Број 3409  понеделник, 18 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Александар Масевски

композитор

Понеделникот, како и вообичаено, ќе ми мине работно. Со словенечкиот артист Мајк Лове (со кого веќе снимив албум) ќе работиме на неговата нова песна. Се разбира дека ќе правиме пауза за ручек, па веројатна е посета на некој од скопските ресторани за задоволување на оваа генерална потреба (ха, ха)... а можеби Билјана ќе ни зготви некој специјалитет. Во вечерните часови ќе се релаксираме со гледање добар филм.

Ѓорги Крстевски

музичар

Денот го започнувам со рекреирање до средно Водно. Потоа удобно се сместувам во моето музичко студио „Крстевски Мусик“ каде што доработувам аранжман за следната песна... Приквечер, се надевам дека есента ќе ме инспирира да го допишам текстот на една нумера што ја работам одамна, но никако не ми успева да ја довршам...

Кирил Десподовски

студент

Утрово експресно брзо се спремам и одам на Машински факултет, каде што во бифето го пијам утринското кафе со колегите. До 16,00 часот го поминувам времето на предавања и вежби. Од 17,30 имам пријателски фудбалски натпревар со другарите во ФОРЦА. Тие што ќе загубат, честат пивце во некое кафуле, па тоа може да потрае и подолго од самиот натпревар. Пред да си легнам, вообичаено, ќе поминам малку време на Интернет.

 


#
Најди! во Утрински






Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency
Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger