Што прават
Бисера Јордановска
новинарка во Алсат М
Бидејќи во текот на Европското првенство во фудбал сум ослободена од обврските околу Вестите, а денеска и утре е пауза на ЕП, логично е дека би требало да имам слободен ден. Всушност, ослободена сум од појавување на програмата, но активно работам на подготовките за преносите на полуфиналињата. Вечер сигурно ќе одам на концертот „Македонија засекогаш“ на плоштад.
Гаро Тавитјан јуниор
музичар
Како и секогаш, најголемиот дел од денот го минувам во студио, каде што работиме на нов материјал. Вечер, јас, брат ми и татко ми, заедно со Каролина, настапуваме на концертот „Македонија засекогаш“, каде што ќе ја изведеме песната „Дафино, вино црвено“.
Искра Шукарова
примабалерина и кореограф
Во МОБ сезоната трае до 7-8 јули, па секојдневно вежбам, иако нема веќе претстави. Почнувам да размислувам и да се подготвувам за проектот „Формула“, чија премиера ја планирам за септември, како и за настапот на „Танц фест“ во текот на август во Виена. |