Број 2800  среда, 01 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Момчињата во одбрана на професорот наклеветен за педофилија

Во гимназијата во Демир Хисар за малку е избегната и тепачка помеѓу учениците

Битола - Во демирхисарската гимназија ескалираат состојбите откако седумдесетина ученици завчера ја бојкотираа наставата со тврдење дека нивните соученички го наклеветиле професорот по социологија Петар Шилковски за педофилија. Меѓу момчињата на протестот имаше и едно девојче. Според нив, професорот Шилковски коректно се однесува како наставник, а минатонеделниот протест на девојчињата бил политички инструиран.

„Професорот го познавам подолго време, не е способен да стори такво нешто. Тој е со 25 години работно искуство и не може да стане педофил само по четири дена откако жена му стана директорка. На девојчињата што протестираа неговата сопруга им беше класна раководителка“, рече единственото девојче на завчерашниот протест. „Сакаме да се врати, нема причина да биде истеран. Никого не гибнал. Тој е близок со сите, сака да се шегува, многу ни помага“, додаваат момчињата.

Протестот ја вжешти атмосферата во гимназијата и за малку беше избегната тепачка меѓу двете страни. Момчињата не им дозволуваа на девојчињата да влезат во училишната зграда и да одат на настава и со навредливи зборови скандираа против своите соученички. Ситуацијата се обиде да ја смири градоначалникот Љупчо Најдовски, кој дојде во гимназијата. Тој ги повика учениците да се вратат во училишните клупи. Според него, средношколките се политички изманипулирани, а мотивот е тоа што сопругата на Петар, Соња Шилковска, од неодамна е назначена за директорка на гимназијата.

„,Меѓу учениците слушам дека биле потплатени двете ученички што го обвинија професорот. Така се зборува во чаршијата“, изјави Најдовски. Ваквата негова изјава ги револтира девојчињата, кои отидоа да се расправаат во неговиот кабинет. Една од нив по излегувањето рече дека му кажала на градоначалникот дека не треба да ја слуша чаршијата, туку да работи на решавање на проблемот. „На Најдовски му рековме дека и за него во чаршијата се слушаат разни работи“, изјавија средношколките.

Иако протестот на момчињата се случи само еден ден по враќањето на градоначалникот од службено патување, тој ја отфрла можноста ��ека некој ги инструирал средношколците за овој бојкот.

„За жал, во она што се случи со професорот е вмешана политиката. Ако се докаже дека Шилковски е виновен, тој повеќе нема да предава. Јас ќе бидам на страната на правдата“, рече Најдовски .

Минатата недела десетина ученички од гимназијата „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар го обвинија професорот Шилковски дека подолго време им нуди непристојни предлози и ги допирал по телото. Тој ги отфрли обвинувањата, но Наставничкиот совет донесе одлука професорот да се отстрани од настава. Сега е задолжен во училишната библиотека се' додека полицијата не ја заврши истрагата. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1267 пати.

Испрати коментар

Од: pezzzoo
Датум: 01.10.2008 15:27:28
lesno e da se najde svedok koj zaedno so tuzhitelot kje go potvrdi iluzorniot sluchaj, samo treba da se napomene deka toa e krivichno delo i se sankcionira so krivichniot zakonik na r.makedonija. Sledno e toa shto nekoi uchenici so chest na iskluchocite nemaat domashno vospitanie i kultura pa posegaat po glavata na onoj koj gi vospituva vo sluchajot profesor i sl. pa na nastava doagjaat kako za vo disko so goli meshinja i dlaboki dekoltea, a nekoi si dozvoluvaat i suknjina koi ni malku ne se soodvetni za uchenichki tuku za trotoarsko zaposluvanje. Sudot ednash mora da kazni za lazhno svedochenje kako bi se izbegnale farsive od ovoj tip po uchilishtata i voopshto drzhavava. Nekoj kje reche deka komentarov e pretenciozen i gi napagja decata no tie, decata nekogash i toa kako znaat da lazhat pa zatoa nie vozrasnite ne treba zdravo za gotovo sekoja nivna izjava da ja zemame na golema vrata i bezpredmetno da staneme nacija na pedofili osvedocheni samo od maloletni.So pochit kon zhrtvite.
Од: kole
Датум: 01.10.2008 18:21:47
Znaci vremevo vo koe ziveeme e opasno i navistina partisko!!! Mozes da si super pedagod, skromen i revnosen, i tie od drugata partija da ti podmetnat deka si.... da recam gnasa. Ne velam deka ne postojat i takvi gnasi (pedofili), ama i cesen covek moze da si nagrabusi, samo ako ti go namislat tie od sprotivniot tabor... STRASNO NESTO se slucuva vo nasata zalna makedonija...
Од: tigrica
Датум: 01.10.2008 18:51:42
sramota , ni kriv ni dolzen , moze covek da si skape vo zatvor.Strasna rab ni se slucuva . Zosto pred nekoe vreme nikoj nemase , poslednava godina se pojavija tolku mnogu pedofili.rabotava e stvarno cudna

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Постојано расте бројот на затруени од слатките на „Ринија“
Кај Пресека излета „аудито“ на министерот Перо Стојаноски
Идентификуван трупот на жената најдена крај пруга
Записникот по апсењето на Красниќи бил составен во ПС „Кисела Вода“
Пожарот во Дојран направи штета од над 200.000 евра
Од управната зграда на „Макошпед“ украдени сеф и возило
Царината кривично пријави 46 свои работници