| Што прават денеска  Зоран Џорлев 
 ум. дир. на ФФ „Роса“
 Утринава ги завршувам моите обврски како директор на ДСМУЦ „Илија Николовски-Луј“. Потоа се насочувам на моето деби како уметнички директор на фолк-фестивалот „Роса“, што ќе се одржи вечерва од 21 ч. во Универзална сала во Скопје. Верувам дека со ова издание на фестивалот ќе поставиме нови повисоки стандарди за еден фолк-фестивал.   Димче Мешковски 
 актер
 Утринава сум гостин во утринската ТВ-програма „Рано.Ден“, што подрзабира рано будење. Потоа држам часови во Школата за глума на Општина Карпош, а во текот на денот имам и снимање приказни. Покрај тоа, работам и на подготовката на еден проект, што треба наскоро да почне да се реализира.  Петар Ренџов 
 музичар
 Бидејќи утринава во 3 часот ми заврши свирката во клубот „Миднајт“, в петок си дозволувам спиење барем до 11 часот. Попладне имам некои договори за настапи на новогодишни забави, а вечер настапувам на забава за ребрендирање една фирма.    |