Брoj 2702  вторник, 03 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ХРФ установува награда во чест на Тоше Проески

Почнувајќи од идната година, на престижната музичка манифестација Хрватски радиски фестивал ќе се доделува награда во чест на прерано починатата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Челниците на фестивалот се решија на ваков потег токму поради преголемиот интерес на публиката во Хрватска за работата и делото на Тоше, како и неговиот одличен пласман на изминатите фестивалски изданија. Колку за потсетување, лани Проески триумфираше на ХРФ со песната „Вежи ме за себе“, со што стана прв пејач надвор од Хрватска кој победил на овој фестивал.

Последното издание на ХРФ, што се одржа минатиот викенд во Опатија, мина во знакот на Тоше и промоцијата на првиот сингл и видеоспот од неговиот англиски албум „The Hardest Thing“, на која присуствуваа многубројни негови фанови, кои со транспаренти („Тоше, засекогаш твои, потпишуваме“) и македонски знамиња (кои ги обезбеди македонската амбасада во Загреб), со солзи во очите и длабоки емоции ги проследија снимките што ги направи Тоше за време на неговиот престој во 2006 година на Јамајка. Записот веќе се емитува на музичкиот канал Ем-Ти-Ви Адрија, а може да се погледне и на Интернет на страницата на youtube.

Меѓу присутните во Опатија беа и зетот на Тоше Проески, Славен Ристески, и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, кои добија посебни признанија.

„Тоше беше вредно момче, многу работеше и зад себе остави многу материјали“, изјави Петровиќ на прес-конференција во Опатија, објаснувајќи дека се работи за голем неискористен материјал, кој неговите фанови ќе може да го слушаат со години.


Статијата е прочитана 604 пати.

Испрати коментар

Од: Slave
Датум: 03.06.2008 13:51:05
a na nasive ne im teknuva,a? i potoa ke kukame, ova-ona.
Од: Lile,Skopje
Датум: 03.06.2008 13:54:55
E toa e nasiot Tose,nasata gordost.Kolku ubava pesna ,kolku ubavo i silno zvuci,porazlicno ,moderno i svetski no vo isto vreme vo negov stil i so dusa sto samo Tose znae da i dade na edna pesna.A kolku e tesko da se izdrzi taa mesavina od emocii dodeka go gledame onaka mil i sreken kako ja pee so negoviot preubav glas, a vo isto vreme srceto ni go kine mislata deka ne e veke so nas. Vremeto nekogas neuspeva da gi zaleci ranite so ovaa ke mora da ziveeme do kraj.
Од: tanja
Датум: 03.06.2008 14:56:25
Pocituvani,bi sakala da upatam kritika do urednikot,poradi zadocnuvanjeto na vesta za najnoviot spot na Tose.Nedozvoleno e takov tretman,ne samo poradi negovata golemina,tuku i poradi negovite obozavateli,koi se bukvalno”gladni”. Mozebi postojat nekoi pravila vo dnevnite vesnici,no ne smee poprioritetna vest da bide koncertot na Goran Bregovic i na Lord of the dance.Se prasuvam uspevate li da vidite sto se se slucuva po forumite i internet stranite.I ne lutete se zosto promocijata na najnoviot spot se sluci tokmu vo Hrvatska Vi blagodaram sto mi dozvolivte seta lutina sto ja cuvstvuvam kon makedonskite mediumi da ja iskazam javno. A najteshkata rabota e kako da se prodolzi ponatamu bez nego.
Од: keti
Датум: 03.06.2008 16:19:59
sonce nase! nikoj nikogas nema da te zaboravi......te snema od ovoj svet a sepak si tuka prisuten so tvoite prekrasni dela sto gi ostavi zad sebe....... pocivaj vo mir legendo nasa makedonska....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
ТВ Алфа стартува со нова новинарска генерација
Гола во срцето
Есма на бал во Прага