Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Во јуни доделени одобренија за 12 градби во Охрид

Во јуни во Охрид одобрени градби во вредност од 116 милиони денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Охрид во јуни биле издадени 12 одобренија за градба, сите на физички лица, а планираната вредноста на објектите се проценува на 116 милиони денари, пренесува интернет весникот „Охридњус“.

Во Општина Струга, во истиот период се издадени 11 одобренија за градба, 10 на физички и едно на правно лице, а вредноста на објектите што треба да се изградат се процену��а на 103 милиони денари. Во јуни 2011 година во земјава се издадени 228 одобренија за градба, што е за 9,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.280 164 илјади денари, што е за 52,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупно 228 објекти, кај 189 како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 39 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 стана, со вкупна корисна површина од 48 394 м2. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Украдената струја го чини ЕВН милиони евра годишно
Минимален одѕив на невработените за сини картони
Растат цените на угостителските услуги
ЕУ со финансиски рампи против кинеските производи
Субвенциите ги поделија струмичките земјоделци
Директорските плати 150.000 евра годишно
Предаден далноводот Подгорица -Тирана

"""