Број 3411  среда, 20 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

„Мама“ и „Вујко“ ќе патуваат од Белград

Оливера Војновска

Дали ќе се отвори постапката за лустрација на двајцата фунционери на ДУИ - пратеникот Фазли Велиу и министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, кои самите се препознаа под псевдонимите „Вујко“ и „Мама“, зависи од добрата волја на Белград да им открие на македонските лустратори дали досиејата се веродостојни. Трите досиеја што ги најде професорот на Тетовскиот универзитет, Шпенд Љуши, во својот двор („Стрелец“ не подлежи на лустрација, бидејќи личноста не е на јавна функција), според печатите во нив, се водени во Сојузниот секретаријат за надворешни работи и во СДБ на СФРЈ. Така што во архивите на српските служби лежи одговорот дали функционерите на ДУИ во осумдесеттите и во деведесеттите години биле соработници на КОС и на СДБ. Затоа лустраторите побараа од Архивот на Македонија, УБК, Агенцијата за разузнавање и од Секторот за безбедност и контраразузнавање при Министерството за одбрана да ја проверат валидноста на документите во сродните институции во Србија. Но, дали Белград ќе сака да помогне и да им ја расчисти дилемата на лустраторите дали тетовскиот професор им доставил оригинална документација или фалсификат.

Директорот на Архивот на Македонија, Зоран Тодоровски, не верува дека Белград ќе сака да ги даде документите на некогашните соработници на тајните служби. „Па тоа е строго доверлива документација, државна тајна и ниту една држава не би ги дала“, вели Тодоровски, кој се' уште официјално не го добил писмото од лустраторите. Сепак, вели дека на оваа тема во неколку наврати разговарал со директорот на Архивот на Србија и тој го уверувал дека кај нив во Архивот немало ваква документација и дека таа се' уште била во српското МВР. Неодамна се виделе и на некоја конференција и повторно го добил истиот одговор.

Тодоровски е убеден дека клучот за досиејата на КОС и УДБА, како и на оние водени во транзицискиот период го имаат во СДСМ. „Па тие се стручњаци за оваа проблематика. До 1998 година ги имаа под контрола УБК и сите служби. Ангажираа цела мрежа соработници, составуваа досиеја, ги чуваа за свои потреби, манипулираа. Вистински експерти! Тие многу добро го знаат патот до Белград“, смета Тодоровски.

На веб-страницата на Архивот на Србија пишува дека оваа институција почнала да го презема архивскиот материјал од Безбедносната информативна агенција (БИА) на 3 февруари 2004 година и дека трансферот се' уште не е завршен. До 1 јуни 2009 година се преземени повеќе од 70.000 досиеја и повеќе од 300.000 страници разни документи. „Имајќи предвид дека архивскиот материјал на БИА се' уште не е целосно преземен, ниту е архивски среден и не постои правна рамка за негова употреба, тој се' уште не им е достапен на заинтересираните граѓани, а не може да се користат ниту за научноистражувачки цели“, пишува на Интернет-страницата на Архивот. Каде што уште е наведено дека врз основа Законот за рехабилитација, Архивот на Србија им доставува на окружните судови копии од документите од архивските материјали на БИА, во рок од 60 дена од приемот на барањето. Подносителите на барањата за рехабилитација можат да се обратат во Архивот на Србија за да се провери дали во рамките на преземените архивски материјали на БИА се наоѓа досие на одредена личност. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 2496 пати.

Испрати коментар

Од: alemanija
Датум: 20.10.2010 18:35:55
edinstven spas za kodosite od makedonja e ovoj nasiov direktor da go stavat za direktor na srpskiot arhiv. pa da mu vlezat cpionie kako vo selska meana da iskinat se sto ne im odgovara. moze i da ja zbrisat preku prozorecot vo cenefot.
Од: Ali-Skopje
Датум: 21.10.2010 09:34:54
Ako , ako neka odat .Ne bile mozda odamna . Pa i na drzaven trosok neka e! Zasluzile, bajagi cirkus priredija :)))))

Најди! во Утрински
Политика
Подобро градоначалник отколку премиер
Кофос
Претседател без советници
„Систина“ и „Филип Втори“ се скараа за пациенти
Д-р Јосиф Таневски
Ставрески на конференција на „Еуромани“ во Белград
Кусите рокови го скратија анкетниот список
Штипјани трет пат на референдум
На болните им делат ѓевреци и јогурт






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency