|
|
|
|
|
|
Поглед
Лeзбиски спор
Димитар Чулев
Атинскиот суд го одби барањето на жителите на Лезбос женската хомосексуална популација во Грција (и пошироко) да престане да го користи терминот лезбијка. Судот не покажа сенс за фактот дека тој термин го навредува нивниот идентитет и ликот на поетесата Сафо од седми век п.н.е. која пишувала за љубовта меѓу лица од ист пол.
Подобро ќе беше Атина да ги подучи жителите на Лезбос како да го заштитат својот идентитет, а особено да го зачуваат името... (Сличноста со еден спор околу име што го наметна Грција на еден сосед е само случајна, но искуството на Грција е полезно).
Значи, Лезбос треба да се обрати до ОН, од каде што ќе побара посредник во преговорите за разликата на името што го користат лезбијките, зашто јасно е дека „копирајт“ за тоа име имаат само граѓаните на Лезбос. Со преговори, кои нема да бидат ниту брзи ниту лесни, ќе се дојде до заемно прифатливо решение во форма на „горни“ и „долни“ лезбијки (според местоположбата), но решение би било и „нови лезбијки“ кои ќе ги разликува нив од „старите“ проверени лезбијки од Лезбос, кои имаат историско право на тоа име. Не е лошо наместо географска или историска одредница пред името, решение да се најде со варијантата во заграда: како, Лезбијки (хомосексуалки).
Така, првата страна, граѓаните на Лезбос, ќе можат да се заштитат од втората страна која користи термин со иредентистички претензии кон територијата на Лезбос, но краде и дел од историјата на овој остров стара повеќе од 2.700 години.
Треба да се има разбирање за чувствата на ж��телите на Лезбос кои бараат изнаоѓање друго име кои лезбијките би го користеле не само за внатрешна, туку и за меѓународна комуникација со слични групации низ светот. Наедно, веднаш треба да престанат лезбиските (и геј) парадите низ светот кои претставуваат отворена провокација спрема Лезбос... |
#
|
Статијата е прочитана 2098 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: RR: Ha,ha,ha !!! |
Датум: 24.07.2008 00:33:03 |
|
Sekoj komentar e nepotreben.Se e kazhano na tolku ,nepovtorlivo uspeshen,interesen novinarski stil.Mnogu ne raspolozhivte vo ova vreme-nevreme,koga iskrenata smea e tolku retka ,a tolku potrebna.Thanks. |
|
|
|
|
|
|
Од: Saso N. |
Датум: 24.07.2008 09:10:14 |
|
Ohoho!!! Se iznasmeav do solzi. Napisano so odlicen sarkazam. Bravo Cuki majsore... |
|
|
|
|
|
|
Од: Marija |
Датум: 24.07.2008 09:26:35 |
|
Wooow se iznasmeav bravos. Cinicki ironicno i mn komicno e pretstavena manijata na juznive "prijateli" za iminja i nivnata cudna bizarna opsesija so iminja i imenjaci hahaha .Cestita malku komedija no i golema visitna gore iznesenoto |
|
|
|
|
|
|
|
|