Што прават денеска
Дади Ангеловски
актер
Денешниов голем ден Бадник ми е исполнет со здравичарски обврски. Голема чест за мене е што годинава ќе ја кажувам здравицата за граѓаните на Скопје пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Уште утринава со новиот и со стариот кум се упатуваме кон храмот каде што ги извршуваме сите бадникарски обичаи, од каде што попладнето одиме на ручек. Вечерта семејно го прославуваме Бадник.
Катерина Ивановска
супермоделка
Многу ги сакам божикно- семејните празнувања и каде и да сум низ светот за Божик настојувам да бидам во Скопје. Синоќа со татко ми бевме во неговото старо маало Пролет, на коледарски огнови, а утринава сакам да ме разбудат коледарчиња за кои имам подготвено подароци. Денот е во знакот на семејството, а вечерва се собираме на вечера. Се надевам дека и годинава ќе ми се падне паричката.
Мите Димовски
музичар
Иако годинава е ептен млада, јас веќе почнав со работа на новите проекти. Сепак, овие денови се за празнување со семејството. Божикните празнувања годинава за мене имаат уште поголемо значење, поради тоа што сме собрани цело семејство, со брат ми и неговото семејство кои се дојдени од странство. |