Хороскоп
ОВЕН
Спремете се и засукајте ги ракавите. Бидејќи работните обврски бараат максимална коцентрација, која моментално ја немате, морате да ги употребите и на паметен начин искористите сите свои скриени таленти за да ги постигнете целите. Сепак, напорниот ден може да доднесе видливи резултати.
БИК
Нека не ве изненадуваат љубовните стресови. Партнерот ви прави притисок во желбата да ги искористи сите ваши слабости, бидејќи во конкретниот случај е далеку посилен. Може да ве уценува и има шанса да постигне успех. Најверојатно се работи за Скорпија која постојано го потпалува башиот нервен систем.
БЛИЗНАЦИ
Ситуацијата бара конкретни потези, а вие сте малку неодлучни. Свесни дека последиците можат да бидат имаат влијание и во иднина, не се впуштате така лесно во играта, туку, пополека ги составувате коцките и се надевате дека ќе наидете на позначителен успех.
РАК
Компензација за сите незадоволства, првенствено емотивна, наоѓате во работата. Занимавајќи се со нештата кои ги сакате, но и останатите, заборавате на фактот дека сте игнорирани. Ќе бидете незадоволни. Успехот повеќе ви годи од едноставни убави збориви, бидејќи за него сте директно одговорни.
ЛАВ
Морате да се прилагодувате на новонастанатите ситуации, иако тоа нималку не ви се допаѓа. Бидејќи сте прилично здрави, ви тргнува од рака да вложите додатен напор во ситуација која бара екстремно брза акција. Чувајте се од повреди, униформирани лица и операции. Планираното патување може да почека.
ДЕВИЦА
Ве очекуваат безброј обврски, но ќе ги завршите како што најдобро умеете – достоинствено и без многу бучава. Може ќе се најдете во ситуација да ги исправувате туѓите грешки, за што сте вистински мајстор. Се на се, иако ќе биде прилично напорно, ќе преживеете. Девица сте.
ТЕРЕЗИЈА
Морате да превземете конкретни чекори врзани за парнерот. Иако чувствувате потреба за интензивни задоволства, ќе бидете во ситуација да ги засукате ракавите и да ги компензирате слабостите на личноста со која сте во врска. Кога подобро ќе размислите, заедно правите иеална комбиација.
СКОРПИЈА
Ќе бидете во ситуација кога партнерот, најверојатно Бик, клечи пред вашите нозе и моли да му опростите. Бидејќи тешко признавате нечија грешка, простувањето не ни ви паѓа на памет. Иако непотребно ја потенцирате неговата вина, тоа е единствениот начин да дојдете до целта. Ќе успеете.
СТРЕЛЕЦ
Сите ваши работни квалитети се испитуваат. Никој со таков фанатизам не ги завршува обврските како вас. Проблемите се појавуваат кога немате обврски, затоа што сфаќате дека нешто ве притиска. Размислите што може тоа да биде. Можеби нечиј совет добро ви ќе дојде.
ЈАРЕЦ
Решавате важни работни обврски, повлекувате исправни потези, во потполност ја сфаќате ситуацијата во која се наоѓате. Станавте посигурни во себе, што всушност претставува позитивната страна на кризата во која се наоѓате. Проблемот е решен, па веројатно е подобро да тргнете напред.
ВОДОЛИЈА
Само креативните и уметничките умови ќе можат успешно да го поминат денот. Време е за будење на креативната страна и на другите Водолии. Зимскиот сон веќе одамна заврши, па затоа престанете со дремката и впуштете со во возбудливите ситни радости.
РИБИ
Сам себеси сте најголем непријател. Затоа, анализирајте ги подобро своите постапки, како и постапките на другите околку вас, па ќе дојдете до заклучок кој е всушност во право. Можеби претерувате со осудувањето на некоја личност, а можеби и таа не ве сфатила како што треба, па се лутите без некоја посебна причина.
|