Број 3398  понеделник, 04 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Антимуслимански поход во Европа

Десноориентираните партии предводени од харизматични лидери го експлоатираат стравот од муслиманска имиграција

Низ Европа десноориентираните популистички партии забележуваат значителна поддршка кај јавноста. Предводени од харизматични лидери, како што е Герт Вилдерс, тие го експлоатираат стравот од муслиманската имиграција и фрустрацијата од политичкиот естаблишмент и ги принудуваат главните партии да се свртат кон десно.

Тој е политичар кој тврди дека нема ништо против муслиманите и оти само го мрази исламот. Тој е харизматичен човек со побелена коса, елегантен, елоквентен и токму тип политичар кој внесе страв во срцата на главните германски политички партии во последниве неколку недели.

Тој е Герт Вилдерс, холандски политичар од таков вид што се' уште не постои во Германија: популист кој ја зголеми омразата против исламот и естаблишментот и кој одзеде многу гласови од традиционалните партии во родната Холандија. Всушност, толку многу што тие сега едвај може да формираат влада без да му дадат дел од власта.

Вилдерс е централна фигура на движењето што со години ја шири својата мрежа влегувајќи во парламентите и во владите, грижејќи се минарињата да бидат забранети во Швајцарија и бурките во Белгија. Тоа е еден вид народно востание против исламот, водено од десн��ориентирани политичари и новинари низ Европа. Тие се портретираат себеси како луѓе кои се подготвени да изразат чувства за кои тврдат дека никој друг не се осмелува да ги изрази: дека муслиманите ја поткопуваат Европа и оти Западот мора да биде спасен. И пристапот е успешен.

Човекот кој го покани Вилдерс оваа сабота да зборува во германската метропола Берлин, би сакал да го имитира холандскиот политичар. Рене Статкевиц (45), добро облечен маж, со кратка фризура, неодамна беше исфрлен од берлинската подружница на Демохристијанската унија (ЦДУ), која е со централнодесничарска ориентација. Тој сега формира нова партија наречена Слобода, според Партијата на слободата на Вилдерс.

Статкевиц, јадејќи марокански кускус во кафетеријата на берлинскиот парламент, рече дека повикот на „Герд“ за воведување данок за шамии во Холандија е навистина одлична идеја. Посетата на Вилдерс го чинеше 12.000 евра. Статкевиц на ова гледа како на исплатлива инвестиција. „Исламот може да е религија“, вели тој. „Меѓутоа, главно, тој е идеологија што се спротивставува на се' она што нам ни е важно“.

Статкевиц се брза. Тој планира да организира тура низ Берлин за холандската ТВ-екипа со неговото БМВ. Тој сака да им го покаже паралелното муслиманско општество кое, наводно, се чува скриено во германските медиуми.

Во Германија се поведе дебата од новата книга на Тило Саразин, контроверзен политичар од редовите на централно левоориентираните социјалдемократи, во која ги опишува германските емигранти како егзистенцијална закана за Германија. Откако книгата беше објавена и наиде на одобрување кај јавноста, голем број колумнисти, академици и политичари се прашуваат дали Германија ќе остане исклучок во смисла на нејзиниот политички пејзаж. Таа е се' уште единствена земја во Западна Европа, која нема десноориентирана популистичка партија што дејствува како громобран за популарниот бес насочен кон исламот и политичкиот естаблишмент.

Во последниве неколку месеци десноориентираните популистички партии спречија да се формираат мнозински влади во три земји-членки на ЕУ - Белгија, Холандија и, најнов случај, Шведска. Иако десноориентираните популисти во последнава земја освоија само 5,7 проценти од гласовите, тоа беше доволно да ја лишат сегашната централно десничарска коалиција од апсолутно мнозинство. Сите три земји долго време беа познати по нивниот либерализам, но сега политичките партии добиваат влијание што го гледа исламот како „наша најголема закана однадвор од Втората светска војна“, како што вели Џими Акесон, 31-годишен претседател на Шведските демократи.

Десноориентираните популистички партии со години се дел од коалициските влади во Италија и во Швајцарија, имаат места во парламентите во Данска, Австрија, Норвешка и во Финска. Националниот фронт на Жан Мари Лепен освои девет проценти од гласовите на француските регионални избори минатата пролет со антиисламистичката кампања. Во март италијанската Северна лига ја презеде контролата врз регионите на Венеција и Пијемонт. За време на изборната кампања партиските симпатизери делеа сапуни што би се користеле, како што наведоа, „откако ќе се допре емигрант“.

Десноориентираниот популизам не е ништо ново. Она што е ново е дека десноориентираните популисти открија проблем, кој е многу поатрактивен за гласачите отколку вообичаениот бес против странците и отпорот на политичката класа поради растечката видливост на исламот во Европа. Тие се портретираат себеси како бранители на европските вредности. Во германските анкети, околу три четвртини од анкетираните се изјасниле дека се загрижени поради влијанието на исламот. Слични размислувања се покажани и во други земји, иако имиграцијата во Европа со години бележи пад.

Кога сегашниот француски претседател Никола Саркози во 2007 година ја почна својата кампања беше тешко да се издвои дел од неговата реторика од онаа на Лепен. На пример, тој навести дека луѓето кои „убиваат овци во своите кади“ не се добредојдени во Франција, а победи на изборите затоа што ги обедини гласовите од десницата. Сега Саркози, најверојатно, наскоро ќе се соочи со нов Национален фронт, намалена, но можеби поопасна верзија на претходната форма. Марин Лепен, ќерка на основачот на партијата, во јануари ќе се кандидира за партиски лидер и има намера да создаде партија која, исто така, ќе му приговара на политичкиот центар.

Марин Лепен се претставува себеси како недогматска и интелектуална личност. Таа носи бизнис-костуми и дели бакнежи за време на појавувањата во кампањата на пазарите во областа на Париз. „Јас сакам да ги обединам сите Французи“, вели таа. Во исто време, како Вилдерс, таа зборува против бурката и исламизацијата. Исто така, призна дека насочената исламофобија е многу поветувачка отколку традиционалната ксенофобија.

Дебатата што тој ја почна во Франција околу „националниот идентитет“, очигледно, е насочена против муслиманите. Исто така, тој поведе кампања за депортација на Ромите. Трансформацијата на Националниот фронт е само еден пример за нов антиисламски тренд меѓу десноориентираните популистички партии во Западна Европа. Ова е прашање што ги обединува сите овие партии низ Европа, што дури и доведе до меѓусебно зајмување маркетиншките идеи. На пример, австриската Партија на слободата копираше игра од веб-страницата на швајцарската Народна партија во која играчите пукаат кон минарињата што им се појавуваат во добро познатата сцена. Единствената разлика беше во тоа што австриската верзија, исто така, вклучуваше и опција за пукање кон муезини.

Засега Вилдерс, главно, е популарен во странство кај десноориентираните исламофобични групи во САД. Дејвид Хоровиц, милионер, конзервативен онлајн-новинар со антиисламски ставови му плаќа на Вилдерс хонорар од 20.000 долари за да држи говори и го опишува како „Винстон Черчил“ на војната против исламот. Американската публика е поголем ентузијаст во врска со Вилдерс, кој им кажува ужасни стории за тоа како муслиманите се инфилтрирале во Европа. Муслиманите сочинуваат само еден процент од американското население, а додека бесот на гласачите на десноориентираните популисти во Европа е насочен против имигрантите во нивната земја, конзервативните американски групи негуваат исламофобија без муслимани. Околу 50 отсто од Американците сега велат дека имаат негативна претстава за исламот, многу поголем процент отколку по 11-септемвриските напади. (Шпигел)

Холандија
Постигнат договор за влада

Амстердам – „Три холандски партии на десниот центар се договорија во вторникот, по три месеци преговори, да ја формираат првата повоена малцинска влада во земјата“, изјави лидерот на либералите Марк Рут. Претседателите на либералната Народна партија за демократија и слобода и на Христијанско демократскиот апел, Марк Рут и Јан Петер Балкененде, постигнаа договор за формирање на првата малцинска влада од 1939 година, која во парламентот ќе биде поддржана од антиисламската Партија на слободата на Герт Вилдерс. (МИА)


 


#
Статијата е прочитана 2059 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 30.09.2010 12:12:09
Нема полоша реклама за муслиманите (во западните земји а и кај нас) од самите муслимани. Мислам, да бидеме искрени. Така мислам и за секој оној кој пред животот (својот и на блиските му) би ја ставил религијата и што ти не уште. Како може некој да бара опревдување за убивање затоа што некој друг објавил нечија слика? Се навредил???!!! Време е муслиманите да поразмислат малку за своите ставови! И, време е да се прекине молкот з�� неприфатливоста на муслиманските решенија за животот воопшто.
Од: ismet
Датум: 30.09.2010 12:20:10
Пуштиги господе тие од западот не знаат што прават.
Од: jovan
Датум: 30.09.2010 13:02:00
Kasno vi e. Dzabe se silite. Gotovi ste. Vi dojdoa tamu. Nego spremete si eden "ramkoven" so vreme. Eve nie ke vi bideme posrednici(besplatno). Naucete i prifatete nesto i vie od nas.
Од: ?!
Датум: 30.09.2010 13:58:34
1.Па нормално.После завршената аргатска работа не ни требаат аргатите.А,иако беа аргати се само си потпевнуваа,додека другите се самоотепанствуваа. 2.Каква трагедија?!.И покрај тоа што успеа со декаденцијата врз муслиманите, нив ги сака,а исламот,не.Каков парадокс.Значи западот воопшто не читал.Затоа толку залутал. 3.Животот покажал, најлутиот противник,потоа да биде иден најголем заштитник.Ајрија да е уште еден,два или повеќе "терористи".Кај и да е соочувањето со апсолутната вистина не ни бега. 4.Дефинитивно не ни треб Запад и Европа.Својот народ започнаа и тие да го заспиваат со прикаски за мали деца.Очигледно и тие се немоќни.Во тоа е опасноста. 5.Најитно да се собере што не е "спалено",за да се избави мајката земја од хаосот.Рано е сеуште сосила да го симнуваме спасителопт.A kој знае?!Можеби ќе го спасува од самиот себе.
Од: perica
Датум: 30.09.2010 14:27:40
Najnormalno i veke videno vo Evropa vo vreme na golema ekonomska kriza.Ponatamu ne navleguvam. Prasanje e dali mehanizmite na evropskata integracija ke mozat da se spravat so ovaa pojava.
Од: ane
Датум: 30.09.2010 16:48:36
kako prvo,islamot e religija koja uci na pokornsot a ne na ubivanje,vreme e vie nemuslimanite da sfatite deka vasti predrasudi istereotipi nosat omraza i vojni,a ne muslimanite,islamot ja prizanva sekoja religijai sekoe ucenje sto vodi kon boga,a vie nevernicite malce vi e da bogohulite pa i usate za svoite zlodela gi krivite muslimanite!!1
Од: trend.pro
Датум: 30.09.2010 18:09:19
hristijanite i muslimanite nemozat da ziveat zaedno. tie se isklucuvaat edni na drugi. razlicni obidai, principi, vera tradicii...
Од: Mudar
Датум: 01.10.2010 00:07:38
Pametnite Luge imaat ista vera...... Ogranicenite Luge se za zal, bes obsira na koja vera se opredeleni ke si ostanat nesposobni se dodeka si umrat.
Од: zoki
Датум: 01.10.2010 09:41:46
DO ANE... Ane ne e losho da prochitas malku za ona so zboruvas a ne samo da slusas sto zboruva politicki korektniot muslimanski P.R. Muslimanstvoto ne priznava druga religija i site drugi za niv se nevernici... drugoTaa e edinstvenata religija so znamda dava pravo na ubistvo ako nekoj im go navredi prorokot ili ako neko jmusliman primi druga vera.i dodeka drugite veri se sireja so propovedanje , islamot se sirese so sechivoto na sabjata..Tolku za "religijata na MIROT" Za Evropa... Redno bese da se svestis
Од: esnaf turcin
Датум: 01.10.2010 09:42:22
Коранот вели дека сите монотеистички религии се повикани да живеат еден до друг. Основата на Коранот се состои од Стариот Завет (Теврат или Петокнижие), Зебур (Давидовите Псалми) и Инџил (односно Нов Завет). Значи, да се мрази Исламот е исто како да се мрази сопствената вер(б)а.Бог во ниедна своја објава не вели дека треба да се мразат религиите, расите или народите. Бог вели да се дистан-цираме од злото или од злите луѓе. Овие пак се вовлекле во сите релиѓии и прават раздор одвнатре. Што мислите кој е поблиску до Бога? Добриот муслиман или лошиот Христијанин. Или обратно. Да ли Христијаните треба да го мразат Христијанството поради Фрицл или другите монструми кои носат Христијански имиња. Ѓаволот токму тоа и го сака. Да не му дозволиме на ѓаволот да завладее со нас.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Љубиша Станковиќ
Меридијани
Нина Л. Хрушчова
Мислења
Ана Павловска-Данева
Мислења
Васил Костојчиновски

Нова генерација паметни мостови

Парис Хилтон
Во реално шоу за сопствениот живот

Пловечки турбини ќе произведуваат струја

Пивото од Источна Германија го преживеа падот на Берлинскиот ѕид






Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections
Serbia 10 years on after the fall of Milosevic
Still talking after five years – Croatia's long and winding road to the EU