Број 2852  вторник, 02 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Кирилов изброи над 400 бугарски споменици во Македонија

Според бугарскиот европарламентарец, несфатливо е зошто нема придвижување за ова прашање

Брисел - Бугарскиот европарламентарец од групата социјалистички партии, Евгениј Кирилов, се обидува да го издигне на европско ниво прашањето на бугарските споменици во Македонија, иако токму ваквите потези на Софија ја направила дежурна жртва на Брисел откако стана членка на Европската унија. Деновиве тој излезе со соопштение во кое изразува незадоволство поради тоа што македонските власти, и покрај многуте писма упатени на нивна адреса, не даваат никаков одговор на барањата од Софија да се изгради меморијалот „Фернинадова чешма“ кај Дојран и други гробови и споменици што се посакуваат на наша територија.

„За време на средбата на Мешовитиот комитет ЕУ - Македонија во Скопје повторно го отворив прашањето за мизерните услови на бугарските воени гробишта и споменици во Република Македонија, кои бројат 471 објект“, соопшти Кирилов, додавајќи дека на наша територија загинале 18.692 нивни војници. Според него, несфатливо е зошто нема никакво придвижување за едно олку важно прашање за добрососедските односи и што по сите писма до македонските министри Антонио Милошоски и Александар Спасеновски се' уште нема никаков одговор. „Фернинадова чешма“ треба да биде споменик на успесите на бугарските војници на Солунскиот фронт во Првата светска војна, а барање има и за изградба на споменик на полковникот Константин Каварналиев кај Валандово, кој е направен во Софија и чека на дозвола да тргне за Македонија. Според Кирилов, пратениците кои учествувале на средбата од македонска страна го увериле дека наскоро Софија ќе добие одговор на барањата кои веќе две години се игнорираат во нашата држава. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 2030 пати.

Испрати коментар

Од: Mihajlov
Датум: 02.12.2008 00:38:00
Kirilov ne e svesen deka posle skoro 100 godini antibugarska propaganda vo Makedonija, teshko deka nekoj makedonski politichar kje se osmeli da napravi neshto za bugarskite spomenici i grobishta vo Makedonija i pokraj toa shto Bugarija vo momentot ni e potrabna kako sojuznik.
Од: Jan
Датум: 02.12.2008 01:04:39
Кога ке им дозволат на Македонците да ги реновираат и обноват своите споменици во Пиринска Македонија,денешна Бугарија,тогаш. И кога ке го признаат Македонското малцинство таму,и уште многу други скриени документи ке ги извадат од нивните архиви
Од: VMK
Датум: 02.12.2008 01:11:29
Кога може да се гради музеј на убици на Македонците,може и таков споменик,неоти биле Бугари,тие биле Македонци...па и сега во БГ повекето се од Македонија.....2 милиони од егајска,наши што пребегале во ратовите,Пиринците па пола БГ е македонци,подршка може ние сме еден исти народ со исто писмо и јазик...и доста е веке глума...бегате како од ѓавол,а сите знаете за какво население се работи помеѓу двете земји....се разбира,ни бугарите може да речат дека ние не сме македонци,ни пак ние дека не сме исти народ со бугарите....друго се е комунистичка пропаганда,српска,грчка и на албанците не им одговара....се откажувате од народ кој е најблизок до нас...позз
Од: European
Датум: 02.12.2008 01:48:26
Se raboti za voenni grobishta so spomennici kaj niv, ne za posebni spomennici ! Bugarskite grobovi bea urnati vo Makedonija od srbokomunistite, koe shto e golem grev ! Vo Bugarija site Makedonski revolucioneri i prerodbenici imat po nekplko spomennici - ne samo vo Pirinot, toku i ve celata drzhava ...
Од: of lele
Датум: 02.12.2008 01:56:38
ovoj pa ovoj pa ne e zdrav. mizerni bile bugarskite grobista. nie zivite sme mizerni pa grobistata bugarski. pa i ovie koga ni se praat zapadnjaci najveke me boli, eh do kaj doteravme
Од: Karposanec
Датум: 02.12.2008 02:12:28
Da se izgradi spomenik na Makedoncite sto sproti nivnata volja se borele i ginele pod tugjo zname. Toa moze i toa kako da moze. Neka nim im se oddade pocest zasto ginele so Makedonija vo dushata i mislata. Za toa ni zbor ne kazuvate , prokleti da ste porobuvaci, pa so drskost nevidena gi povtoruvate vasite nebulozi.
Од: lenin
Датум: 02.12.2008 04:48:59
Bugarite ednach za sekogach da prestanat da chirat lagi za Makedonija.Do koga makedonija ce dozvoluva da se podigaat spomenici na tie chto e gazele i chto e delele.Pokojnite sigurno ne se borela za dobroto na makedonija.
Од: Ристо Андовa
Датум: 02.12.2008 07:49:51
Според големо бугаринот Кирилов, Македонија требе да стане музеј на спонемци на нејзините колонизатори, завојувачи, окупатори и други злотвори. Впрочем, миц по миц, тоа се случува. Западна македонија е преплавена со споменици на Балисти. Еве со Скопје се здобивме со, не помалку од историски, мизеј на злотворите на УЧК, итн. Према тоа, во услови на постоење на толку многу продадени души, кои за да се здобијат со бугаски пасош со кој ќе се шепурат низ светот, своите чукун предци ги прогласија за Бугари без да ги прашаат, зошто да не се изгради споменик на Фердинант? По се изгледа, лесно им беше на паризаните да се изборат за македонството, барем на дела од македонскиот простор, но ете уште полесно ќе им биде на плуралистиве докрај да го потрошат истото?
Од: I.
Датум: 02.12.2008 08:23:35
Bugatcheta si gi podadoa glavite! Ajde be napravete partija pa da se prebroime, ne se butajte preku Vmro...Ostajte go Nikolce da si raboti cesno...Ha?
Од: gjoko bugarija
Датум: 02.12.2008 09:11:21
Bravo Jan.Se soglasuvam so tebe.Koga ke prestane bugarskata anti makedonska kampanja i drugite gluposti shto gi pravat,togash mozebi i bi se nparavilo neshto za niv.A do togash,neka ne si go pikaat nosot vo Makedonija.
Од: mene
Датум: 02.12.2008 09:15:16
За да нема кавги и расправи кој е кој на овие простори и дали со едни сме брака,а со други братучеди,за да се смират страстите на сите„заинтересирани„,предлагам Владата да донесе пропис со кој Македонија се означува како споменик на сите балкански инетреси.
Од: Do Jan
Датум: 02.12.2008 10:41:45
Pa znachi kolku i koi makedonci zaginale vo Pirinsko i vo koja vojna? Kazi da znaeme nie blgarite, pa da im izgradime spomenici! A archivite - tea gi ima objavuvani vo Blgarija, ama na vas ne vi otgovaraat:)
Од: Perdika
Датум: 02.12.2008 11:58:01
100 godini propaganda ? Pa tie i grcite so vekovi imaat takva propaganda i specijalen fond imaat za taa rabota... Ne e ova od pred 100 godini .. Mnogu dobra strategija imaat so pomos na poveke zemji ja realiziraat ama nie mozevme mnogu da napravime vo ovie 17-18 godini nezavisnost no , Eden poranesen Pretsedatel K.Gligorov ni imeto nesakam da go spomnam\koj sto i samiot izjavi deka sme dojdeni vo 6 vek i sme sloveni i nemame nikakva vrska so Antickite Makedonci so toa i kazuva deka sme bugari , srbi , itn itn..Epa sea neka ne jadat poradi takvite kvazi politicari ... K
Од: Дордо од Древено
Датум: 02.12.2008 12:10:41
До Михајлов и Кирилов. Абе слепци, изгледа листата за бугарски споменици, треба да ја дополните со СПОМЕНИЦИ за наредбодавците и извршителите на масакрите во прилепска ДАБНИЦА, ВАТАША, за оние што ги испратија на оној свет, меѓу другите, Мирче Ацев, С.Пинџур, Антевски Дрен,Питу и кој знае уште колку знани и незнани во текот на “Целокупна Блгарија„! Од тој ваш сон “да поете конета на четири мората“, нема, ниту имало ниту ќе има нешто. Ама не е се до крај загубено. Здружете си ги силите со овие наши празноглавци па заедно, на ист трошок, дигајте споменици по патот каде минал Букефал. Се до Ганг и Инд. Овде во МКД веќе нема празно место. Паско прекопа се живо, ни обичен трн и глог не остави читави, тражејки ѓи потковиците од коњите на Старомакедонците...
Од: Od Orce Sazdov dilomiran profesor po geografija na Prirodno - Matematickiot Fakultet vo Skopje,RM.
Датум: 02.12.2008 12:59:23
Vo potpolno se slozuvam so komentarot sto go dostavuva VMK I voedno mnogu pozz ,pozz, pozz ,no sepak treba i da se vodi smetka i za drugite sosedi dto ja opkruzuvaat RM,za pobrz vlez vo EU I NATO.
Од: Branko M
Датум: 02.12.2008 13:02:26
Nikoj ne gi kanese da ni "ostava" spomenici. Neka si gi zema i neka si gi nosa vo Bugarija. Ako pocnime so niv ke se java i site drugite da stava "spomenici" .
Од: joaqan pip
Датум: 02.12.2008 13:46:03
kako ne im e sram na makedonskite oplcenici od naj makedonskata VANCO partija VMRO da gi prodavaat koskite na SVETI KLIMENT zaedno so MPC srammmmmmm!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: jimmy1
Датум: 02.12.2008 13:56:29
Do European: Da ima spomenici ali dali si se prasal zosto? Zosto site tie nasi Makedonci tie gi smetaat za nivni Bugari. Nemoj da sporeduvas Makedonci so Tatari, toa se dva razlicni narodi. Toa e toa, tugo sakam a svoe nedavam.
Од: Do jimmy1
Датум: 02.12.2008 15:32:09
Ke bideme Europejani koga gledame delata na lugeto, a ne kon koj narod propagat ! Nema losho da ima vakvo spomennici na Makedonci vo Bugaria, ako i da gi smetat heroite za Bugari ! Megutova, mnogumina od niv sami se iziasnuvale kako Bugari .... Sakate da izgradite Kinezki zid i da ja chuvate R. Makedonija izolirana vo getoto so maticata Srbija ! Sram !

Најди! во Утрински
На прво место
Европска поддршка за штрајкувачите
Собранието само ќе гласа закони, дебатата во комисиите






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis