Што прават денеска
Ели Танаскова
новинарка
Рано, пред да фатат непријатни горештини, одам на работа. Потоа следува мало разладување - базенот во Карпош каде што одам со гостите од Чешка. Во вториот дел од денот со сопругот и пријателите од Италија ќе најдеме некое убаво местенце за седење на кејот, до доцна во ноќта.
Ангел Бунгуров
фудбалски контролор
Пред два дена се вратив од Санкт Петербург каде што бев контролор на мечот на младите репрезентации за ЕП до 21 година меѓу Русија и Летонија. Денес со семејството патувам малку на одмор во Њујорк кај пријатели. На враќање сум одреден од УЕФА повторно да бидам контролор.
Марија Арсова
стоматолог
Додека се подготвувам за работа, истовремено го пијам и утринското кафе. Има доста работа зашто сите сакаат да отидат на одмор со убава насмевка и без страв дека забоболката ќе им го уништи одморот. По работата, одам со колегите на кафе, а приквечер пешачам накај Голак. Вечерта ќе ја поминам со добра книга. |