Јован Петровски
моден дизајнер
Денот ми почнува многу рано со последните подготовки на колекцијата за вечерашната модна презентација во „Лудус“. Во 15 часот веќе сум во „Лудус“ и го подготвувам дисплејот, за во 20 часот да започне шоуто. По презентацијата, следува забава на која ќе се прават чоколади.
Љубица Манговска
гл. и одг. уредник на ТВ Тера
Денеска во ТВ Тера имаме аудиција за водители на емисијата „Имај време за...“, на која се пријавени околу 200 кандидати. Тоа значи дека речиси целиот работен ден ќе го поминам во селекционата комисија, а потоа почнува викендот, во кој се надевам на поубаво време, барем да можам да уживам во природа.
Бошко Нелкоски
директор на НАЕОПМ
Во текот на денот ме очекуваат последните подготовки за вечерашниот настан „Ноќ на истражувачите“, кој првпат го организираме на плоштадот „Македонија“. Ќе се обидеме професијата - истражувач да ја доближиме до граѓаните, а настанот ќе го затвориме со добра забава во дискотеката „Б2“. |