Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Дали избори се излез од лавиринтот?

Александра М. Митевска

Додека премиерот Никола Груевски во Загреб го чекаше американскиот помошник-државен секретар Филип Гордон, во Скопје зовриваше политичкиот котел. Тоа што вчерашниот ден помина многу помирно на политички план од претходниот може да се толкува како затишје пред нова бура, со оглед на звучните пораки што домашните политички субјекти и меѓународните фактори ги испратија кон вмровската постава во власта, ден по инцидентот во Радуша.

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ вчера се обидоа да ги смират бранувањата меѓу двете партии, најавувајќи интервенции во Законот за денационализација, поради кој интегративците од понеделникот отсуствуваат од заседанијата во парламентот. Меѓутоа, прашање е како во наредниот период ќе се развива дијалогот меѓу двете партии за уште погорливите барања, што лидерот на ДУИ Али Ахмети му ги спакува на Груевски во форма на нов ултиматум, со цел, како што велат од партијата, да се врати довербата кај населението и да се намалат тензиите на теренот, во клучен период за интегрирањето на земјава во НАТО и во ЕУ.

ДУИ сега чека одговор од коалицискиот партнер дали и како ќе се решаваат проблемите поврзани со случајот „Сопот“, хашките случаи, (не)решавањето на статусот на борците на ОНА. Неофицијално, првичната реакција на ВМРО-ДПМНЕ е дека не може да се мешаат во случаи што се во надлежност на судството.

Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека актуелната безбедносно-политичка ситуација е доказ дека кога работите не се решаваат политички се случува насилство. Според него, вината е во начинот на владеење на Груевски и на ДУИ, како партиципиент во власта, бидејќи тие требало да се конфронтираат во владиниот кабинет и да ги земат предвид можностите што ги нуди Рамковниот договор за елиминирање на заканувачките фактори.

Нашиот соговорник појаснува дека не се решавал статусот на припадниците на ОНА, иако дел од учесниците во конфликтот во 2001 година станаа дел од власта, дел останаа заборавени од своите тогашни колеги, а со тоа и незадоволни. Како пример го наведува Харун Алиу, еден од убиените во Радуша, кој ако бил интегриран во системот, можеби не би дејствувал вонинституционално. Како фактори што ја доведоа Македонија до ваква ситуација на политички и на безбедносен план, Рамадани ги посочува и неусогласеноста во барањата меѓу парламентарните партии од албанскиот блок (при што ДУИ се однесувала игнорантски и арогантно кон некои иницијативи од опозицијата) и застојот во процесот на интегрирање во НАТО и во ЕУ, бидејќи кога граѓаните ја губат надежта се остава простор за радикализација на состојбите.

„Сега е неопходна брза и силна политичка интервенција, со асистенција на меѓународните фактори, за процесите да се вратат во колосек“, вели Рамадани. Според него, таа политичка интервенција би значела здружување на силите меѓу парламентарните партии, кои би излегле со заеднички ултиматум до ВМРО-ДПМНЕ и до Груевски, во кој прецизно ќе се набројат приоритетите на македонската политика и ќе се наведат рокови до кога тие мора да се реализираат. „Веќе се депласирани стојалиштата дека албанските политички партии секогаш треба да молат за нешто. Таквата политика создава ситуации кога на површина испливуваат лица што не сакаат да молат“, нагласува Рамадани.

Аналитичарот Ѓунер Исмаил, пак, е убеден дека развојот на случувањата на политичката сцена неминовно води кон предвремени парламентарни избори или, како што вели, „Груевски нема каде да бега, не ни бегаат избори“. Тој ги посочува јули или евентуално септември како потенцијални изборни термини. „Треба да се следи патот на парите. Министерот за финансии ќе ја задолжи земјата со скап кредит, а парите повторно ќе се потрошат за корумпирање на граѓаните и за уште некој камен- темелник. Потоа ќе направат се' за да ја избркаат ДУИ од власта, за да можат мирно и што побрзо да распишат избори“.

Според Исмаил, ВМРО-ДПМНЕ се надева на четириесетина мандати и на соработка со дел од сегашните коалициски партнери и дел од раситнетиот албански блок, за да може да формира парламентарно мнозинство и да ја задржи власта. „Реално најголем губитник од оваа ситуација е ДУИ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ сега се обидува да ги поткрепи другите партии од албанскиот блок“, оценува тој.


#
Статијата е прочитана 931 пати.

Испрати коментар

Од: nacional-patriot
Датум: 15.05.2010 00:42:15
VMRO-DPMNE ke osvoi povtorno nad 60 pratenici.Verojatno dosle do soznanie onie vo SDSM, do rezultat kade sto na narednite izbori sostavot na parlamentot ke bide skoro ist kako ovoj.Zatoa i vcera vo kako vo panika,SDSM predlozi zgolemuvanje na mestata vo parlamentot za etnickite malcinstva.No SDSM-ovcite nisto ne gi spasuva,pa nitu ova,pa zatoa neka se podgotvuvaat za nov nivni ubedliv poraz.
Од: уште едно,бајрам со умот
Датум: 15.05.2010 11:45:14
Интересно.Во последно време,се некако од сите страни се третира приказната за смена на коалициониот партнер во власта.Не ми е својствено без анализи и критички осврт така ете едноставно да се ставам на нечија страна,но сиптоматично некако ми удираат вглава ваквите мислења,ако не и пласирани
Од: Трпе
Датум: 15.05.2010 11:47:36
Да,потребни се избори.Потребно е да си замине премиерот кој не е од овде.Но кој ке биде толку способен да не извлече од живата песок, во која не воведе ова блада.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.05.2010 12:08:16
По се изгледа имаме најголем број експерти по се и сешто на м2 во светски размери.Сите се цитираат ако во нивниот вокабулар се насети и најмала ронка на критизерство кон власта.Така имаме алиби за убиениот зошто не сме го интегрирале во политичкиот систем.Инаку никој од посочените експерти не образлага зошто виножитниот кампус молчи за вонредните избори.Следниот пат нека ја образложат ваквата молчаливост,би било многу интересантно.
Од: da izbori
Датум: 15.05.2010 12:38:10
Pod itno izbori. Pred samiotot na NATO
Од: nekoj
Датум: 15.05.2010 13:22:31
Porazeni ste site nacional-patriotu. Zemja so africki BDP po zitel, so nitu eden prijatel vo Evropa, kade pripaga, so zatvorenost kako nikogas i so osnovno i edino zanimanje - politika, za site pisemni i nepismeni e zemja gubitnik-a so nea site zaedno i patrioti i predavnici vklucuvajci te i tebe. Tuku ajde sto barate toa i ke si najdete.

Најди! во Утрински
Политика
Се смируваат страстите во владината коалиција
Уапсените кај Радуша пуштени на слобода
Потрагата по оружје продолжи во тетовско Ново Село
„Мериот“ ќе гради хотел во центарот на Скопје
Приштина доби список на криминалци