Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Скулптура на Александар Македонски и во Атина

Скулптурата е готова уште од 1993 година, но не е поставена зашто не била одредена локација

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина – По поставувањето на скулптурата „Воин на коњ“ во Скопје се повеќе се разгоруваат дебатите и барањата за поставување на скулптура на Александар Велики и во Атина. Според грчкиот весник „Та неа“, во текот на изминатата недела се зголемиле притисоците врз градоначалникот на Атина од различни пратеници и политичари, дури и од оние на ПАСОК, за поставување на скулптурата на Александар, изработена уште во 1993 година, на плоштадот „Котција“ во центарот на Атина, веднаш спроти зградата на општината и градоначалникот. Досега една од главните пречки што споменикот не е поставен е неможноста да се најде соодветна локација за него.

Авторот на десетметарската скулптура што го претставува младиот Александар на коњ, уметникот Јанис Папас, побарал споменикот да биде поставен на „Котција“ бидејќи го изработил токму за овој плоштад. Проблемот е во тоа што на плоштадот веќе има централна скулптура и фонтана. Но, доколку почне да се размислува да се постави споменикот ќе треба да се дадат 60.000 евра за прелоцирање на постојната скулптура и споменикот. Меѓутоа, како што пренесува „Та неа“, авторката на скулптурата што моментно се наоѓа на плоштадот спроти општинската зграда, Софија Вари, не е расположена да се преместува нејзината скулптура затоа што и таа била изработена специјално за плоштадот и досега немала добиено предлог за нова локација.

Дискусијата за поставување на споменикот може да биде ставена на дневната агенда на градскиот совет на Атина, меѓутоа, поради проблемите со уметниците, голема е веројатноста оние што притискаат за поставување на скулптурата на Александар да почнат да предлагаат нови локации за поставување на споменикот во центарот на Атина. Како што пренесува весникот, перипетиите со оваа скулптура очигледно ќе продолжат без да биде извесно каков исход ќе имаат. Грчкото Министерство за култура ја купило скулптурата во 1993 година, меѓутоа поради неможноста да се најде локација за неа, ниту во Солун ниту во Атина, таа останала во дворот на уметникот Папас, кој сега е дел од разгранокот на музејот „Бенаки“.


#
Статијата е прочитана 2303 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 28.06.2011 00:14:19
Kolku e visoka?
Од: Ace od Avstralija
Датум: 28.06.2011 00:50:20
Ajde da vidime dali ce postavat spomenik na nivniot dusman, koj totalno gi istrebuvase vo nekolku navrati. Svetov ima videno se i uste ova go ceka.
Од: koce
Датум: 28.06.2011 01:55:02
znaat grcite deka aleksandar ne nivna krv.znaat dobro koj e aleksandar.
Од: Трпе
Датум: 28.06.2011 07:42:01
Ако за нас се незначајни 10 милиони евра,во ова кризно или некризно време,што се 60 илјади евра за грците.Иако и ние см,е задолжени како грци.А незнам што е поважно нивата или семето.За поголем број наши земјоделски производуи се користат холандиски или израелски семиња.Дали нашите земјоделски производи се израелски,холандиски или македонски.Која била мајка на Аце Големиот а кој му бил татко.?
Од: do Trpe
Датум: 28.06.2011 08:12:31
Nie Trpe voopsto ne sme zadolzeni kako grcija, ni od daleku. A ti kako obozavatel na Grcite i treba da go podrzis postavuvanjeto na Aleksandar vo Atina, no si pomislil zosto tolku debati imalo tamu i zosto do sega ne go postavile. Zatoa sto nivnitenaucnici, arheolozi i istoricari znaat deka toj ja porobil Atina i ne bil Grk.
Од: Regan
Датум: 28.06.2011 08:13:27
Ај да го видиме и тоа чудо!Да се подига споменик на освојувачот!Како Париз да му подига споменик на Хитлер или Берлин на Сталин.
Од: dusan
Датум: 28.06.2011 09:50:11
ako go postavat siguren sum ke ima natpis aleksandar golemiot , a ne kako nie voin na konj...glupost nevidena
Од: nikoj ic
Датум: 28.06.2011 10:51:13
Ha ha ha koj e (ima) pogolem.... Eva eva budali lugje se prepukuvaat... Ni Grcija ni Makedonija ne vladee so svetot. Kalimero nema pravda :(
Од: Поитар Пејо
Датум: 28.06.2011 11:09:57
Нека ја стават ако смеат па да им се посмееме малку. Чим стои во дворот на авторот,мора да е некоја минијатура а не скулптура достојна на Аце Де Греит хехе ::)))
Од: Gox Skopje
Датум: 28.06.2011 11:48:36
:)) Smesni se,18 god. baraat lokacija :) haha
Од: Tina
Датум: 28.06.2011 12:45:38
Toa ke bide smesno i sramno za Grcija, da go diga spomenikot na Aleksandar Makedonskki, a da ne gi priznava Makedoncite. Smesno i arogantno, a i narcisticko. Ako pocituvame vistinska istorija, ni Atina ne bese nikogas Grkina, a i ne pripagase na novo dojdenite Ela's. Taa postoese vo nasi prikazni so iljadnici godini, pred da dojdat Ela's. A pak se znae da Rimjanite nikogas ne gi narekuvale Atinjanite, kao Grci. Rimjanite ja vikale golema Makedonska kralevina, Gracea Makedonia, a Grcite go zemale toa i napravile Grcka Makedonija. Tolko se smesni. Gracea znaci Golema, a ne Grcka. A Atina so okolina bese malecka, a Rimjanite napravija od nea, Brotel. A da ne se zboruva kolku Rimjanite izgorele dragoceni knigi od biblioteka vo Aleksandrija da si ja toplat vodata ?, Eve sto se denesni Grci. Kradci a i golemi lazci, i so toa plakat do EU, lele mamo, Dosta galenje, red e za vistina da ispliva i Mak., za makedonci. Cel svet gi upotrebuva Mak.- skite istirijski znaminja.
Од: Будалетинки
Датум: 28.06.2011 15:10:04
Колку будалетинки ,кои мислат дека се Грци се јавија со свој коментар:Аце Кенгурот,Коце,Реган,до Трпе,Поитар Пејо,Гокс и други што ќе следат!Разочаран сум од работата на психијатрите во државата ни!
Од: trpana
Датум: 28.06.2011 15:51:02
Може да им ја купиме , ние имаме локација . А со парите нека закрпат некоја дупка .
Од: do budaletinki
Датум: 28.06.2011 19:01:24
Da razocaran si,bidejki psihijatrite ne te izlecija,a kolku pari samo si im dal.

Најди! во Утрински
На прво место
Нови имиња во новата влада

"""