Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Кирил Дојчиновски

фудбалски тренер

Го прославувам мојот личен јубилеј, ден-меѓник и во мојата кариера и во животот. Пред 40 години, на денешен ден, играв на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, во дресот на репрезентацијата на Југославија, заедно со Мето Спасовски, на меч против Бразил (2:2). Мето го постигна првиот гол, а јас го чував најдобриот играч на светот Пеле, кој со овој меч се прости од репрезентацијата на Бразил.

Горазд Чаповски

музичар

Главниот настан во денот ми е промоцијата во КИЦ во 13 часот на спотот за новата песна на „Мизар“ „Белото море“. Со песна и спот, всушност, го најавуваме нашиот нов албум „Детето и белото море“, каде што вокалите ги пее хорот „Хармосини“.

Маре Мицкова-Чекалова

учителка

Денеска за мене е тажен ден, кога и официјално со последната активност во „Александар палас“ се збогувам со мојата педагошка работа. Но, сепак, и понатаму ќе другарувам со децата преку играта „Бонтон преку телефон“. Сакам да се простам со моите ученици од предучилишна возраст, објаснувајќи им што е тоа пензионирање и дека тие се детелинка од букетот со 42 детелинки, 42 генерации на мои воспитаници.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ