес-конференциите што ги одржуваат, инаку, речиси секој ден. Но, и социјалдемократите вчера како да немаа желба да се конфронтираат со политичките противници. Очекувано, изостана реакција и од ОМ, чиј лидер Бошкоски беше во Хаг за да ја слушне одлуката на Жалбениот совет за жалбата на Хашкото обвинителство, кое ја оспори ослободителната пресуда за него.
И партиите од албанскиот блок, особено ДУИ, тактизираа со соопштувањето на своите ставови за одлуката, најавуваа реакции, па се повлекуваа. Пресудата на Жалбениот совет, всушност, дојде во деликатен момент за владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ... Во ситуација кога лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно му ги испорача своите барања на премиерот Никола Груевски, притоа инсистирајќи на затворање на четирите случаи од 2001 година, што се вратени од Хаг во Македонија и на решавање на статусот на борците на ОНА.
Додека партиите молчеа, чекајќи авионот со поддржувачите на Тарчуловски да се врати во Скопје, на плоштадот „Македонија“ се собраа неколку стотици луѓе за да му изразат поддршка на единствениот хашки затвореник од земјава. Неговите поддржувачи се собраа на тивок протест, во знак на револт поради одлуката на хашките судии. Еден од присутните, Александар Трајковски, коментираше дека пресудата е скандалозна и дека со неа се потврдува дека Судот во Хаг е политички, а не с��д на правдата. Според Марјан Гиовски, одлуката е крајно неправедна и исполитизирана. „Некои внатрешни фактори, кои придонесоа за ваква пресуда, сега може се радуваат, ама постои еден друг суд - божјиот, кој ќе донесе праведна одлука“, рече тој. Бранка Стојановска нагласи дека луѓето ги праќале и на Голи Оток, ама некои од нив се враќале и ја кажувале вистината. „Има господ и Јохан ќе се врати и ќе ја раскаже вистината“, изјави таа. (А.М.М.)
Smetam deka odlukata na Hag e ne moralna i ne pravedna.Zalosno e toa za celata familija Trculovski
Од: prijatel
Датум: 20.05.2010 00:55:47
Iako ne sakam da mislam deka ova e od napred smisleno i rezirano se me tera da razmisluvam vo toj pravec....ajde kazete mi koj utre ke izleze da ja brani ovaa nasa kutra zemja od razno razni borci i idioti...Odis vo drzavni policiski sili si ja branis zemjata i si zaglavuvas ni pomalku ni poveke 12 godini zatvor....E ako ova ne oblik na pritisok da te demoraliziraat i skrsat togas ne znam sto e....I Ja molam drugata strana neka ne mi vraka komentari od tipot Johan ubival nevini luge...Ovoj covek e macenik i heroj kako i iljadnici drugi od Makedonskata istorija...Sekoja cest Johan,neka ti dade gospod sila da izdrzis i neka ti ja cuva familijata so prekrasnite decinja...SRAMOTA...
Од: Podgor
Датум: 20.05.2010 08:13:41
Mozebi presudata ce bese poinakva dokolku partijata na vlast iskreno se posvetese na odbranata na Tarchulovski otkolku sto bese posvetena na ocrnuvanjeto na Boskovski i pravenje teatar so sekojdnevni patuvanja vo Hag .Se pokaza deka ne gi biva za nisto dobro ,gi biva samo zlo da napravat.
Istoto ce se slucese na vremeto i so Boskovski da ne se vklucese Buckovski i togasnata vlada so vistinska i nepompezna podrska.
Од: Goran
Датум: 20.05.2010 08:46:20
Namesto vo Hag da ostane brat Lj. ostana Johan ama toa e "pravda " po svetski terk.E sega našite ni dragi albanci koi pravea zlostor vrz Makedoncite vo 2001 treba i oni da bidat osudeni kako treba bez pardon za DUI a ne da baraat penzii i drugi privilegii.Sudskite organi sega treba da si obelat obrazot ako voopšto go imaat i da sudat bez pritisok od albancite i DUi a isto taka i makedonskite partii bez bilo kakov politički interes dali ZA VMRO ili SDSM.
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 20.05.2010 09:00:02
Има две причини за постоењето на Хашкиот Трибунал: да се Обвини секој кој се обидувал да ја сочува Југословенската заедница,да се казни,оцрни,како најголем виновник за туѓите злосторствата,и да се спречи секакво противење на идејата на Стариот „Нов Светски“Неред,за создавање што поситни државички на „Истокот“кои ќе можат лесно да се контролираат!Подршката е еднострана,кон измислени загрозени групи,а правдата исклучиво со двојни аршини!Се казнува секој кој не игра по нивно и се обидува да ја брани постојната состојба во новосоздадените банана-државички!За едни се бара невозможна фердерација и останување во неа,дури и кога им прети истребување!На малцинства,зад маската на „национална загрозеност“,им се дава право на отцепување и можност да влијаат врз Мнозинството,до создавање нови Квазидржавни еднонационални творби!За едните Маќеа,за другите Мајка!Се казнува родољубието,се дарува Нацизмот!Криминални групи во име на народот,се самопрогласуваат за херои!
Од: aleksandar sv nikole
Датум: 20.05.2010 09:39:01
mizerna i pristrasna odluka na haskiot sud.greota za johan koj najubavite godini od zivotot ke gi ostavi po zandanite..godinite koga treba da gi gleda decinjata kako mu rastat i koga treba da se grizi za niv.a zosto?zatoa sto ja branese drzavata...johane makedonija ne gi zaborava svoite hrabri sinovi....a za zal onie koi ja napagjaa setaat slobodni i sekojdnevno ne ucenuvaat se poveke...ako ne bile tie ke nemalo makedonija...na sto lici ova???
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.05.2010 10:22:09
Зарем предметот за убиените 12 македонски цивили е поневажен од случувањата во Љуботен.По се изгледа за Хаг повредни се 6 Албанци отколку 12 Македонци.Предметот за 12-мината Македонци е вратен за да тука биде ставен,,под тепих,, во име на релаксирање на меѓуетничките односи.Знам дека правдата е еднонасочна ама до оваа мерка не очекував. САД во Ирак и Авганистан уби иљадници цивили и воопшто никој не ги опсервира.