Хороскоп
ОВЕН
Деновиве некој го критикува начинот на работење или однесување. Нема потреба да се спротивставувате на мислењето на другите, туку бидете разумни и прифатете нечиј совет. Во меѓувреме, потрудете се да го завршите она што сте го започнале. Во средбите со блиското лице, прикривањето на вистината само ги одложува проблемите што треба да се решат, затоа употребете ја совеста.
БИК
Непосредни сте во односите со соработниците. Поради лошите процени, можни се дополнителни компликации кое ќе го доведат во прашање вашето работење. Насочете ги своите мисли во позитивна насока. Постои лице што ви подарува искрено внимание и емоции, па затоа уживајте во заедничката среќа.
БЛИЗНАЦИ
Внимателно анализирајте ги новите случувања или важните промени во работата. Не дозволувајте некој да го оспорува вашето влијание во заедничките проекти што ви претстојат. Постојано се обидувате да ја избегнете емотивната одговорност пред блиското лице, но, сепак, не можете да ја негирате вистината кога е очигледна.
РАК
Не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените основните услови или правила што ги диктираат вашите соработници. Не дозволувајте да ја потрошите енергијата на ситуации што не се важни за вашата работа. Чувствувате емотивна несигурност, бидејќи постојано го криете лошото влијание кое доаѓа од саканото лице. Во иднина научете се да имате повеќе храброст.
ЛАВ
Не можете во целина да ги остварите своите намери, но не откажувајте се од својата амбициозна природа и изнајдете начин како да стигнете до целта. Нечија идеја ќе звучи интересно, но реализирањето ќе наиде на проблем. Во средбите со саканото лице нема да го постигнете посакуваниот ефект, па затоа не трудете се да глумите незаинтересираност, туку потрудете се да ја намалите одговорноста што сте ја презеле во последно време.
ДЕВИЦА
Вашиот неуспех поврзан со работата не претставува голема загуба, па затоа нема да се согласите со нечии закани или казни. Вашите соработници логично ќе ги прифаќаат вашите објаснувања кои ги нудите, како и начинот да се дојде до успех. Во односот со саканото лице работите не се одвиваат според очекуваното. Намалете малку со притисокот на емоциите и гледајте на работите поедноставно.
ВАГА
Премногу сте горди да зборувате околу своите проблеми или отворено да побарате некој да интервенира за вас. Потребно е да се ослободите од погрешните навики и да прифатите нечија идеја, како добар патоказ, бидејќи од успешните луѓе се бара совет. Нема потреба да верувате во спонтаниот расплет на случувањата што следуваат на љубовно поле. Понекогаш првиот впечаток може да биде лажен.
СКОРПИЈА
Прифатете ја скромната ��онуда за работа и не потценувајте го интелектот на одредени луѓе. Конфузни сте пред соработниците и од таа причина вашето објаснување звучи нелогично и неубедливо. Потребно ви е подобро да ги усогласите мислите и чувствата за да можете да го зачувате достоинството пред лицата што ги познаваат вашиот карактер и слабите точки.
СТРЕЛЕЦ
Непотребно се вплеткувате во ситуација која не ви е доволно позната и на тој начин ги иритирате работниците. Прифатете ги добронамерните критики и не дозволувајте работите да излезат од контрола. Задржете ја својата мудрост и не впуштајте се во тестирање на емоциите. Потребно ви е саканото лице покрај вас.
ЈАРЕЦ
Не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но тоа не треба да ве вознемирува, ниту да ви претставува проблем. Порано или подоцна, работите секогаш доаѓаат на свое место. Вам единствено ви недостасува трпение, а на вашиот партнер емотивна храброст или импулс да се соочи со проблемите.
ВОДОЛИЈА
Новите информации се добра шанса, но размислете два пати пред да кажете конечен одговор. Во работата понекогаш нештата може да се променат, а вашите материјални амбиции не треба да бидат начин да се вплеткате во нешто за кое подоцна може да се покаете. Внимателно анализирајте го однесувањето на блиските лица, бидејќи е важно да го добиете емотивниот сигнал.
РИБИ
Постојано инсистирате за своите цели и преземате одреден степен на ризик во работата. Ако имате добро претчувство, потпрете се на својата интуиција и на добрата моќ на забележување на нештата. Во љубовната средба немојте да дозволувате на вашиот партнер да му недостасува инспирација за заедничка среќа.
|