Ерменците го одбележаа масакрот направен пред 95 години
Масовните убиства врз Ерменците во Првата светска војна се' уште го попречуваат нормализирањето на односите со Турција
ЕРЕВАН - Ерменија во саботата ја одбележа 95-годишнината од убиството на Ерменците во Првата светска војна од страна на отоманските Турци, во заднина на неуспешните мировни преговори со Турција и новото заплашување со оружје со непријателски Азербејџан. Договорот меѓу Турција и Ерменија за воспоставување дипломатски односи и повторно отворање на нивната граница пропаднаа во четвртокот кога Ерменија ја суспендираше ратификацијата поради турските барања прво да постигне мир со Азербејџан за отцепениот регион Нагорно-Карабах.
Мапата беше подготвена со цел да се надмине вековното насилство што трае од масакрите и депортациите од Првата светска војна, чија годишнина беше одбележана во саботата кога неколку илјади луѓе положија црвени лалиња и бели каранфили на споменикот во ерменскиот главен град. Но, неуспехот само разгоре поголема недоверба во невралгичниот Јужен Кавказ.
Главна причина за пропаѓањето на договорот беа силните реакции во Азербејџан, близок муслимански сојузник на Турција и земја-извозник на нафта и гас на Запад, поради што Турција беше принудена да се повлече, јавуваат дипломатски извори. Азербејџан го опиша договорот како предавство на напорите да се изнајде решение за Нагорно-Карабах, каде што етничките Ерменци, поддржани од христијанска Ерменија, ја соборија азербејџанската власт во почетокот на 1990-тите години, со војна во која загинаа 30.000 луѓе.
Турција ја затвори границата со Ерменија во знак на солидарност со Азербејџан за време на војната. Некои аналитичари се скептични дали пропаѓањето на турско-ерменскиот договор ќе ги смири азербејџанските сомневања. Азербејџан порано се закануваше со војна за да ја врати планинската енклава, но реториката се заостри откако Ерменија и Турција најавија нивно приближување пред една година, со поддршка на САД, Русија и ЕУ.
Турскиот премиер Таип Ердоган ја искористи годишнината за да го повтори ставот на Анкара дека мирот со Ерменија зависи од тоа дали Ерменија прво ќе постигне согласност со Азербејџан. „Мировните протоколи меѓу Турција и Ерменија нема да стапат во сила пред да биде постигнат мир меѓу Азербејџан и Ерменија. Тоа многу јасно му го пренесовме на ерменскиот претседател Серж Саркијсан“, истакна Ердоган во изјавата.
Американскиот претседател Барак Обама, во изјавата за одбележување на настаните, го нарече убиството на Ерменците од страна на отоманските Турци „едно од најголемите злосторства на 20 век“, но избегна какво било споменување на зборот „геноцид“. (Ројтерс)
Da ja ostavime istorijata na istoricarite...Nie kako makedonija se uste ne kazavme deka e toa genocit...I mislam deka ne treba da se mesame na vakvi raboti...spor megu dva naroda treba da go resat tie dvata naroda...neli nie so grcija go imame istiot problem..
Од: Stole
Датум: 26.04.2010 01:17:16
Koga taka masovo Makedoncite ke go odbelezat
genocidot nad makedonskiot narod izvrsen od
Grcija i ke baraat da se proglasi kako zlostorstvo
vrz covestvoto???!!! Sega treba, koga poradi toa za
das se zataska taa istorija, Grcija bara da ne'
nema i nas i imeto.Glupavi Makedonci, nisto ne
ucat od Ermencite.
Од: jane
Датум: 26.04.2010 08:04:37
koj ni e kriv,sekoj si placi na svojot grob a nie nemozi
me da si go najdime nikako nasiot.15000 vonici oslepil vasilie 2 ovie segasnive "grci"sakaat site da ne snema na moderen nacin receno poinaku
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 26.04.2010 09:52:44
Genocid ili ne, fakt e deka Ermencite bea prepoloveni za vreme na prvata svetovna vojna. A najmalku e vazno dali nekoj si Obama ili nekoj drug sto na geografskata karta tesko ke ja najde taa zemja, kako ke go okarakterizira toa necovecko zlo vo ponovata istorija napisana.
Од: gv
Датум: 26.04.2010 10:50:50
Sigurno nisto neznaete od istorijata .Samo od edna strana ja gledate nastanite.Ovaa ne nosi za dobrite odnosi so TR.
Од: Ангел
Датум: 26.04.2010 12:02:30
Над Македонците е извршен сличен егзодус. Пред 95 г бевме поголеми од Србија Грција...а сега . Да се Бугарија и Грција навистина демократски ...Таму сеуште имаме огромно малцинство.
Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 26.04.2010 13:13:14
Ermencite na site vrati po svetot tropaat i kazuvaat. A koj znae na nas grcite 1948 sto ni pravea etnicko cistenje vo Egejska Makedonija. Nie Makedoncite sme edni od najletargicnite narodi sto gi znam. Raskazuvajte i organizirajte sekade kaj sto imate vlijanie!
Од: До: Stole
Датум: 26.04.2010 14:29:43
Некој „нездрав“командир на ГАК и ΕΛΑΣ,неантички Македонец, спомнува некаков си „Колеж на Доксато“,каде вооружени ВМРО-(о)вци од Бугарската Армија (18.05.1941)од околината на Гевгелија и пошироко навлегле во Грчка територија и убиле преку 3000 мажи,жени и деца! Жареле и Палеле во Евзони,Василица,Метаморфоси,Доксато...! Ќе ми објасниш ли нешто повеќе за овие негови„Будалаштини“?Дали ќе ми разјасниш и за сличните настани од истото време, во Драма и Серез?