Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

Овен

Правите правилен пресврт во професијата. Благодарение на искуството и на познанствата, успехот е неизбежен. Бидејќи сте пречувствителни и со зголемена интуиција, искористете го тоа на вистински начин. Внимавајте што потпишувате.



Бик

Со партнерот сте во хармонија, со родителите и со пријателите, исто така. Емотивноста е изразена. Нагласена е приврзаноста кон домот и семејството. Потребата за некого да се грижите исто така е нагласена. Кон партнерот се однесувате родителски, што нормално го нервира.



Близнаци

Зрачите со љубов, среќа и хармонија. Се чувствувате сакано, а за тоа треба да му се заблагодарите на партнерот, кој ве опсипува со нежност. Причината за доброто расположение не е само љубовта, туку и почеток на нешто од што порано се плашевте.



Рак

Се' е во знакот на работата и правењето планови врзани за тој сегмент на животот. Веројатно, тоа е областа од животот што ја држите под контрола. Кога се работи за нешто друго, помалку сте успешни, а повеќе несигурни. Близнакот многу ви одговара.



Лав

Доколку копнеете кон необични нешта, ќе ги добиете. Ви годи дружењето со уметници и боемска атмосфера. Ситуацијата се искристелизира. Знаете на што сте. Решавате се' што е проблем, многу лесно. Соберете сила за новиот бран случувања.



Девица

Се' фаќате во чекор со големите предизвици и потфати. Успешно ги решавате, па нема причина за нервоза. Благодарение на преземачкиот дух, надевајте се на најдоброто. Пожелно е да се биде рационален во физичкото преоптоварување.



Терезија

Ќе бидете во ситуација некому да му направите услуга што повеќекратно ќе ви се исплати. Иако не поаѓате со пресметки, добро со добро се враќа. Интуицијата е засилена, уживањето во музиката изразено. Во добро расположение сте и во согласност со самите себе.



Скорпија

Имавте прилично бурни моменти и��и барем така ги доживеавте. Нервозите се зад вас. Сега сте во фаза на краток одмор и регенерација. Обидете се да ги нормализирате односите не само со партнерот, туку и со поблиската околина.



Стрелец

Љубов и пријатни изненадувања ги прават интересни наредните моменти. Една личност постојано ве напаѓа. Никој не се сомнева дека ќе го прифатите предизвикот и ќе тргнете во љубовно освојување. Уште ако се работи за Бик или Девица, пријатните изненадувања се насетуваат.



Јарец

Подобро е вие да правите услуга и да им помагате на другите отколку да биде обратно. Денес сте во таква ситуација. Нека не ве изненадат зголемената интуиција и интерес за окултни теми. Ве очекува среќен период.



Водолија

Во прв план ви е заработувачката. Вложување во разни берзански трансакции повеќекратно ќе ви се исплати. Полни сте со сила, па се занимавате со физички активности. Бидете внимателни. Морате да вложите максимум за да ги остварите денешните обврски.



Риби

Имате чувство како камен да ви паднал од срце, бидејќи повеќе не зависите од љубовните импулси, па можете нормално да дишите. Соберете сила за новиот налет на емоции што ќе биде многу поинтензивен од претходниот.


#
Најди! во Утрински