Бугарите ќе бидат трет народ во Бугарија
СофиЈа - До 2050 година Бугарите во својата матична држава ќе бидат трет народ по бројност, соопштија професорите од Центарот за демографска политика.
Според нивните прогнози, за 40 години во Бугарија ќе живеат 3,5 милиони Роми, 1,2 милиона Турци и само 800.000 Бугари.
„Вака ќе изгледа населението во Бугарија ако продолжат моментните демографски тенденции во државата“, соопшти професорот Петар Иванов. Според прогнозите од Центарот, до 2075 година бугарскиот етнос ќе брои само половина милион луѓе, турскиот 1,3 милиони, а ромскиот 5,5 милиони, додека на бугарска територија до 2100 година ќе живеат околу осум милиони Роми. (МИА) |