Што прават денеска
Љупчо Алексовски
портпарол
Благодарам на бога што ги отворив очите. Ме очекува колегиум со градоначалникот на Гевгелија, Франгов, како негов портпарол, а потоа работа до бескрај. Затоа по напорниот ден се однесувам по онаа Зен мисла- седам мирен, не правам ништо, зошто доаѓа есен, а лисјата и така ќе паднат сами од себе. Сепак, можно е вечерта со сопругата да го гледам новиот филм на Ларс фон Трир „Антихрист“.
Вујадин Станојковиќ
фудбалски тренер
Сега кога веќе не сум ангажиран околу репрезентацијата, повеќе сум и' посветен на мојата функција претседател на тренерска организација на ФФМ. Има многу работи во однос на проблемите кај тренерите, кои се оставени на милост и немилост во клубовите, а кои ги менуваат по секој нивен неуспех.
Лени Партикова
музичарка
Почнувам со утринско кафе, а потоа одам на работа во Македонската опера и балет. По завршувањето на обврските со колешките седнуваме во некое кафуле во ГТЦ. Ме очекува и проба со хорот „Света Злата Мегленска“. Потоа одам дома - време е за мојот сакан и за моето семејство.
|