Број 3667  сабота, 27 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
3667

Си велам

Последната битка на Александар

Ерол Ризаов

Секогаш кога политиката интервенира во науката, се случуваат големи зла

Првата македонска преродба од крајот на 19 век, предводена од браќата Миладиновци, Прличев, Шапкарев, Цепенков, Жинзифов, Пулевски.... и плејада други големи дејци одигра најзначајна улога во македонското национално будење, самоидентификување и обединување. Иако некои од нив, грчки и бугарски воспитаници, цврсто и гордо потпирајќи се на словенството, преку своето творештво и литература ја осветлија и ја зачуваа посебноста на македонската нација. Тие го изградија најголемиот споменик на македонскиот народ, неговото право на самоопределување и затоа го понесоа епитетот: први македонски преродбеници.

Втората генерација преродбеници Рацин, Шопов, Конески, Јаневски, Поповски, Матевски... иако некои од нив српски воспитаници, ја воздигнаа македонската нација на светско рамниште во литерарните и културните дострели, потврдувајќи го силно националниот идентитет и посебноста на македонскиот литературен современ јазик. Пред овие две генерации и по нив во последните два века 19 и 20 Македонија преку делата на стотици и стотици значајни преродбеници и творци во сите области на науката, културата, уметноста, спортот... доживеа широка меѓународна афирмација и силна самодоверба. Никогаш не бил спорен словенскиот идентитет на Македонците, словенското потекло, јазикот, традицијата и културата. Историјата е полна со докази дека токму тој словенски идентитет и јазик се најголемиот бедем од грцизацијата и еленизацијата на Македонците. Тоа најдобро го потврдуваат Прличев и браќата Миладиновци кога ја осознаваат таа опасност. Нивно најсилно прибежиште и упориште за зачувување на посебноста е словенството. Христијанството, словенството и јазикот стануваат главен темел на македонската нација и на првата национална држава, по единствената голема историска победа, а тоа е победата во Втората светска војна против фашизмот. Круната на таа победа е Антифашистичкото собрание во манастирот „Прохор Пчињски“. За таа победа народите на Македонија дадоа над 20.000 жртви вградени во темелите на првата македонска држава. Можеби најсилната порака за словенското потекло и јазикот ја даде творецот на литературниот македонски јазик големиот Блаже Конески на одбележувањето на една од годишнините посветени на Наум и Климент Охридски, најзначајните прерод��еници на Јужните Словени по Кирил и Методи кога рече: „Иконите на Климент и Наум во охридските куќи и кандилцата под нив кои гореа на елбасанско газје, крстењето на нашите мајки пред нив и нивните молитви на македонски јазик ја зачуваа македонската нација и јазикот наш, единствената наша заедничка татковина“.

Во првата декада на 21 век во Македонија се појави една нова псевдопреродба предводена од самонаречени преродбеници Никола Груевски, Горѓе Иванов, Гордана Јанкулоска, Паско Кузман... и нивни следбеници нови дејци кои си дозволија политичка интервенција во науката потпирајќи се на примитивни пориви и страсти стасани од дијаспората во Австралија дека словенството е комунистичка измислица и дека славното македонско потекло е од античките времиња од Филип Втори и Александар Македонски. Ова отровно семе фрлено на плодна почва даде фантастични политички резултати. Потрагата по пославно минато од она што го имаме остави длабоки траги во националниот идентитет, одејќи дотаму да се игнорира и словенското потекло на јазикот, целосно апстрахирајќи дека од тој јазик произлегуваат современите јазици на стотици милиони луѓе припадници на словенските народи. Македонската интелигенција и научна мисла пред оваа наезда на примитивизмот и провинционализмот не го положи испитот. Таа потклекна пред силниот притисок и коруптивниот кариеризам. На ужас на само неколку ретки вистински хроничари на ова време на невреме замолчеа македонските мудреци скриени во ходниците на бесмртните, сквернавејќи ги грандиозните дела на првите преродбеници чиј јазик и буквално го корнеа Елините само за еден збор - славомакедонико.

Македонската политичка опозиција, која се прогласи за наследник на втората генерација македонски преродбеници и на периодот на најголемите дострели на македонската нација, се понесе мизерно и кукавички кон оваа сквернавање. Не иницираа ниту една научна, образовна, едукативна јавна трибина на која гласно ќе кажат - нам не ни треба туѓа историја. Нам не ни треба Александар Велики, ниту Филип Втори. Културното наследство на големите цивилизации им припаѓа на сите народи. Ако Грците сакаат да се китат со туѓи пердуви, еве им ги. Науката и само науката е таа што ја проучува и ја класифицира историјата. За жал, се накотија и инстант-научници на антиката, која ја толкуваат небаре било вчера како од приказните на преживеани сведоци. Секогаш кога политиката интервенира во историјата, се случуваат големи зла. Таа политика на Балканите остави пустош во свеста на сите балкански народи, чии трагични последици и денес се најголемата кочница за нивна европеизација. Од тројанскиот коњ што ни го подметнаа грчките разузнавачки служби среде Скопје, излегоа најновите македонски преродбеници да ни кажат дека сме наследници на најголемиот антички војсководител што ја ширел еленската култура со меч. Боже каква неправда за сите македонски преродбеници и намачени словенски души.

Ете така дојава на скопскиот плоштад Александар Македонски како што порано дојаваа цар Борис, крал Петар, маршал Тито, а вистински на бел коњ на скопскиот плоштад како победник дојавал само генерал Михајло Апостолски со својата македонска војска, точно на 13 ноември 1944 година кога е ослободен главниот град на Македонија од фашистичките окупатори.

Колку поголеми комплекси на малите нации, толку поголеми споменици. Сегашниот најголем Александар на светот, кој со својот меч јавнат на Букефал ќе го пара небото над Македонија за вечни времиња, кој ни го поставија новите преродбеници со наши пари, ќе ни го затвори и видикот кон Европа за вечни времиња. Псевдопреродбениците ја извршија успешно својата мисија за иднината на Македонија. Конечно, со најголемиот тројански коњ, споменикот на Александар Македонски, се враќаме во правта на славното минато каде што е нашата иднина. Александар Македонски, точно по 23 века и 56 години од неговото раѓање и 23 века и 23 години од неговата смрт, ја почнува последната битка за ширење на еленизмот оттаму од кај што тргнал. Едни велат дека тоа било северна, други горна Македонија. Ако се погрчиме, како што се погрчил и Александар, ќе ја освоиме и Европа. Проблемот е што сега Грците се помакедончија, се варваризираа, бетер од Словените. Ете тоа се последните остатоци од балканштината во Европа што ја запечатуваат судбината на граѓаните на Македонија. Очигледно, како што сака Европа, Македонија и Грција сами да го решат проблемот е неможно. Трагедијата е во тоа што единствен губитник врзан во Гордиевиот јазол е Македонија. Нема решение ако не пресече Алаксандар. Сега таков немаме.


#
Статијата е прочитана 4241 пати.

Испрати коментар

Од: Хари
Датум: 17.06.2011 00:18:31
Брилијантно, човек останува без текст кога ќе прочита колумна на Ерол за трагедијата што и се случува на нашата земја, која тоне во фашизам, диктатура, примитивизам. Нашите академици се продадоа за 30 000 денари месечно за да ја премолчат антиквизацијата па дури и подржат. Тоа е во генот на македончето.
Од: граѓанин
Датум: 17.06.2011 00:24:43
Утре ќе прочитам еден куп коментари од 'горди, горди, горди' Македонци кој нервозно и хистерично ќе плукаат по Ерол - својата хистерија ја побркале со национална гордост. И не само тоа - тврдам дека барем 80% од оние кои коментираат во колумниве како најгордите македонци, всушност имаат ќарено некоја услуга од власта. Да не се преправаме, ако е некој горд Македонец ќе стори нешто за оваа земја како македонски научник, уметник, деец..... а не како најгласен и најнервозен полтрон на власта.
Од: Mudrec
Датум: 17.06.2011 00:51:24
Ako Makedonizmot pocnuva so Pulevski, Prlicev, Miladinovci itn, togas kako nastanal? Go izmislile ovie dejci oti im teknalo da se dvojat od bugarite i grcite? Nema logicno objasnuvanje kako nastanale makedoncite ako ne se pogledne podaleku vo istorijata. Da, Aleksandar ja sirel helenskata kultura, no dali bil helen? Stalin go rasiri vlijanieto na Rusija niz cel svet, a ne bese rusin.
Од: realen
Датум: 17.06.2011 01:00:32
Ova e izvonreden napis, sto treba da se distribuira do site onie koi navidum so komjuteri gi opismenuvame, a najdobro e vo vid na Priracnik (alijas Manifest) da mu se vraci na nasata gordost, premierot Nikola Gruevski i negovata slavna druzina.Ima eden uslov: da imaat elementarno predznaenje, kako od niv i se ocekuva.
Од: Viktor
Датум: 17.06.2011 01:25:14
Aleksandar nikogas ne se "pogrcil". Gluposti. Fakt e deka zboruval so negovite vojnici na tug jazik za Grcite..Fakt e deka vojuval so Grcite...znaci ne se od istoto pleme.. Pred da pisuvate...naucite nesto poveke za faktite
Од: Ivan
Датум: 17.06.2011 01:29:16
Do Rizaov, do sega bese smesen i gi sitav tvoite kolumni kako za razonoda,no so ovaa kolumna dlaboko me navredi i mene a i veruvam sekoj onoj sto se custvuva kako mene MAKEDONEC . Po 100 pat Makedonija se site i ALEKSANDAR, i FILIP, i KIRIL I METODI, I MILADINOVCI i site drugi koj ostavile beleg na ovaa nacija site osven ti.I vo pravo si vo ovaa drzava nema zakon ako imase ti sigurno nemase da bides na sloboda. Do Utrinski, Ve molam vnimavajte kakvi tekstovi objavuvate,ovaa kolumna e polna so omraza i negiranje na Makedonskiot narod i nasite nacionalni custva(sirenje na nacionalna omraza) sto e so zakon zabraneto vo R Makedonija....
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 17.06.2011 01:45:55
Sekoj narod drzhi za sebe deka e neshto posebno. Nie makedoncite vo Vardarska Makedonija sakame da bideme naslednici na Aleksandar Veliki, ochekuvajkji deka svetot povekje kje ne pochituva. Vo sushtina se postignuva sprotiven efekt, bidekji ovie tokuvanja ne pochivaat na fakti, tuku se konstruirani so poluvistini, selektirani informacija i se vo prilog na tie shto tvrdaat deka sme srbo-kominternovska tvorba.
Од: Risto Avstralia
Датум: 17.06.2011 01:47:44
Erol po tvoeto pisuvanje te svakam deka sakas da kazes deka si Makedonec ama nekoj nov od 20 vek,te pocituvam za toa,vie imate pravo da stvorite mislenje za vas i lugeto koi gi poznavate.Jas na primer se osekam od staroto Pajonsko pleme zboruvam Makedonski i Angliski perfektno,i citam knigi od razni avtori za Makedonija,deka Makedonija kako oblast ima poveke nacii i toa ne go negiram,e pa togash ako mozat site da bidat Makedonci zosto nie da ne mozeme.Grcija e samo politicko stvorenie koe za zal se negira samata sebe probuvajki na sekoj nacin,da se prikaze deka samo tie se naslednici na taa Istorija,koja ja stvorija zapadnite uceni demek se sto e naucno doaga od tamu,ako bea tolku pametni sto imaat izmisleno poslednite 100 godini,nisto brate nisto samo omraza na Balkanot so popovite na celo.Vo Avstralia Aboriginite se staro pleme nad 40,000 iljadi godini a se uste nemaat pisan zbor pisuvaat Angliski a zboruvaat stotici dijalekti,ne mozea Ang. da gi unistat,taka da i Makedoncite ne se.
Од: Goran Bitola
Датум: 17.06.2011 02:04:48
Erol nekade procitav deka pokraj tolkava kuca vo Solun na Islahane Caddesi, nekade vo Zapadna Makedonija ce se restavrirala rodnata kuca na Mustafa Kemal Pasha. A bidejci bil plav so plavi oci sigurno bil direkten potomok na Aleksandar Veliki od rodot na Hunzite. Ne treba da zaboravime i deka Enver Pasha i Cazim Karabekir kako mladi oficeri bile na sluzba vo Rumelija (mislam vo Bitola). Ne veruvam deka nekogas ce se pobunele protiv Sultanot ako vo Makedonija ne se osvestele za nivnite anticko-makedonski koreni. Da ne sum dosaden, za Oto fon Bizmark drug pat ce ti pisam, hahaha...
Од: Виктор
Датум: 17.06.2011 02:25:35
Уште еднаш, хируршки прецизно. Писменитеда се гордеат и восхитуваат, неграмотните да се срдат.
Од: pameten
Датум: 17.06.2011 06:11:33
браќата Миладиновци, Прличев, Шапкарев, Цепенков, Жинзифов... jasno i glasno svojot identotet i svojot jazik go objavuvale za (Sloveno) Bugarski. (Pulevski pod vlijanie na Belgradskiot profesor Novakovij ponudil (pola Albanski) "Makedonski" jazik). Misirkov jasno sfatil deka Bugarska Makedonija nema shansi, no sushtinata na jazikot mozhe da se zachuva ako se kodificira kako Makedonski. Koga se razocharil od Bugarija po 1941, narodot prifatil ASNOMskiot "Naroden" Makedonski jazik e 2 generaciiakedoncite M sfakjaa kako poseben (Jugo) Slovenski narod. No koga vo demokracijata istoriskite podatoci ne mozhat da bidta skrieni, a postoeshe zhelda da se negirat Bugarskite koreni, se pojavi antikvizacijata. (Bugarite se Tatari iako (Pra)Bugari ne postijat 12 veka, nie sme potomci na Aleksandar (iako antichkite Makedonci da bile helenizirani).
Од: bezimen
Датум: 17.06.2011 06:14:07
ako aleksandar bil visok i so plavi oci, togash toa e dokaz deka vie ne ste anticki makedonci. tipicen makedonec(patriot) e nizok, crn , i so relativno golema glava.
Од: istoricar s
Датум: 17.06.2011 06:21:27
abe site istoricari utrinski pa i vie od kaj pa sega vie u pravo da ne bevte togas tamu samo politika da se teralo ni za politika ve biva ni za istorija a na koj ne mu se dopaga aleksandar makedonski ili voinot na konj neka ide od kaj sto dosol OD ZAD KARPATITE zad planinite , po selana
Од: Aleksandar
Датум: 17.06.2011 07:05:18
Alo Erol, pocini malku. Smeni ja temata. Na primer pisuvaj za nekogasnata Turska Imperija. Od deneska pa natamu, se dodeka e spomenikot na Aleksandara Macedonin vo Makedonija smetaj deka na toj prostor seute ima etnicki makedonci. Koga ke go snema Aleksandar ke isceznat i Makedoncite. Priseti se na Inkite, Maite, nesrecnite Tibetanci, ....
Од: Od fakelaki
Датум: 17.06.2011 07:12:03
Jas ne bi nikogas slavel nekogo koj me tepal i plukal kako Aleksadar i filip sto gi gazel grcistatA tvoite tekstovi i taka ne gi citam............................
Од: Nikola
Датум: 17.06.2011 07:33:02
Se plasam od frustrirani i kompleksirani ludje kakov sto e Nikola Gruevski. Se ohrabruvam koga ce vidam pametni, obrazovani i mudri ludje. Ovoj tekst me ohrabri. Ne e Republika Makedonija drzava na kompleksirani, tuku na cesni, vredni i malku naivni ludje!
Од: Nikola
Датум: 17.06.2011 07:50:28
Каравангелис-„Вие сте Грци од времето на Александар Велики, но наминаа Славјаните и ве пославјанија. Изгледот ви е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и статуите скриени во неа. И тие се грчки. И монетите што ги наоѓаме се грчки.“ (Македонската борба).-Македонската борба. Мемоари Германос Каравангелис - http://www.promacedonia.org/gk/index.html
Од: Do Bukefalistite anticki
Датум: 17.06.2011 08:00:06
Erole ovaa nalunicavost i iluzionerstvo se rasiri poeksplozivno medju isfrustriraniot narod od Sida. I Eve se javija gordite "anticki makedonci": Mudrecot, Viktor( bil svedok koga Aleksandar zboruval so vojnicite na cist i kodificiran makedonski jazik- se razbira anticki) pa se javi i Ivan so predlog za represivni merki kon tebe sto ni ja odzemaz antikata- nasata gordost( dali da go zalis ili da semees)isto i od Avstralija Pajonecot Risto, koj mnogu cital,nasol mnogu dokazi deka sme ama bas direktno potpomci od m...na Filipa i Alaksandar. I uste mnogu ce se javat , a gi ima kaj nas kako lideri na tie naucni misli razni Todorcinja, Donski, Paskovci, pa i akademici kakoBlazei sl. na nego. I ete taka leka poleka stanavme golema nacija so najgolem Alaksandar vo centarot na prestolninata, kade seuste mozes da sretnes zaprazni koli so konjcinja pred pcojsuvanje kako se dvizat po ulicite i bilevarite. A be Pesavar i Kabul ne ni se ravni, a kako ne vodat ovie lideri i ce gi nadmineme!?.
Од: petko od sofija
Датум: 17.06.2011 08:33:26
Erole, zaboravi deka tie prvite ne se samo bugarski I grcki vospitanici tuku I se osekali bugari... sickite do eden
Од: premudra
Датум: 17.06.2011 09:03:51
за мудрецот-мудрецу, се плашам дека не си ја сватил поентата, не вашен кој што бил и што проширувал, важно е дали сме ние-ние.
Од: Gargamel
Датум: 17.06.2011 09:07:05
Sekoj koj živeel i živee na lokalitetot narečen Makedonija ima pravo sebe si da se narekuva makedonec.Nacionalnata i verska pripadnos otruena so dnevno politečkata i profitabilna zaslepenost go deli ovoj narod.Erole,koj sum jas da kažam koj i što si ti.Rade od Avstralija,koj zboruva makedonski i angliski,vo odnos na mojata malenkost koja zborova makedonski,vo 10 dejalikti,ruski,germanski,srpski,bugarski,slovenečki,srpsko-hrvatskiot poleka go zaboravam,nema pravo od đenem da mi kaže koj sum,po dedo i pradedo i zošto sum,oti jas sum tuka,kaj grobovite na moite i idninata na moite deca.Erole,bi sakal da ti ja stisnam rakata za kolumnava,za makedonštinata,za idninata.Vakvi sinovi možat da i dadat na Makedonija,ne da i zemat.
Од: Itar Pejo
Датум: 17.06.2011 09:39:39
Odlicen tekst. Intelektualno osvezuvanje. Samo da dopolnam. Na listata na prerodbenici od 21 vek da ne se zaboravaat i Milenko, Mirka, Ilija (so Mercedesot) i Vlatko (so repceto). I Valentina, se razbira.
Од: b
Датум: 17.06.2011 09:40:18
BRAVO!
Од: kaaktus
Датум: 17.06.2011 09:46:48
Многу сте паметен господине Иван. Вие сте најголемиот патриот. Само треба да знаете дека на англиски вашето име се изговара АЈВАН
Од: Александар М.
Датум: 17.06.2011 09:47:17
Не ли гледаш дека си вечито полтронче и слугинче мало, кое мора како дресирана пудлица, кога год ќе му нагази газдата на опашката, да залае. Бидејки си умен , онолку колку што мислиш дека си, одговори на ова прашање: како тоа да македонскиот и словенечкиот јазик се апсолутно неразбирливи за останатите јазици на народите кои припаѓаат на Јужните Словени? Зошто Србите,Хрватите,Црногорците имаат така речи идентичен јазик, а Словенците и Македонците имаат јазици кои драстично се разликуваат. Ако сакаш одговор на овие прашања, побарај преку некоја колумна, каде ќе мора да признаеш дека само одработуваш нечија агенда за некој ситниш (на таквите како тебе, цената им е многу мала) па ќе добиеш одговор. Веројатно ќе има толку многу коментари, зошто е тоа така, да ќе мора да се запрашаш, па можно ли е тоа што и врапчињата на гранките го знаат, јас и некои како мене не го знаеме. Или не смеете да го знаете.
Од: Борче Каменица
Датум: 17.06.2011 09:48:00
Античките Македонци,словенството се е тоа континуитет! Тие дојдоа како свои при своите,македонското античко писмо,јазикот! Припадници сме на најголемата група народи во Европа а на дојденците им успеа да не разединат,да не скараат во посебни национални држави! Не може некој си Ерол што припаѓа ма македонската изродба да кажува за македонската преродба!
Од: читател
Датум: 17.06.2011 09:52:05
Какво фајде од вистината кога за многумина во Македонија не е вистина она што го утврдила науката,она до што дошле неколку стотици научници од целиот свет,со години истражувајќи,испитувајќи и докажувајќи? Сето тоа не вреди ни пет пари ако Латас, Неделковски,Томиќ,Јади Бурек преку нивните гости „славните експерти“ и „историчари“ кажат поинаку од она што во цел свет е научна вистина.Се сложувам со вас Ризаов.Не е само власта на ВМРО виновна за ова што сега се случува со нашето потекло и идентитет.Најголемата вина ја носат оние кои треба да се умот и разумот на еден народ,а тоа се членовите на МАНУ и сите други партии и научници надвор од прегратките на ВМРО.Ако ВМРО пед стотина години не успеало да ги направи Македонците во Бугари,на денешното ВМРО по се`изгледа му успева да ги убеди дека се потомци на античките Македонци.Се надевам дека и други новинари ќе ја кажуваат вистината како што вие правите со овој текст.
Од: dedo dimo
Датум: 17.06.2011 09:59:38
Do koga so vakvi sramni natpisi koj ni malku ne i pomozuvaat na zemjata kade shto sve se rodile.Vakvite Makedonci kako aftorot ili se prodadeni dushi ili nemozat da zamislat podlaboko za da doznaat koj se ishto se.Makedoncite nikogash ne bile nitu Grci nitu ELINI Makedoncite od sekogash ostanale toa do posledniot den dori potanale rimsko robje i togash na sekoj nachin prodolzuvale da ziveat.i ako pod otomansko ropstvo pak opstanuvale a koga tatarite i srpskite slavjani zavladea Makedoncite poleka go izmenuva jazikot pod PRITISOK i nishto ne e chdno da se zboruva kako drgite slavjanski narodi .Pogledajte za poslednive 20godini kako se menuva jazikot . Kolku anglisko makedonski zborovi imame vo jazikov a Anglichanite nikogash ne vladeele so Makedonija.Ve molam Probudetese za dobroto na Majka Makedonija.
Од: Лаброски_М
Датум: 17.06.2011 10:03:26
За кои вистински хроничари зборувате овде? За оние кои одеа во Белград да се консултираат со "агитпроп" околу обликувањето на мозокот на "пролетеријатот"? За оние вистински хроничари зборувате, кои се правеа на мутави т.е. дека не знаеле дека постои "Голи Оток"? Или пак за оние вистински хроничари зборувате кои никогаш во животот не се запрашале: Како е можно 3/4 од членовите на првиот Президиум на АСНОМ да заврши во затвор или пак со доживотна репресија? Во секој случај го почитувам Вашето мислење барем отворено и доживотно останувате доследен. Поздрав.
Од: Trajce
Датум: 17.06.2011 10:05:35
Post from iGENEA to 02.10.2008 Albania: 30% Illyrians 15% Phoenician 14% Hellenen 18%Thraker 2% Vikings 20% slavs Greece: 10% Germanic 10%illyrians 20% slavs 20% phoenician 5% macedonian (in north more than 18%) 35% Hellenen Bulgaria: 49%Thraker 11%macedonian 15%slavs 15%hellenen 5% pheonician Macedonia: 30%macedonian 10% illyrian 15% hellenen 5%phoenician 20% germanic 5% hunnen 15% slavs Bosnia 50% Illyrer 4% Thraker 20% Germanen 6% Hunnen 15% Slawen 15% Kelten Serbien: 30% Slawen 9% Phönizier 21% Illyrer 14% Kelten 8% Hellenen 2% wikinger 18% Germanen Inma Pazos iGENEA Tel. +41 (0)43 233 81 51 [email protected] www.igenea.com
Од: jordan
Датум: 17.06.2011 10:29:13
Ima eden problem!Ti voopsto nemas pravo da pisuvas za nas Makedoncite!!!!Treba da ti se zabrani da pisuvas zatoa sto se vikas Erol!!!Prestani veke ednas!!!Izborite zavrsija !Alooooo!!!
Од: GOCE - AMSTERDAM
Датум: 17.06.2011 10:33:48
За какви ДУШИ зборувате Г-не Ризаов ?Словенски,Малоазиски,Татарски ,Илирски ? ТАКВИ НЕ ПОСТОЈАТ ! Постојат МАКЕДОНСКИ ,ТУРСКИ,БУГАРСКИ,АЛБАНСКИ ДУШИ !
Од: realen
Датум: 17.06.2011 10:43:13
Koj sto saka neka zboruva. Fakt e deka Makedonskata drzavnost pocnuva so TITO. Prava sreka za nas Makedoncite sto Tito bil Hrvat, da bese Srbin od kalibarot na Aleksandar Rankovic sega golem broj na denesnite Makedonci-fanatici ke ja peejeja pesnata ''Ko to kaze, ko to laze da je Srbıja mala.....''
Од: pameten
Датум: 17.06.2011 10:51:28
kolumnata vi e prekrasna Bravo!!! drugo neznam so da recam mislam deka lugeto za nekoja godina ili mesec ko ke nemaat sto da jadat ke pocnat da go jadat spomenikot mislam na ovoj konjanikot sto dojava:)))))
Од: ilija
Датум: 17.06.2011 10:51:35
Bravo!!! Dosta lagi i prevari... Kolumnava e dokaz deka ima hrabri novinarski pera... Kaj e nauchnata javnost...Zashto molchi???
Од: PredatorMk
Датум: 17.06.2011 10:56:43
Многу врева, од Ерол, за ништо... не ми е познато дека власта го спори словенството во нас, доказ се бројните споменици кои гордо се издигаат во независна Македонија. Спорно е во вашите глави што мислите дека историјата на Македонците почнува од 6-иот век навака и толку!? За граѓанинот: јас сум во оние 20% “најгорди македонци“ што коментираат и не сум ќарил ништо од оваа ниту од некоја друга власт, а ниту сум член на некоја партија. А за безимениот (црн и низок): јас сум од родители и пра-предци етнички македонци, не сум низок и имам сини очи... што правиме сега?!
Од: Arm'n
Датум: 17.06.2011 11:18:17
Najsrekni i najgordi na postavuvanjeto na Aleksandar na plostadot se Vlasite. Fala vi
Од: Vinci
Датум: 17.06.2011 11:29:50
Do Ivan, Risto Avstralija i slicni: Pred se izvonredna kolumna od avtorot i nema sto da se dodade ili odzeme.Megutoa ke im se obratam na Ivan, Risto Avstralijanecot ( cenet "poznavac" na istorijata na Aboridjinite )..., da ne tropaat gluposti i postavuvaat izvrteni tezi za sopstvenata istorija, pa duri i da se zakanuvaat!!! ( Neli ja znaat parolata na staronoviot rezim, znaenjeto e sila, znaenjeto e mok! )P.S. Da go prasam toj Risto ( Avstraliec li e?, Pajonec li e? ) dali dal eden gros za dobrobit na ovaa Makedonija i ako se tolkavi patrioti i zaljubenici na svojata "anticka" istorija, sto barem malku ne ucestvuvale vo finansiranjeto na vakvite "zabegani" proekti, neli dijasporata e nasata gordost!!!
Од: suzana
Датум: 17.06.2011 11:49:37
до Ристо од Автралија и другите слични `Големи Македонци` а не се во Македонија: А зошто сите вие не сте во Македонија, па да научите нешто повеќе? Освен да читате и делумно да пишувате на македонски, според коментарите, изгледа не знаете ништо друго - ниту пак оние кои се борле и загинале за Македонија и македонштината. Според напишаното - да, Ерол е поголем Македонец од вас
Од: Prilep
Датум: 17.06.2011 11:57:56
Se zaprepastuvam koga gi citam komentarive na nekoi citateli. Tolku zatrueni mozoci mi se cini nema Nitu edno opstestvo vo svetov. Sekoj si ima svoja "prica". Pa mozete li za moment da ziveete so realnosta, za da mozete da ja vidite IDNINATA? Koj crn Aleksandar makedonski, koi anticki makedonci,poglednete vo sot ni se petvara drzavava, "istoriski grobista".
Од: bramoni
Датум: 17.06.2011 11:58:14
Прости им Ероле, толку им сече акалот, толку учеле и научиле...Веднаш се јавија националистите, со свои теориии и забрани (како: Ерол, ти не смееш да пишуваш за Македонците). Е па другари мили, умот и образованоста нема врска со националната припадност. Ерол е граѓанин на оваа земја и има право да пишува за која сака тема (плус е историчар по образование). Криво ви е што еден Турчин е позагрижен за идентитетот македонски, од самите Македонци -националистите, кои уверен сум , за некои ситни пари или ќар, „шијат“ и намигнуваат за други доктрини и идеи, само не македонската. Срам да ви е, продадени души! Ако не го почитуваш различниот, не очекувај да те почитуваат и тебе!
Од: amater
Датум: 17.06.2011 12:00:48
Do Alexandar M, lingvist: jas sum samo amater a nikakov lingvist, no bidejki, gospodine, ovde gi analizirate razni slovenački jazici, dozvolete: rekovte, makedonski i slovenački otskoknuvaat od drugi jazici na Balkan. Zošto: Slovencite se vo tesna blizina i stogodišni vlijanija na GERMANSKI. Da znaevte po nekoe zborče germanski, ke vi beše jasno vednaš! Donekade se dobližuva duri do češki jazik, koj isto taka za vami e verovatno poznat kolku edno špansko selo. Makedonski i bugarski se edinstveni DVA slovenački jazika, koi ne se služat so PADEŽI! Srbin kaže: idem kod moje majke, Makedonec: idam kaj majka mi. Srbin: živim u gradu, makedonec: živeam vo grad. Samo eden padež, kako naprimer i angliski. Za poveke informacii: treba da poučite malku sam. Poželuvam uspeh vo studium. No kako što čitam ovde, mnogu komenatori učele istorija isto kako vie učevte lingvistika. Znači, ne se nadevam ni na vas (ni na niv), deka ke vložite dopolnitelen trud, oti toa što go "znaete" vi e dovolno.
Од: Цветанка Шунда
Датум: 17.06.2011 12:26:35
Ве следам сите години од Вашето појавување како новинар и Ви честитам за задржаната професионалност, знаење и храброст.Колумната е извонредна и соодветствува со историските и научните факти.Жалам што квази-историчари со задача за реализација на специјалнa војна го прочитаа потпросекот на актуелната власт и не поделија до разнебитување,нас Македонските со чисто словенско потекло.Со вакви забегани глави до крај е доведено опстојувањето на Македонија.Ви честитам Господине Ризаов.За глувите и заслепените не е оваа статија
Од: perica
Датум: 17.06.2011 12:39:56
i do Alexandar M i do amater Dajte ludje ne bidete smesni. Pa uste so lingivistika se zafakate.Molba do kontrolorot na komentarite -Ve molam pri kontrolata obrnete vnimanie i na opstoto nivo na kultura na istite.
Од: vaso
Датум: 17.06.2011 12:43:29
Имам потполно идентично мислење со господинот Ризаов , но она што ме интригира и за што би сакал да прочитам стручна анализа , е како тоа одеднаш македонскиот етнос да се подели практично во две етнички групи - една која смета дека е по потекло од античките македонци и друга ( во која и јас припаѓам ) дека е по потекло од јужните словени. Ако вака остане антагонизмот помеѓу овие две етнички групи ќе биде се поголем . Се поочигледна е групацијата на овие групи – една во ДПМНЕ , а другата во СДСМ , така да наместо партиите да одразуваат воглавном социјални интереси се претвараат во етнички партии????
Од: Stipjanec
Датум: 17.06.2011 12:45:07
Erole..znam deka od sekogas si pisuval seriooozni kritiki za vladat ama nesto ne mi e jasno pa sakam da mi pojasnes. Spored tebe imeto Makedonija od koga postoe?? od 903-ta..od 41-va?? Na tebe dedoti ne znam deka zivejal..ama za mojo i dedo i pradedo itn ziveale u MAKEDONIJA.Vtoro: Aleksandar Makedonski so bil?? Grk , makedonec ili nesto drugo?? Ako bil grk kako so kazuvat tie komsiite so se noguuu grizat za nas...zaso ne se vika Aleksandar Grci..tuku e Makedonski.? I treto: So misles ti deka koga nekoj narod se naseluva nekade ..deka staro sedelcite sapun gi pravat?? Abre Erole..mesat se edni so drugi Erole..ne se istrebuvat megu sebe. Ednite im predavat nesto od sebe na ednite...a primat nesto od drugite i se formira neko0j vid na mesavina. A sega Erol so treba da pisuva tuka kako sme gi navredile grcite,veto ke ni stavile itn. pa ja ke ti kazam..veto oni ke ni stavat i bez da go podigneme spomeniko.Ne e nivnio problem nasto ime, niven problem e MAKEDONIJA..samo slepite ne go gledat
Од: Rezzilov
Датум: 17.06.2011 12:47:49
Кога Словените дошле(?) на Балканот,односно во Македонија не затекнале празна територија.Од луѓето кои живееле на овие простори,во историјата познати како Македонци сигурно нешто останало.Не се сите поубијани или отселени (каде?)!Зарем Римјаните или Турците кога си отишле не оставиле никого од своите луѓе?Денешната македонска нација е составена не само од Словени туку е мешавина од сите народи кои живееле на оваа територија чии наследници се осознаиле и се чувствуваат како Македонци.И денес секој Македонец има право на континуитет врз историјата на своите предци.
Од: Vistinata
Датум: 17.06.2011 12:54:51
Зошто Утрински пишувате лагите за "фашистичките окупатори" Секој може да прашува баба и дедо како се пречекувал бугарските војски во 1941 година како браќа-ослободители кои ги спасуваат од ужас шумадийско ропство. Зошто не кажете како титовските комунисти "ослободители" по 1944 година убиваат 30 000 Македонци само затоа што биле лојални на бугарската власт? Тоа ослободување ли е или вториот геноцид врз македонскиот народ по убиството на 50 000 Македонци во времето на Кралството Југославија?
Од: NANE
Датум: 17.06.2011 12:56:53
Абе ти не си против споменикот туку на тебе ти смета владата на ВМРО-ДПМНЕ
Од: r.todor
Датум: 17.06.2011 13:00:02
Не се сложувам со колумната,Александар е наше дете и тоа не е спорно.Целиот проблем лежи во тоа што во задните 2000-год.на македонците им беше забрането да се декларираат како македонци.Зошто денес да се плашиме тоа да го истакнуваме и надградуваме?Мислам оти проблемот не е во Александар,ниту во СКОПЈЕ 2014,туку во тоа што некој ќе се наполни пари злоупотребувајќи ги овие проекти. Што доколку се изгради споменик на Алесандар во Аргентина?Дали тогаш би се бунел некој?
Од: Внимателен читател
Датум: 17.06.2011 13:05:59
Дали тука било празно е омилена реченица на тие што ништо не знаат и не прочитале ништо од светската историја. Се разбира, дека тука не било празно кога дошле Словените околу 1000 години подоцна од смртта на Александар и неколку стотици години по распадот на неговата империја. Тука било Источното римско царство кое подоцна историчарите го нарекле Византија. Војните и односите на Византија со Словените е дел од историската наука која ја обработуваат сите светски византолози. Господа прочитајте нешто не тропајте глупости. Топло Ви ја препорачувам книгата на еден голем светски византолог Дмитри Оболински проф на Кембриџ преведена на македонски, и ке ви биде се појасно ако знаете да читате историја и ако не сте заразени од антички вирус. Историјата на Јужните словени од која се раѓа и сегашната современа македонска нација, е за голема гордост мегу сите словени. А античкото културно наследство ни припага на сите кои живееме на овие простори. Тоа го пишува и Ризаов.
Од: a_nesto
Датум: 17.06.2011 13:14:50
Тотални глупости, малтене ќе сме ја иритирале Грција, ма немој. Господа, ние дваесетина години немавме изградено ниту еден споменик а сепак бевме уценувани и условувани од Европа и Грција да го промениме името. Вие како да заборавате дека проблемот е наметнат од Грција далечната 91 година, тогаш ниту имаше, ниту се градеше споменик на Александар, ниту пак се имаше во предвид такава работа. Но пак бевме и сме БЈРМ. Многу брзо заборавате. Ако го прочитате мојот коментар Ве молам одговорете
Од: Каравангелис
Датум: 17.06.2011 13:16:30
Се гордеам со моeто дело.Успеав да ги убедам сите припрости луѓе и неписмени беломорци од дијаспората дека не се Словени,туку Грци,наследници на Филип,Александар Двоцевката и Букефал!Блазе си им на неписмените:Мудрец што јаде м..а,Виктор со туѓиот јазик,Ајван,Ристо Абориџинот,Факелаки кој не знае дека сите грчки држави војувале меѓу себе, Александар М. Двоцевката кој не разбира словенечки (а а разбира ли нешто воопшто?),Борче од Каменицу,што сам се мавал по глава,шлакнатиот дедо Димо,Трајче Игенеа и слични будалетинки.
Од: Nake Tufekciev
Датум: 17.06.2011 13:36:49
Fakti ima za kako e oslobodeno Skopje na 13 noemvri odi vo institut za nacionalna istorija i vidi sto pisuva vo togasnite vesnici ne e taka kako sto kazuvas,kade e Nezavisna Makedonija od 8 septemvri 1944 godina,iznenaden sum od tvoeto neznaenje novinarstvo ne e pisuvanje na lazi za koi novinarot veruva deka e vo pravo,slabo poznavas Istorija i fakti za Makedonija Spomenikot ima poveke dimenzii sto ti nemozes da gi vidis bidejki si zrtva na tvoeto minato obrazovnie bez nadogradba,ima edna pogovorka izlegol od seloto a seloto ne izleglo od nego
Од: Перо
Датум: 17.06.2011 13:38:08
Зарем сеуште живеете во периодот кога на ниеден историчар не му било дозволено да ја истражува Античка Македонија? Ако успеете да најдете само едно дело од периодот кога Македонија била „слободна“ во рамките на СФРЈ тогаш ќе ви верувам на констатациите изнесени во колумнава. Патем сте го заборавиле Васил Топурковски кој прв издаде дела за Александар III Македонски. А за тоа колку грчката историја е вистинска и стварна побарајте ја на интернет статијата каде научниците кои ја исфабрикувале го признаваат тоа.
Од: Димитар
Датум: 17.06.2011 15:09:27
Направивте голема и намерна грешка, најверојатно за да не се повтори тоа „српски воспитаници“ два пати. И во 19 век дел од „преродбениците“ биле српски воспитаници меѓу кои и Пулевски кој своите книги ги издава во Белград на српска азбука.
Од: Трпе
Датум: 17.06.2011 15:19:01
Со плата од 100 до 250 евра ке стоиме со крената глава и исправена кичма пред споменикот на Аце Бабачкиот.Лесно им е на овие кои коментират од странство и ситните,продадени политички души.
Од: Tina
Датум: 17.06.2011 15:28:50
Zosto da se spomnuva Slovenizam vo Makedonija, koga nie Makedonci od sekogas imame nas odvoen identitet, a Grcite se tie sto imat nacionalno oro koje go vikat "Karpatsko Horo" prasajte gi. A se do 1956 Grcite nemale organizovan Folklor na oro, i muzika, a od ednas pocnale da kradat Makedonski ora i instrumenti i muzika i pesni, i sega se popularni so Makedonsko oro i Makedonska nosija od gradska obleka za zenite od Solun. Cel Balkan nam ni e duzan za se sto tie stanale bogati so identitet. A Makedonija imala Dinastiji pred da ima kralevi. A tie dinastii bile Gospoda na mnogu zemjista, pa i gi imenuvale kako sakale, sepak bile Makedonci. A sega nekoj ke kaze inako ime ne e nasa zemja? Tie ne znajat Mk., istorija. a denes nikoj ne ja uci.
Од: Rizaov vreme e
Датум: 17.06.2011 16:13:14
Erol, tvoeto vreme zavrsi koga zavrsi i Jugoslavija, ama nikako da ti tekne. Makedonskoto tkivo zacvrsti i e veke imuno na tvoite otrovi. Novite generacii na Makedonci se se posilni i so golema samodoverba. Treba da razmislos kako ke ostanes ti zapameten vo istorijata na Makedonija ?
Од: 3G
Датум: 17.06.2011 16:46:46
Se soglasuvam so Ivan i se cudam sto komentarot mu e objaven bidejki ne veruvam deka ke bide objaven ovoj moj komentar. Rizaov uste ednas kako so jatagan sece po makedonskoto bitie da go otsece od negovoto minato. Zastapnik e na site onie koi Makedonija ja sakaat kako tikva bez koren, kalem od 1945 za da mozat da i popuvaat. Od osmanliski, (veliko)bugarski, srpsks, grcki i kakvo li ne. Nesomneno na nivnata kvazi-velicina im preci i velicinata i nedostiznata visina(kvalitativna) na najgolemiot koja obedinuva von konkurencija.Za sekoj slucaj rasparaat na dve-anticki i sloveni. A moze li da ja rasporat dusata i koj im go dal toa pravo? Ako e od Bihacka, jas eve javno a i so posebno pismo ke pobaram od zapadot da mi odgovori dali e demokratija zakanata deka rabotite ke se resavale od Bihacka i dali bi se protivele dokolku sdsm sepak bide zabraneta. Bidejki i onaa masa huligani e instruirana da bara linc otkako veke e pokazana odgovornost a MVR ne e parlament.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Нина Нинеска-Фиданоска
Поглед
Димитар Чулев
Анализа
Барак Барфи
Мислења
Ѓорѓи Спасов
Саботни муабети
Огнен Јанески
Повеќекатна Америка
Велибор Педевски
Гласовите од соsвездието на Бакевски

А2 го плати долгот од 100.000 евра

Појадок кај...
Сонце во чинија

Поетите доаѓаат во Струга како во свој дом

Од сабота до сабота

Свадби
Иднината на бракот запишана во датумот

"""