Број 3308  среда, 16 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Во посебна психичка состојба сте, така што повеќе ви одговара да планирате и сонувате отколку да работите. Една од причините за таквата работа е ослабената виталност. Со лица од странство остварувате успешен контакт. Давате многу повеќе отколку што примате.



БИК

Професионалниот успех, хармонијата со партнерот и финансиската состојба прават да бидете во одлична форма. Располагате со оптимизам, наскоро ќе ви биде потребен. Потрудете се да најдете средина во животот и се' ќе биде совршено. Во спротивно, можни се здравствени проблеми.



БЛИЗНАЦИ

Постојано имате нови планови и идеи, за чие остварување треба да побрзате. Насоченоста кон здравјето и работата и натаму е актуелна. Непријатностите се зад вас, наредните денови ќе бидете во фаза на правење планови за професионалните и приватните обврски.



РАК

Ги преценувате своите можности, а тоа подоцна може да влијае на нервниот систем кој може да повлече сериозни проблеми. Слободните моменти искористете ги за занимавање со хоби. Задолжително шетајте покрај вода, таа ќе ве поттикне да размислувате повеќе.



ЛАВ

Брзоплети сте и сами си го комплицирате животот. Пожелно е објективно да ја процените моментната ситуација и сопствените можности, бидејќи секој непромислен потег ве води во ризик. Бидете внимателни и се' ќе биде в ред. Со некој непотребно ги затегнувате односите.



ДЕВИЦА

Може да ви се случи фатална љубов. Проблемите со здравјето не се толку сериозни, но морате да им обрнете внимание. Ќе го остварите она за што долго сонувате, а тоа е наоѓање идеален партнер. Ќе бидете успешни доколку и' се препуштите на спонтаноста и малите радости.



ТЕРЕЗИЈА

Се трудите да ги реализирате своите естетски тежнеења. На успех може да се надеваат оние што имаат врска со уметноста. Задоволни сте со сами себе, затоа размислувајте позитивно за се', особено на љубовта. За партнерот сте подготвени да симнете ѕвезди од небо.



СКОРПИЈА

Поради пречувствителноста на постапките на околината, може да направите потег за кој нема оправдување. Здравствените проблеми не се причина за грубост и малтретирање на оние со кои мора да соработувате. Погрешно ви е мислењето за партнерот.



СТРЕЛЕЦ

Денот го минувате под влијание на важни случувања. Бидејќи мисловниот процес е силен, искористете го на адекватен начин, занимавајќи се со работи што го бараат тоа. Проблеми може да се јават во вид желба за критикување на другите. Но, немојте да претерувате со тоа.



ЈАРЕЦ

Работата ви помага да го компензирате емотивното незадоволство. Откако сфативте дека околината нема разбирање за вас, во онаа мера во која ви е потребно, се повлекувате во сопствениот свет. Го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени.



ВОДОЛИЈА

И натаму ѕвездите ве обожаваат. Уживајте во тоа што ви го нудат , не оптоварувајќи се со хипотетички прашања. Немате време за губење, ве чекаат важни одлуки и успеси. Со терезиите и близнаците постигнувате идеална соработка. Единствено, ве загрижува нечија судбина.



РИБИ

Ништо не може однапред да испланирате. Ненадејните случувања ве вадат од колосек, и покрај тоа што тие ви ги прават интересни. Еден овен се труди да ви излезе во пресрет. Немате премногу време за размислување. Во вистински момент ќе направите вистинска работа.


#
Најди! во Утрински