Предаден далноводот Подгорица -Тирана  
Далноводот Подгорица - Тирана, со кој на највисоко напонско ниво ќе бидат поврзани електроенергетски системи на Албанија и на Црна Гора, предаден е во употреба во петокот во Скадар.
  Далноводот го пуштија во работа потпретседателот на владата на Црна Гора, Вуица Лазовиќ, албанскиот премиер Сали Бериша и германскиот министер за економска соработка и развој, Дирк Ниебел. 
  Вредноста на проектот на територијата на Црна Гора е околу 13 милиони евра, од што 11 милиони евра обезбедила Германска��а развојна банка, а преостанатото Црногорскиот електропреносен систем, се наведува во соопштението. (МИА)  |