Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Хроника

„Змиско око“ никако да почне

И вчерашниот обид за почнување на повторениот судски процес за седумдесет и двајца обвинети во случајот „Змиско око“ остана нереализиран. Вчерашното судско рочиште, кое доаѓа само петнаесетина дена по пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, доживеа уште едно одложување поради неприсуството на тројца обвинети. По укинувањето на првостепената пресуда ова е веќе петто одложување на најмасовното судење што е регистрирано во аналите на македонското правосудство.

На раководителите и на инкасаторите на наплатните рампи им се судеше поради злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба. Тие беа приведени кон крајот на 2007 година, а веќе во февруари идната година почна судскиот процес што резултираше со изрекување пресуда само за 13 лица.

Првостепената пресуда во декември минатата година беше укината и предметот беше вратен на почеток. За притворот на обвинетите инкасатори во случајот „Змиско око“ расправаше и Судот во Стразбур, кој пресуди дека на секој од нив државата треба да им исплати по 2.000 евра за трошоци. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 680 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Гром остави на улица семејство од Бела Црква
Пак се вжештија линиите за пасоши






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'