Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Бугарка на чело на Бразил

Дилма Русеф, ќерка на бугарски имигрант, како млада сонувала да стане балерина, но влезе во политиката

БРАЗИЛИЈА – Дилма Русеф, која вчера беше избрана за првата жена-претседател на Бразил, во една пригода им кажа на новинарите дека како типична Бразилка во 50-тите години таа сонувала да стане балерина. Меѓутоа, кога во 60-тите години се виде подемот на бруталниот воен режим во нејзината земја таа мораше да направи некои тешки избори. „Набрзина сфатив дека во светот нема место за дебитанти“, изјави Русеф пред новинарите.

Кандидатот на владејачката Работничка партија Дилма Русеф победи на претседателските избори во Бразил, соопшти Врховниот избирачки суд. По преброените повеќе од 97 отсто од гласовите, Русеф ја добила поддршката на 55,8 проценти од гласачите, додека нејзиниот противкандидат социјалдемократот Жозе Сера освои 44,2 отсто.

Сера го призна поразот за претседателската функција и и' посака на Русеф добра и успешна работа.

„Го прифаќам изборот на народот смирено и со почит“, изјави социјалдемократот, додавајќи дека „вистинската борба допрва претстои“ според демократски правила, која ќе се води против владата на новоизбраниот шеф на државата.

Русеф, ќерка на добробразован бугарски емигрант, како дете земала часови по пијано и се образувала во католичко училиште каде што се зборувало француски. Меѓутоа, како борец на левичарско герилско движење во 1969 година, таа ја замени венчаницата за маскирна униформа и замина во илегала преземајќи имиња, како што се Луиза, Ванда и Естела за да им побегне на властите. Со нејзината препознатлива кратка фризура и дебели очила стана една од најбараните бегалци во Бразил, од некои опишана како „субверзивна Јованка Орлеанка“.

Обвинета за уривање на десничарската воена власт таа ги преживеа исчезнувањата и малтретирањата на нејзините другари, некои од нив и ги загубија животите. Меѓутоа, други на крајот успеаја да обезбедат функција во владата на Луис Инасио „Лула“ да Силва, сегашниот претседател на Бразил, вклучувајќи го и министерот за животна средина Карлос Минк и соборениот шеф на кабинетот на Лула, Хозе Диркеу.

Кога армијата конечно ја уапси во 1970 година, Русеф, сега 62-годишна жена, вели дека била жестоко малтретирана со цел да ги предаде тајните. Таа за магазинот „Истое“ во 2008 година изјави дека како затвореник честопати била врзувана за злогласното „папагалско гнездо“, направа за малтретирање што се користела од страна на бразилската воена полиција на која жртвата е обесена меѓу две метални платформи. „Тие ми даваа електрошокови, многу електрошокови“, изјави Русеф за „Истое“. „Почнав да крварам, меѓутоа, издржав. Не им кажав дури ниту каде живеам“, додаде таа. По нејзиното ослободување во 1972 година, воената власт и' забрани да се ангажира во политички активности.

Со враќањето на демократијата во средината на 80-тите, Русеф имаше голем број политички позиции, една од нив и како секретар за енергија во државата Рио Гранде до Сул каде што беше пофалена за справувањето со најголемиот прекин на снабдување со електрична енергија во Бразил, и ја претвори државата во пример за правење во земјата на моќна електрана. Герилските организации во кои таа беше инволвирана, како што е Националната ослободителна команда, се обиде да ја преземе контролата врз власта со употреба на сила. Тие беа инспирирани од Кубанската револуција и други латиноамеиркански бунтовнички групи, како колумбиската ФАРК.

Меѓутоа, Русеф ги отфрли сториите дека знае како да ракува со „АК-47“ и дека извршила насилни злосторства како „легенди“. „Мојата инволвираност беше само политичка“, му кажа таа на ТВ-водителот Џо Соарес во 2008 година. „Јас имав повеќе од деветти или десетти степен на миопија“, осврнувајќи се на слабиот вид.

Во нејзиниот официјален видеозапис за кампањата, претседателот Лула вели дека во минатото на Русеф нема ништо за кое треба да се извинува, и ја спореди нејзината борба против воениот режим со други херои. „Еден дел од животната сторија на Дилма ме потсетува на онаа на Нелсон Мандела“, вели Лула. „Се сеќавам Мандела во една пригода кажа дека и' се приклучил на борбата бидејќи тие не му дале друг избор. Времето поминуваше и што се случи? Тој стана еден од најголемите симболи за мир и обединување во светот“.

Некои од нејзините критичари остро ја критикуваа нејзината инволвираност во герилското движење. За време на конгресното сослушување во 2008 година, таа замолча сенатор и доби аплауз за одговорот на критиката дека го прекршила законот во 60-тите години поради лажење на бразилската полиција и за ангажирање во антивоени субверзивни активности. „Јас бев 19-годишна девојка, бев во затвор три години и бев варварски малтретирана“, изјави таа во нејзиното телевизиско обраќање. „Секој што се осмелува да ја каже вистината за нивните малтретирања ќе ги компромитира животите на своите пријатели. Тоа ќе придонесе за нивна смрт“.

Русеф се врати на училиште во 1972 година и дипломираше економија во 1977 годиа, според нејзината официјална биографија. Нејзината способност да ја спои левичарската агенда со влегување во прагматични капиталистички сојузи, е една од причините што беше избрана за министер за енергија во 2002 година. Русеф се смета за заслужна за демократизацијата на енергетскиот систем во Бразил преку програмата наречена „Светлина за сите“, што донесе електрична енергија за сиромашните фармери.

ЦВо 2009 година, нејзе и' беше дијагностицирана лимфома во рана фаза. По неколкумесечна хемотерапија, таа гордо ја тргна периката пред камерите кога и' беше кажано дека е излечена. Русеф, која на 1 јануари и официјално ќе ја преземе функцијата, призна дека да се биде жена на функција не е лесно и се пожали на медиумскиот третман кон неа како бразилска „челична лејди“ откако неколку помошници се пожалија на начинот на кој таа ги третирала подредените. „Да се грижиш за власта понекогаш е како да се биде мајка“, изјави таа за ТВ Глобо. „Мора да барате резултати“.

Русеф зазеде конзервативен став по некои прашања за жените. „Јас сум против абортусот, јас сум за животот“, изјави таа за ТВ Апарецида, католичка мрежа. Русеф е разведена и има ќерка. (Си-Ен-Ен)


#
Статијата е прочитана 1956 пати.

Испрати коментар

Од: Stole
Датум: 02.11.2010 13:20:55
Spored nejzinoto poteklo i ogromnata omraza kon se' bugarsko Dilma kako kandidat vo Makedonija ke nemase nikakvi sansi duri i ako tuka bila rodena. No vo golemata Brazilija nema takov antibugarski resantiman i zatoa denesnite Bugari se gordeat so gospogja Rusef.
Од: aleks
Датум: 02.11.2010 13:56:54
Stole do negde si vo pravo no da ne zaboravis deka vasata zena emigrant sto sega e predsedatel na brazil so mislite i so rabotata celosno ke bide posvetena na brazil i ke raboti za dobroto na brazil za razlika od vasite politicari koi imaat bugarski patni ispravi vo makedonija i dodeka bea na vlast i sega koga se vo opozicija so mislite se kako eden den makedonija da bide priklucena kon bugarija i rabotat za rasparcuvanje na makedonija a ne za nejzinoto dobro i vie bugarite mora ednas za sekogas da svatite i da se pomirite so toa deka makedonska nacija imalo i ke ima i nikogas ne bila del nitu od bugarska nitu od srbska nitu od grcka nacija samo bila okupirana i neka prestanat barem mladite i kaj nas i kaj vas so omrazata vreme e da pocneme da se pocituvame.
Од: Благоја
Датум: 02.11.2010 15:56:23
Така ли е?!...Веднага Бразил да се прогласи за блгарска територија!!Ами како..!

Најди! во Утрински
Свет
Масакр во католичка црква во Багдад
Бомбите од Јемен кренаа нова тревога
Прв тест за Обама
Медведев ги налути Јапонците
Камшикуваа 65 лица за продажба на дрога
Зад нападот во Истанбул стои ПКК
Вулканот Мерапи одново е активен
Почна пописот на населението
Членството во ЕУ зависи од Косово






EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states
EU report strongly criticises Serbia's progress
Macedonia begins rally season with little promise of real change