Се' во случајот со Македонија е далеку од академско прашање
Еден од најголемите живи историчари во светот, Ерик Хобсбом, вели:
„Најголемата идеолошка злоупотреба на историјата повеќе се потпира на анахронизмот отколку на лагите. Грчкиот национализам и' го одбива правото на Македонија дури на име, врз основа на тоа дека цела Македонија, всушност, е грчка и дека Грција како држава - нација, божем постои уште од времето на таткото на Александар Велики, кралот на Македонија кој станал владетел над грчките земји на Балканскиот Полуостров. Како и се' во случајот со Македонија, тоа е далеку од академско прашање. На грчките интелектуалци навистина им треба многу храброст да го кажат тоа. Историски зборувајќи, тоа е вистинска глупост. Не постоела грчка држава-нација, или каков било поединечен политички ентитет на Грците во IV век пред Христос. Македонското царство во никој случај не било никаква грчка, или некаква друга модерна нација - држава. Во секој случај, древните Грци ги сметале и македонските владетели варвари, исто така како што подоцна ги сметале за варвари и римските владетели. Накратко, старите Грци сметале дека варварите не се исто што и Грците, иако тие без сомневање биле мошне внимателни и воздржани да го зборуваат тоа“.
Ова се зборови на Ерик Хобсбом, професор на Брикбек - колеџот на Универзитетот во Лондон, најголем британски историчар, еден од најголемите ако не и најголем жив историчар во светот. Роден е во 1917 година во Александрија, Евреин, а се школувал во Виена, Берлин, Лондон и Кембриџ. Хобсбом е со марксистичка ориентација што на Британците - лабуристи или конзервативци - сеедно, воопшто не им пречи да го сметаат за свој најголем современ историчар.
Почетокот на текстов е прецизен цитат од едно негово предавање на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта уште во далечната 1995 година, при што Хобсбом зборува за опасноста од новите превреднувања на историјата и за иднината на земјите од Средна и Источна Европа. Притоа, неколку пати ја спомнува и Македонија. Во тоа време светската научна мисла поради наметнатиот спор од страна на Грција од позиција на сила, за името на Македонија, беше на страната на Република Македонија. Хобсбом вели дека „Македонија историски е таква неразмрслива мешавина на етницитети што не и' е залудно дадено името на мешаната француска овошна салата (маседоан), така што секој обид да се идентифицира со одделни националности не може да биде исправен. Притоа, Хобсбом уште пред 14 години предупреди дека „поради непристрасност и екстремниот македонски емигрантски национализам, исто така, треба да се отфрли“.
Кај големите историчари, историјата е наука не само за минатото туку и за предвидување на иднината. По 14 години, пророштвото на Хобсбом, за жал, се остварува. Република Македонија се соочува со најгрда политизација на историската наука. Од дијаспората, од нашата емиграција, стасаа на плодна почва националистичките превреднувања на историјата. Македонската владејачка структура не ги отфрли, како што гласеше поуката од историската лекција на Хобсбом, туку ги прифати со двете раце античките вируси предизвикувајќи опасна конфузија во голем дел од јавноста. Власта објави општа потрага по античките корени со политички булдожери, злоупотребувајќи ја историјата во политички цели, на истиот начин на кој го прават тоа со децении нашите соседи- Грците, на што сериозната научна мисла во светот гледаше со потсмев и со згрозување. Хобсбом тоа храбро го нарече глупост. И не е единствен во тоа од големите историчари. Хобсбом вели дека и многу други обиди да се замени историјата со митови и измислици не се само лоши интелектуални шеги. „Митот и измислиците се битен елемент во политиката на идентитет со чија помош група луѓе денес се дефинираат себеси по етницитет, религија или со минатите или сегашните граници на државата, настојувајќи да најдат некоја сигурност во несигурниот и разнишан свет, говорејќи: „Ние сме поинакви од другите и подобри од другите“. Тие луѓе се наша грижа на универзитетите, бидејќи луѓето кои ги формираат тие митови и измислици се учени луѓе: световни и верски учители, професори (се надевам не многу), новинари, луѓе од телевизиите и радијата“. Ова буквално вака го соопшти уште 1995 година, најголемиот жив историчар на светот, Ерик Хобсбом. Тој натаму вели: „Многу од овие луѓе (трагачи по митови м.з.) се дојдени од универзитетите. Немојте тука да згрешите. Историјата не е древна меморија или колективна традиција. Тоа е она што луѓето го учат од свештениците, учителите, писателите на историски книги, компилатори на текстови, по списанијата и ТВ- програмите. Многу е важно историчарите да се сетат на својата одговорност што значи да се воздржат од страста на политичка идентификација - дури и кога го чувствуваат тоа.
Хобсбом, најголем жив историчар во светот: „На грчките интелектуалци им треба голема храброст да ја кажат вистината. А поради непристрасност и екстремниот македонски емигрантски национализам треба да се отфрли
„За време на мојот живот, сега 92-годишниот Хобсбом вели дека секоја земја во Централна и Источна Европа беше прегазена со војна, освојување, окупација, ослободување и повторно окупација.Секоја држава во тој дел на светот има поинаква форма од онаа кога се родив јас. Само шест од 23 држави кои се на картата помеѓу Трст и Урал постоеја во времето на моето раѓање или можно е да не биле окупирани од некои армии: Русија, Романија, Бугарија, Албанија, Грција и Турција, тоа не беше дури ни Австрија по 1918, ниту Унгарија по 1918 година. Некои постоеле по Првата светска војна, а други од 1989 година. Во тоа се вклучени некои земји кои никогаш во историјата немале статус на независни држави во со��ремена смисла, или кои тоа го имале сосема кратко една или две години, една или две децении - а потоа ја изгубиле независноста, иако некои потоа повторно ја здобиле: тоа се трите мали балтички држави, потоа Белорусија, Украина, Словачка, Молдавија, Словенија, Хрватска, Македонија и да не се оди понатаму на исток. Некои од државите се родени и умреа за време на мојот живот, како Југославија и Чехословачка“.
Во своето предавање во 1995 година, Ерик Хобсбом предвидува дека народите на Средна и Источна Европа и натаму ќе живеат разочарани во минатото, а веројатно уште повеќе разочарани во својата сегашност и несигурни во својата иднина. „Тоа е многу опасна ситуација. Луѓето ќе бараат виновници за своите пропусти и несигурност. Движењата и идеологиите кои ќе ги исползуваат таквите расположенија веројатно не се, барем за оваа генерација, тие кои би биле некоја верзија на оние денови пред 1989 година. Тоа се веројатно движења инспирирани со ксенофобичен национализам и нетолерантност. Најлесно е секогаш да се обвинат странците“. Хобсбом е категоричен: „Историјата е суровина за националистички, или етнички, или фундаменталистички идеологии како што е афионот суровина за дрогирање со хероин. Ако нема пристојно минато, тоа секогаш може да се измисли“. Навистина, во природата на работите е обично да нема целосно пристојно минато, бидејќи феноменот кој настојува тие идеологии да ги оправда не е древен, не е старокласичен, туку во историска смисла е неодамнешен, историски тоа е новост. Тоа се однесува како на религиозниот фундаментализам во современите верзии, така и на современиот национализам. Минатото се прогласува за законитост, минатото дава многу пославна подлога на сегашноста иако самото минато нема баш многу со што да се искаже.
„Во таква или слична ситуација историчарите неочекувано се наоѓаат во улога на главни политички личности. Обично мислев дека професијата историчар не е слична, да речеме, на професијата нуклеарен физичар, бидејќи не би требало барем да ранува. Сега знам дека може. Нашите студии можат да се претворат во фабрики за бомби како училиштата во кои ИРА учи како да се претворат вештачките ѓубрива во некаков експлозив. Ние особено сме одговорни за историските факти воопшто и за критика на идеолошко-политичките злоупотреби на историјата. Ние не можеме да измислуваме факти. Или Елвис Присли е мртов или не е. На тоа прашање, може да се одговори недвосмислено врз основа на докази доколку тие постојат.
Некои од идеологиите на нетолеранција се потпираат на обични лаги или фикции за кои не постои доказ.
Утешно е, вели Хобсбом, што расте нова генерација која може да остави зад себе страсти и големи трауми од периодот на формирање на историјата на нивната земја, а тоа е знак на надеж за историчарите. Меѓутоа, не можеме да чекаме и последните да изумрат, мораме да се определиме за формирање на национални етнички и други митови во моментот додека тие држави се создавале. Тоа нема да не' направи популарни“.
Ова е само еден мал дел од предавањето на Ерик Хобсбом кое „Утрински весник“ ќе го објави целосно, одржано пред студенти во Будимпешта уште 1995 година, кое е мошне поучно за сегашните актуелни состојби во Македонија и кои целосно се совпаѓаат и со ставовите на нашиот најголем авторитет за античката историја, професорката Наде Проева, една од ретките наши научници која јавно предупредува дека е опасно што во Македонија се создава еден шовинистички однос спрема другите. „Македонците никогаш во својата историја не биле шовинисти и секогаш биле и се отворени спрема другите“, вели таа во своето последно интервју со Јулијана Кочовска за „Теа модерна“.
И Наде Проева потврдува дека опседнатоста со антиката кај нас е пренесена од иселеништвото, бидејќи тие таму отсекогаш се под силен притисок од Грците и се чувствуваат загрозени. Нивната реакција се потпира на доктрината: ако можат современите Грци да тврдат дека се директни наследници на античките народи, зошто ние да не можеме. Проева тврди дека тоа е еден погрешен приод. Таа е категорична исто како Хобсбом дека најстрашно нешто што може да му се случи на еден народ е токму политизацијата на науката.
Во Република Македонија никогаш немало толку наметнат политички амбиент за превреднување и селекција на историјата и историската наука. Вештачки создадената античка клима и еуфорија 2.400 години подоцна не произлегува од тоа дали една скопска општина ќе гради споменик на Александар Македонски најголем на светот, туку по анахрониот политички амбиент наметнат од власта, а поддржан од бројни шарлатани, квазиисторичари, новинари и ТВ- водители, политичари - кариеристи кои јавно проповедаат примитивизам и се гордеат со своето незнаење. Политичкиот амбиент не е во тоа што ќе градиме само еден антички споменик од вкупно 17, како што вели премиерот Никола Груевски, туку што античките фигури од музеите се преселија пред Владата под отворено небо, што аеродромите, плоштадите и скопскиот најголем фудбалски стадион добија имиња на антички јунаци, што автопатот „Е-75“ од Лондон до Атина само на делницата низ Македонија се вика „Александар Македонски“, што лажно ветуваме враќање на имоти на Македонците од Егејска Македонија, што ги бараме Хунзите и Калешите, па дури и Азарите и Фригите, како наводно исчезнати македонски племиња, што Господ директно зборува од телевизиските екрани дека тој лично ги создал македоноидите и првите бели луѓе, што Дедал и Икар се Македонци, што Хомер и Одисеј се Македонци, што Клеопатра и Јустинијан се Македонци, што неолитот е македонски, што сите последни новокомпонирани турбофолк песни, најголемиот балкански кич, се посветени на Александар Македонски и античка Македонија. Пандорината кутија со антички дух ја отвори оваа власт и никој друг, а сега сака да ретерира, обвинувајќи ги сите други дека го делат македонскиот народ на антички и словенски. Пуштениот дух од Пандорината кутија веќе никој не може да го врати назад, па ниту Никола Груевски, дури тоа да го сака. Тоа е цената на незнаењето и политичките манипулации. Со комплексите и провинцијализмот ги надминуваме и грчките шовинисти и фашисти, кои шетаат по македонските душевни болници барајќи го Александар Велики. Таму можат да ги најдат и Александар Македонски, и Наполеон, и Тито. Ги има повеќе и во Бардовци, и во Демир Хисар, и во Солун, и во Атина.
Ерол сигурно Премиерот Никола Груевски ти е ноќна мора штом не можеш да имаш една колумна а без да го спомнеш. Сигурно ти е многу тешко.
Од: Stranec
Датум: 20.02.2009 01:00:09
Genijalno.....
Од: bravos
Датум: 20.02.2009 01:55:57
odlicna lektira za vlasta. preku edukacija, ke naucat lugeto od palanka vlezeni vo MK politikata. plus, nema da sirat levo-desno za uspesite na Ace veliki.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 20.02.2009 02:00:03
Ova e na Erol samopridones vo "slavjanskata revolucija" na SDSM... Na Vasilica Branko naracuvase pesni - Nesanica, Moji su drugovi, dodeka Bucko so himnata negova - Poznacu te i po mraku... So kafanski mentalitet na Branko i SDSM, ovaa partija si go otsviri poslednoto " sitno kolo ", a ti Erole si protagonist na agonijata na ovaa kafansko - kaubjska partija narecena SDSM, bez Vajat Erp.
Од: Marx
Датум: 20.02.2009 02:09:56
Odlicna analiza!
Од: Rakita
Датум: 20.02.2009 03:32:41
Antika= Anticki Gradovi= Anticki Drzavi= Grad Drzava. Ama Tie bea Tie .na primer;Raotince,Jegunovce, Tudence, Siricino, Podbredje, Janciste, se bia medju sebe si. Ama nemaa nisto zaednicko so ; Neraste,Orasje, Prvce,Palatica i Radusa.. Nie dojdovme tamu so nas Jazik i do den deneska go imame : Jako Podobuje tebje vsakaja slava cest i poklononije , Ocu i Sinu isvjatomu Duhu, ninje i prisnoi vo vjeki vj4ekov amin. Ostavimo Helenima sto je nivno taka nas nauci i Sv.Cirilo i Metodije.Bracata ni kazaa, nije sme nesto drugo i za nas Tie se iznamacija, da ni kazat nie nesme Antici tuku sme Slavjani.
Од: mitko se cudi
Датум: 20.02.2009 03:51:49
Od kade izvede deka pak ovoj e najgolemiot istoricar. Tuku, rabotite se prosti. Gnasnite partii na Makedoncite so svoite lagi postojano nesto go lazat narodot za toj glup glasa za niv. SDSM gi lazese deka ke vraboti po eden clen od semejstvoto, deka ke vovede redi i zakon i sl. VMRO-ovcite porano pocnaa sramezlivo da ne lazat deka sme Bugari (se sekavat na kamenot na Mara Buneva, slucajot RAtko isl) no toa naide na resitelen otpor kaj narodot pa podocna so Grujo pocnaa da ne lazat deka ke ja sredele ekonomijata i deka ke donele investicii,i ova tesko pali zatoa sto nema investicii i se odi poloso. VMRO-ovcite se dosetija da ne lazat deka bez ogled kolku sme sega mizerni deka porano sme bile osvojuvaci na svetot i vo toj stil se pravat spomenici, se kanat Hunzite, se bira Djole za kandidat i sl. Ova zasega najveke im pali zatoa sto narodot e prost. No vistinata si e vistina i od nea nema beganje Nie sme slavjanska nacija i cisti sme kolku sto se cisti drugite narodi i tolku nema poveke.
Од: mia
Датум: 20.02.2009 05:51:50
Do Ace od Avsralija
Prestani da drobis zeleni,mnogu dobro te poznavame koj si,takov kako sto si odi legni pod kruska i cekaj da ti padne pravo vo usta,kako sto velese koga bese mal a gledam deka mnogu ne si se izmenil .
Од: do Ace Avstralija
Датум: 20.02.2009 07:01:13
Kakvo imeto takvite komentari prtpostavuvam pravoto ime e ALEKSANDAR so takvite patrioti kako tebe i slichni emigranti daleku od MAKEDONIJA vazi pogovorkata "NAPRAVI NESHTO ZA TATKOVINATA EMIGRIRAJ.
Од: Vlado Perth
Датум: 20.02.2009 07:39:08
Dobra analiza ja prifakam,tocno e deka mnozinstvoto od dijasporata go sirat i go isprakaat patriotizmot vo Makedonija.Ima golemi patrioti koi po 10,20 pa i poveke god nebile da si ja posetat svojata zemnja,polni si im se friziderite decata si gi smestile ima sto da im ostavat posle nivnata smrt ete tie izigravaat golemi patrioti nacionalisti.Zosto ako tolku bile jaki sto ne ostanale vo svojata tatkovina i dedovina.mi se burbatit od takvi.
Од: pogled
Датум: 20.02.2009 07:50:47
1. Поптолно се согласувам со цитатите од историчарот 2. Ако светската научна мисла била на страната на Македонија во врска со наметнатиот спор со името, зошто денес да не е така? Што се изменило денес во научната мисла? 3. Дали професорот под “македонска салата“ мислел на Република Македонија или на целокупниот географски простор Македонија? 4. Дали треба да се затворат факултетите по историја и археологија во Македонија? Дали треба да се запретаат археолошките локалитети и да се прекинат понатамошни истражувања во таа област? 5. Во последниот дел од текстот има добри сугестии но и некои претерувања од ��трана на авторот, што не се во духот на цитираниот историчар.
Од: Ice od Makedonija
Датум: 20.02.2009 08:11:50
Abe Ace, nekoj e Makedonec vo Makedonija i se oraspolozuva so srpski pesni, a nekoj e patriot vo Avstralija i od tamu deli lekcii.
Од: Оли Јулчовски - Струмица
Датум: 20.02.2009 08:16:28
Грујо стана ноќна мора на сите попаметни Македонци кои сватија каде ги води со неговата
прво детска,авантуристичка политика.Е,Сега пра
шање е дали тој тоа го прави од незнаење или смислено како неговиот учител Лубчо,но кога човек ке погледне колку итро и бргу се претвори од брат на Александар во вистински Македонец
и тоа оние од Титова Македонија човек да го фати страв.Тој утре недај боже може да се прогласи и за Марсовец па и таму заедно со Иванов да барат корените на Македонците.
Од: Историчар
Датум: 20.02.2009 08:22:16
Господине Ризаов, сте ја заборавиле историјата. Дипломиравте Историја во далечната 1973 година, а Наде Проева пак, воопшто не е историчар. Таа има завршено класични студии. Оставете ја Историјата на историчарите, а не на класичари, археолози, правници, разноразни доктори, архитекти, политичари и слични на ним дунстери кои сакајки “добро“ му го матат умот на народот. Одете вие на доктор па нека е прегледа историчар. Неоди се разбира.
Од: makedonija
Датум: 20.02.2009 08:30:06
Sekoja cest za statijava.
Sekoja cest.
Ova treba da se isprinta i dade kopija na site vo vladata. Ako znaat da citaat, mozebi ima nadez i deka nesto ce sfatat.
Mozebi.
Од: Игор
Датум: 20.02.2009 08:36:55
Како и секогаш одлична анализа. За жал изгледа дека е пресложена па не можат да ја разберат long distance патриотиве од Австралија и затуцанава багра од овде.
Од: dobronamernik
Датум: 20.02.2009 08:49:53
Nema mnogu kontradiktorni i prostacki komentari denes Erole, zatoa sto pred Vistinata se zamolcuva. Taka treba da e, argumentirano, so kulturno nivo i dobronamerno. Pa nekoj sigurno ke razbere. Trodolzete hrabro da go osvestuvate narodot. Srdecen pozdrav.
Од: anna
Датум: 20.02.2009 08:55:09
super kolumna, bravo Erol
Од: od bobbi svetska
Датум: 20.02.2009 09:05:20
Sorovcite iSdSm se ista fabrika i vo bankrut ke pojdat i tije ne se predava so vas e GOTOVO.
Од: Lavirint
Датум: 20.02.2009 09:55:11
Erik Hobsbom uste vo 1995 godina opomenuval, kak deka " poradi nepristrasnost Makedonija da go otfrli ekstremniot emigrantski nacionalizam" kako odgovor na grckiot iracionalen nacional-sovinizam.Togas Makedonija gi imase nepodeleno simpatiite na naucnata svetska misla, a znaeme kolku taa ima golemo vlijanie na politickoto odnesuvanje , na politicjkite eliti. No namesto da go poslusame, nie za da "im parirame" na grckite nacionalisti, udrivme vo antifikacija, , hunzizacija, mitologizacija na nasata Istorija, seenje na spomenici , preimenuvanje na razni objekti i sirenje na "pseudonaucnamagla " medju narodot. Sega se najdovme vo eden lavirint od nacionalizam i fantazmogoricna mitologizacija na Istorijata i nasite etnicki koreni so koj go zabludavme narodecot , i od koj tesko se izleguva. Se prasuvam kade bese MANU pa i nekoi vidni istoricari ( Katardjiev i dr.) da navremeno ja detektiraat taa opasnost i kazat stop.Naprotiv B.Risteski ,lingvista ,bese eden od glavnite seaci na tie ide
Од: читателка 2
Датум: 20.02.2009 10:06:28
Ерол, супер! И коментариве доволно говорат. Но, не го разбрав баш историчаров (под услов да е навистина историчар) , зарем треба човек да заврши историја за да препознае заблудени маси?Или ако Ерол и завршил 1973, таа диплома веќе не му важи?Историјата (особено античката) се променила во меѓувреме!!!! И само оние кои денес завршуваат се тие ВИСТИНСКИТЕ??? Жалосно кој се денес се претставува за академиски граѓанин и што се трпи оваа земја.
Од: miki
Датум: 20.02.2009 10:18:03
i mene mi e nokna mora premierot, sekoe sabajle stom gi otvoram ocite go kolnam
Од: profesor
Датум: 20.02.2009 10:38:44
vakva politika vodese i Hitler no toj zavrsi neslavno taka ce zavrsi i grujo a mak sp koregirani granici ako voopsto prezivee i ne veruvam so ova ime.
Од: Maccedo
Датум: 20.02.2009 10:51:19
Најдобронамерно му препорачувам на г-от Ерол Ризаов, а и на секој друг, да ја прочита книгата на Александар Донски „Античко-Македонското Наследство во Денешната Македонска Нација (прв дел - фолклорни елементи). Тоа е збир на фасцинантни и неверојатни факти (во изобилие), како што е н.п. уставот на славното Кресненско востание од 1878 год. во кое востаниците се декларираат како потомци на војската на Александар Македонски. Тогаш немало емигран��и, СДСМ, ДПМНЕ...
Од: Kavadarcanec
Датум: 20.02.2009 10:55:28
Interesna analiza od nekoj koj ne e istoricar. Ne znam za vas ama pandorinata kutija e otvorena od momentot koga nekoj prifati da si go smenime imeto i znameto i ustavot. Ubavo kazal istoricarot "ako nema pristojno minatto treba da se izmisli", a nie imame i poveke od pristojno, samo postojat luge kako vas koi smetaat deka ja razbiraat istorijata poveke od istoricarite.
Од: Стар и внимателен читател
Датум: 20.02.2009 11:20:37
Да им помогнам на некои што не разбираат. На тие што не сакаат да разберат им нема помош. Господинот што се потпишал со Острово изгледа има ноќна мора бидејки гледам на полонок го читал текстот.
Тој што се потпишал како историчар го нема сенсот на историчар бидејки ке забележеше дека никаде не пишува дека Наде Проева е историчар, туку најголем авторитет во Македонија за Античката историја. И јас не знам за поголем ако знае историчарот нека кажер, но очигледно многу му пречи Проева.
Оној Митко се чуди за да не се чуди од каде сега овој најголем жив историчар нека отвори на Интернет Eric Hobsawm па кевиди кој е човекот.
Кавадрчанецот не знае дека Ризаов по образование е историчар.
Се друго е напишано во текстот. Тие што не се партиски војници и немаат антички вирус го разбораат одлично.
Од: realen
Датум: 20.02.2009 11:22:59
Uste eden odlicen napis na g-dinot Rizaov, koj e potkrepen so nepobitni fakti, pa spored toa e iluzorno da se osporuva. Nam ni ostanuva da se potsetime deka vo Makedonija ziveat Makedonci, no i Albanci, Vlasi, Bosnjaci, Romi, Srbi itn, taka da Makedonija e navistina" francuska salata". Nam, kao na slednenici na tvorcite na nasata istorija ni ostanuva da gi pocituvame, so dlzen pietet, da gi vmetneme soodvetno vo obrazovniot sistem i koga ke dojde vreme da im izgradime spomen park, bidejki, cinam, vo monetov, od bronzeni glavi, konji, mecevi - ne e nesto sto plebsot na ovaa mala i gorda drzava ke go zadovoli, da ne kazam ke im gi napolni stomacite. Sete na zborovite na Bizmark. A sekoja insinuacija za vrednostiet na g-din Rizaov kako novinar e samo potvrda za nemokta da sa sprotivstavi na peroto za koe i Sekspir pisuval deka e pomokno od mecot. Nekoi vrednosti se nemenlivi.
Од: Biba
Дату��: 20.02.2009 12:18:16
Do istoricarot:
Nade Proeva, za zal, ne e klasicen filolog.Taa e arheolog po edukacija. Kamo sreca da bese klasicen filolog i da znaese da gi cita izvorite vo original. Inaku, kolumnata na g.Rizaov e odlicna.
Од: maja
Датум: 20.02.2009 12:45:06
Ne mi e jasno,zosto morame da emigrirame,pa da staneme tolku dobri makedonci?dodeka sme doma,pieme kafinja po kancelarii,ne ja rabotime rabotata kako sto treba,psueme po se vo drzavata i odednas koga sme nadvor,tolku golemi maledonci stanuvame!Lojalnosta prema drzavata se pokazuva so cesna rabota ,sekoj spored svoeto znaenje i obrazovanie.Ovoj covek ,tolku educiran,moze da bide samo primer za nas.Ostavete go minatoto i da pocneme veke ednas da rabotime za idninata na nasata zemja.
Од: KoleMangov
Датум: 20.02.2009 13:02:30
Vistinata e mnogu razbirliva ako se nema odbojnost, isvesna i nesvesna. Kako shto Grcija izvrshi progonstvo na nas, Makedoncite odEgejska Makedonija, taka se ova, vtoro progonstvo.Nieden od komentatorite ne prepoznavam deka e od nas.Da li ochekuva nekoj izvesen diktat?
Од: nemir
Датум: 20.02.2009 13:08:05
Apsolutno e tocno deka makedoncite nikogas vo istorijata ne bile nacionalisti i sovinisti Nikogas vo istorijata i ne im gi palele dukjanite i kukjite na svoite sogragjani od druga nacionalnost. Bile zrtvi na nacionalizmot i sovinizmot i im gi palele kujite, no tie toa NIKOGAS ne go pravele.
Se do pocetokot na 21. vek.
Neka se zamislat makedoncite koj stoese zad palenjeto vo 2001. i koj sega siri nacionalizam i sovinizam? Kakov sram ke im ostavime na idnite generacii makedonci.
Од: Verag
Датум: 20.02.2009 13:17:31
Историјата кко наука најмногу е злоуптребена од политиката-пр. со бугарскиот став за нас како Бугари. Нажалост премногу е да очекуваме вмро-ОВЦИ да разберат нештоод оваа инзворедна анализа.
Од: Markos
Датум: 20.02.2009 13:47:55
Ekstremen nacionalizam ne e specifikum samo na makedonskata emigracija.Toj isto taka vo golemi "količestva" se srek'ava kaj emigrantite od drugite etnički zaednici. Dzirnite na internetskite portali od podračjeto na eks Jugoslavija, pa k'e vidite kakvi otrovni poraki i omraza se "prak'aat" vo tatkovinite. Kako da na nim ništo ne im se "zalepilo" od pozitivnite nešta vo novite sredini (civiliziranost, zaemno počituvanje, tolerancija). Sprotivno: tie bi gi kolele site Srbi, site Hrvati, Albanci, Makedonci, muslimani...Postojano se prašuvam zošto medijatorite ne poprečat vakvi štetočinski javuvanja.
Од: tale
Датум: 20.02.2009 14:28:27
Ako moze na dpmne-ovcite malku poprosto da im se objasni kolumnata?Tie samo imeto na Gruevski znaat da go razberat.
Од: kiro
Датум: 20.02.2009 14:34:52
Odliccen tekst..! Samo najzzalno e toa ssto na tie na koi ssto se odnesuva najveke tekstot i tie ssto treba i mozat najveke pouki da izvleccat od ovoj tekst, kako i od site drugi remek dela na Erol, besplatno, ne go pravat toa, najverojatno nemozat da gi razberat od mnogute virusi od koi ssto se inficirani i patat, kako na pr: anticckiot virus za koj i Erol zboruva..! Erol odvaj cekam petok da dojde za da gi ccitam tvoite tekstovi.. Pozdrav..!
Од: HELP!
Датум: 20.02.2009 15:30:54
Istoricarite da si gi iskinat diplomite, iselenicite neka sedat madro i neka si gi brojat dolarcinjata,a
nie ke ziveeme vo surovata realnost so "Shmizli" i drugi gluposti, pez cela plata sto docni i kaj drzavnite sluzbenici, i sto uste ne...
Golemo blagodaram do Erol !
Од: M.Jovanovski
Датум: 20.02.2009 15:56:46
Mnogu sovesna i perfektna analiza !
Bravo
Од: Братот
Датум: 20.02.2009 16:26:32
Превод:
Чистите( се мисли на чистокрвните) Грци исчезнаа од историската сцена после окупацијата на Коринт од страна на Римјаните во 146 година од н.е.
Во 6 и 8 век, Словените,Албанците и Власите имигрираа дури до југот на Пелопонез и дури некои Егејски острови и се населија таму. Словените го населија Епир, Тесалија, Румелија и Пелопонез, додека Албанците во Атина,Коринт,Мани,Тесалија и Егејските острови, Власите во Тесалија,Румелија, Јонските и Егејските острови.
Eric Hobsbawn," Fact, Fiction and Historical Revisionism", New York Review of Books, reprinted in The Australian, December 8, 1993
Сега, ние пак, дочекавме тие хибриди нам да ни го порекнуваат правото да бидеме она што сме, најверојатно токму поради нивните комплекси за потеклото, да ни го оспоруваат името и идентитетот..и тоа внимавајте, на ИСТОРИСКА основа.
Од: ljupco,bitola
Датум: 20.02.2009 17:08:35
Најголемиот жив историчар-Ерик Хобсбом, велите. Можеби е така,не знам што се има објавено и напишано човекот,ќе ви верувам. Ме интересира дали тој човек така добро и сеопфатно ја има напишано историјата на национализмот на британско тло,како и во колониите.Како е рашено националното прашање на Келтите,Ирците и Велшаните во Обединетото Кралство?Сечењето на јазици, врзување на табли околу вратот за непослушните кои јавно ќе проговорат на мајчин јазик,како и прогромите на цели региони се само една страна на медалот,да не ги спомнуваме колониите,кои и ден денес страдаат од англиските методи на убедување. За Балканот сите знаат да делат мозоци,нека си расчистат прво во своите дворови,па после нека ни дробат нас над главата.
Од: kumanovec
Датум: 20.02.2009 18:23:18
sekoja cest dobra statija i za gospodinot Ерик Хобсбом samo budala moze da kaze deka ne e dobar istoricar i sekoja cest za stariot i bnimatelen citatel dobro potenciral za poedinci , a vo vrska so nekoi tuka sto pisuvaat gluposti te gruevski napravi ovaa crvenkovski napravi onaa bas bi sakal da ve vidam kako ke upravuvate covek da vi dade edna obicna prodavnica da vodite pa taa ke propadne , a ne drzava da vi dade hohoho kaj ke ni e krajot , a gospodine Ризаов za ovaa statija sekoja cest konecno da ja pogodite kako sto treba samo ne moras vo sekoja da go spomnuvas gosp gruevski ili covekot e na taa pozicija pa ke go jademe nego sega