Број 3440  среда, 24 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма
Ангелов стана политички приврзок на Бошковски

Здружение на припадници на безбедносните сили БЕДЕМ

Го повикуваме Стојанче Ангелов да не го девалвира основањето и организирањето на Здружението на бранители БЕДЕМ и притоа да употребува ноторни лаги. Иако нема храброст да не' спомене по име, јасно е дека нас не' напаѓа.

Зад формирањето и функционирањето на БЕДЕМ стојат единствено бранителите од татковинската војна во 2001 година. Секој обид да се прикаже нешто поинакво е груб напад врз бранителите и тоа е израз на паника на Стојанче Ангелов. Единствена причина за масовното напуштање на Достоинство и за формирањето на БЕДЕМ, се нескриените политички амбиции на Стојанче Ангелов и неговите блиски контакти и координации со Љубе Бошкоски и Бранко Црвенковски.

Никој не му е виновен на Стојанче Ангелов што прерасна во обична политичка маша на Љубе Бошкоски, кој му ветува пратеничка кандидатура на следните избори и што за личен интерес ги запостави интересите на бранителите.

БЕДЕМ не сака да биде вовлечен во политички игри и да биде цел на политичката манипулација на Ангелов и на Бошкоски. Наш единствен интерес се интересите на бранителите. Политиканството му го оставаме на Стојанче Ангелов. Членовите на БЕДЕМ се доволно силни и способни да функционираат самостојно и да се изборат за интересите на бранителите.

#
Статијата е прочитана 922 пати.

Испрати коментар

Од: 7x35,7.9 PASP
Датум: 24.11.2010 12:41:29
наместо обединување и добивање статус на борец - еве повторно разединување од Бедем.На кого им служите?Наместо заеднички притисок до власта да се добие статус борец Вие од Бедем ја разложувате ситуацијата.Не сум член на Достоинство но ги подржувам и имам намера да се зачленам.Кој знае со што ве купиле!Ако му служите на Грујо досега тој можеше да ја заврши работата за 5-мин.
Од: Учо- Гостивар
Датум: 24.11.2010 13:15:38
Немам намера да полемизирам со БЕДЕМ,само колку за потсетување нека ја пуштат уште неколку пати снимката од одсновачкото собрание, да ја погледне народот.Сите ќе препознаат по неколку фаци од своите градови,кои беа или се главни теренски јуришници на ВМРО ДПМНЕ.Некои од нив беа и на плоштадот во Скопје “самоиницијативно“ собрани и со автобуси носени да се пресметат со некои си тамо студенти што се дрзнале да мислат поинаку од водачот.
Од: zuma
Датум: 24.11.2010 16:01:51
Eve eden primer za Bede(n)m ako Angelov e privezok na Boskoski togas Goran i Vlatko ovoj vtoriov vraboten sega vo sumska policija(Vmro) od Kicevo sto mu se na pratenikot od Kicevo.
Од: Kalimero
Датум: 24.11.2010 21:35:04
Koj be portokalov bese vo krizata. Osven lavovite nemase nitu eden dpmno-vec vo krizata 2001. Site koj bea mobilizirani na 10.06.2001, istiot den bea izvadeni od kasrnite od lokalnite serifi na dpmne. Rezervistite vo policija koj bea clenovi na dpmne, nesmea da se povikat od samite nacalnici. Sega tie istite podlizulkovci i bezkicmenjaci po naredba na svojo ovcar ke formiraat zdruzenie na braniteli. Sramote sto go prevete ova na branitelite koj zaginaa i na nivnite semejstva. Sedite si tamu i kodosite gi svojte kolegi od vaste partiski rabotni mesta, ostavete gi branitelite na mira. Jas sum clen na Dostoinstvo i se osekam dostoinstveno iako ovaa Blada ne se grizi za mojte interesi. Samo za portokalovite patrioti jas sum so 4 tereni vo rezervniot sostav na policija. Pisite gi vie vasite i ke polemizirame, do togas svijte si gi kicmite i mars so vasiot ovcar nadvor od ovaa ubava drzava. Istorijata ke ve kazne bezkicmenjaci
Од: Горан - М. Каменица
Датум: 25.11.2010 09:37:37
Јас сум бранител од 2001, со средна повреда при борбено дејство и никој тоа неможе да ми го оспори.БЕДЕМ е уште една бедна глупост на македонецот која уште повеќе ќе не подели и ослабне.Мислам дека Бедем треба да се растури а Стојанче А. да си даде оставка од Достоинство.Почнувам да се срамам од тоа што сум.

Најди! во Утрински
Писма
Грофицата Анка - велеграѓанка
 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia