Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Пострамковна Македонија

Гордана Дувњак

Пред точно десет години на денешен ден, четворицата лидери на највлијателните македонски политички партии, како и тогашниот шеф на државата, со својот потпис под Рамковниот договор, ја гарантираа иднината на земјата.

Политичките актери, кои што на брегот на Охридското езеро пред една декада, ја пишуваа новата пострамковна историја на државата, а денес го слават, овој мал по години, но значаен јубилеј, се речиси исти. Но, во далеку помал број. За жал, претседателот Борис Трајковски и лидерот на ПДП Имер Имери не се повеќе меѓу живите. Меѓу оние што ќе ја подигнат чашата шампањ по здравицата, нема да бидат ни поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски и почесниот лидер на ДПА, Арбен Џафери. Премиерот во чие владеење се случи воениот конфликт веќе се изјасни дека нема намера да го прекине годишниот одмор, а надвор од државата е и некогашниот влијателен лидер на Албанците, чија партија и онака го негира овој документ како „мртво слово на хартија“.

��д сериозно раситнетата прва постава, друштво на лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и на поранешните и сегашни високи дипломати на ЕУ и САД, „олеснувачи“ и експерти, ќе им прави само шефот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски. И неговото присуство е строго редуцирано, па и тој ќе присуствува само на вечерашниот прием, што го организира Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

На првиот ден од прославата меѓу бројната политичка елита од земјавата и од странство е забележано и отсуството на актуелниот премиер, Никола Груевски. Тој вчера почесното место им го препушти на претседателот на државата, Ѓорге Иванов и на вицепремиерот Муса Џафери, а денес на новиот шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски. Ако дојде. Тоа во голема мерка го покажува и односот на македонската политичка елита кон Охридскиот договор.

Фален и оспоруван, Рамковниот договор и по десет години, предизвикува поделени чувства кај политичките чинители во државата. Помалку горчив вкус во устата на политичарите од македонскиот блок и чувство на гордост и славољубие, кај припадниците на ДУИ. Партијата наследник на паравоената ОНА, токму потпишувањето на овој мировен договор од нужда, го калкулира како свој голем политички бенифит.

Рака на срце, мора да се признае дека и покрај бројните критики што се упатуваа(т) на сметка на Охридскиот договор, тој го положи тестот на времето. Успеа да го зачува мирот, и покрај тоа што тој и по толку поминати години се' уште е кревок, а меѓуетничките односи се ранливи. Експертите веќе пресметаа дека Рамковниот договор е речиси целосно имплементиран. Но, охридската рамка, се покажа прилично лабава и растеглива, па остана нејасно дали во пресметаните 130 закони, влезе и затварањето на четирите хашки случаи со помош на автентичното толкување на Законот за амнестија.

Продолжува и трескавичната трка за пополнување на 25 отсто вработувања по принципот на правична застапеност, иако на многумина им е повеќе од јасно дека добар дел од тие кадри, не ги исполнуваат потребните квалификации. Некои седат дома, а земаат плата, бидејќи не може да им се најде место на сите нив во државната администрација. И натаму останува најпроблематичен делот кој се однесува на градење на довербата, бидејќи бариерите од поделените светови не се подигнати.

Но, не смее да се заборави дека реалниот живот постои и надвор од „рамковната диоптрија“, во која постојат бројни нерешени прашања и проблеми, кои ги засегаат сите граѓани без оглед на која заедница припаѓаат. А, проблемите се да се решаваат, а не да се користат за партиски цели.


#
Статијата е прочитана 1290 пати.

Испрати коментар

Од: Коста Стоименовски
Датум: 13.08.2011 07:12:48
За да може да состави влада Груевски се согласи да ги амнестира воените злосторници, тн. хашки случаеви, за кои правните и политичките експерти тврдат дека никогаш не застаруваат, а меѓу нив и Даниел Сервер, и на тој начин опасно ги пречекори рамките на Рамковниот договор. Тој не доаѓа на прославата на 10 годишнината од РД бидејќи знае дека од тоа не му зависи опстанокот на владата, а мисли дека со ваквиот „храбар��� гест може да го „покрие“ безмалку (полу)конспиративното „толкување“ на спомнатите хашки случаеви! Тој мошне вешто ги избегнува сите замки кои можат да му нанесат штета на рејтингот, но, затоа редовно и парадно се појавува на разни манифестации кои можат да му го подобрат рејтингот (познатото „лопатарење“, сечењето панделки итн.).
Од: Tina
Датум: 13.08.2011 09:10:07
Sekogas ke kazam da vistinata e odgovor na site problemi. Vistinata nema %. 100% ili nisto. Lesno se odi napred so vistinata, ama koj e hrabar da ja kazuva vo vreme koga lagite se snaga na %-tot. EU? daaa, utre, a zad EU, site drugi kriminalci.
Од: Itar Pejo
Датум: 13.08.2011 09:35:17
Sedat doma i zemaat plata dali sto nemoze da im se najde rabotno mesto ili toa nacin da se resi prasanjeto so penziite na borcite na ONA?
Од: gragjanin na RM
Датум: 13.08.2011 11:07:48
Ve molam prestanete da manipulirate so citatelite i da im servirate nevistini da ne kazam lagi.Od koga toa ve molam ramkovniot dogovor treba da se slavi zvanicno.??Kolku sto mene mi e poznato nikoj nikogas na nivo na drzava ne slavi poraz na voen i politicki plan kako sto toa go pravi RM.Zosto na primer ne objavite deka famozniot ramkoven dogovor nikogas ne e objaven vo javnite glasila na RM i dosega gragjanite nemaa moznost da go procitaat integralniot tekst, sto barem za mene e potpoln\o nerazbirlivo i neprifatlivo.Napisot vo celina e neprifatliv i ne odgovara na vistinskata sostojba nastanata so primenata na toj nametnat dogovor koj vo celina i nanese neprocenliva steta na interesite na RM!!
Од: Makedonec do zlostornicite
Датум: 14.08.2011 01:36:34
Ramkovniot Dogovor ne moze da se slavi od strana na drzavata. Toj bese postizboren koaliciski dogovor na nekolku politicki partii (izbrani od strana na samoproglasena "megunarodna zaednica" ) za sproveduvanje na politicka odluka. Dogovorot bese validen samo do momentot koga politickite subjekti vo Sobranieto izglasaa promena na Ustavot. Nisto poveke ne moze da gi spreci segasnite politicki subjekti da se odnesuvaat soglasno svoite segasni i razlicni viduvanja i prava. Politickite partii se slobodni da menuvaat koaliciski partneri i politiki. Izbranicite vo Sobranieto mozat slobodno da glasaat soglasno so svoite ubeduvanja. Togas nikoj (so zakonski ovlastuvanja) od drzavata Republika Makedonija ne potpisa nikakov dokument koj ima obvrzuvacko znacenje za nea. Nitu pak Perdju i Leotar potpisaa dokument so Vasta vo Makedonija, za da mozat da bidat negovi garanti.

Најди! во Утрински
Едиторијал

"""