Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Мислења

Мислења

Економски патриоти и предавници

Ден Дончев

Дали е патриотизам да се потрошат 350 милиони евра за увоз на струја, а да се занемари домашното производство

Минатата седмица во државава многу се зборуваше за патриотизам и за предавство. Што значи да си патриот и кои се вистинските патриоти на Македонија? Без да навлегувам во содржината на таквата дебата, сепак, ми се чини дека едно е патриотизам во време на војна или на конфликт, а сосема друго е патриотизам во мир. Во време на војна или на конфликт нема поголем патриот од оној што го дал својот живот за Македонија или, пак, преку преземените постапки бил подготвен да го даде својот живот. Во време на мир најголемиот патриотски чин што може да биде направен, од аспект на оние што раководат со државата, е да го подобрат стандардот и квалитетот на живеење на сите граѓани во државата. Патриотска економска политика подразбира дека тие што се на раководни места водат сметка за државата на ист начин како што секој од нас поединечно води сметка за економското добро на сопствената фамилија.

Во контекст на ваквиот економски патриотизам, се поставуваат неколку клучни прашања. На пример, дали е патриотизам да се зголеми вкупниот бруто-надворешен долг на Република Македонија за речиси една милијарда евра во последните три години? Вкупниот бруто-долг на Македонија веќе изнесува четири милијарди евра, што претставува задолжување од околу 6.000 евра по семејство. Се разбира, семејствата не се директно одговорни за исплатата на овој долг, но капацитетот или изворот за отплата ќе биде идната економска вредност создадена од сите семејства во Република Македонија. Дел од оваа идна економска вредност ќе мора да биде одземен преку разни директни или индиректни даноци и давачки со цел да се отплаќаат овие долгови. Како што секој знае дека задолжувањето на сопствената фамилија денес значи отплата на тој долг во иднина преку пренасочување на дел од идните семејни приходи, така и секој патриот треба да знае дека задолжувањето на државата денес значи задолжување на идните генерации кои ќе мораат да најдат начин да ги плаќаат долговите на нивните предци. И како што никој татко не би сакал да живее поудобен живот денес на сметка на задолжување на неговите деца во иднина, ни еден патриот не би можел свесно да ги решава проблемите денес преку задолжување на граѓаните во иднина. За жал, останува фактот дека во последните три години бруто-надворешниот долг на Република Македонија се зголеми за речиси една милијарда евра!

Дали е патриотизам да се дозволи зголемување на трговскиот дефицит на Република Македонија од 900 милиони евра пред три години, на рекордно високо ниво од 1,8 милијарди евра денес? За жал, тоа се случи. Дали е патриотизам да се потрошат 600 милиони евра од девизните резерви со цел да се покријат дупките во тековната сметка на Република Македонија? Девизните резерви се резултат на досегашната кумулативна економска активност на сите семејства во Република Македонија и се, де факто, резерви за идните генерации кои припаѓаат на сите семејства во Македонија. Како што секој татко работи со цел да остави што поголемо богатсво на своите деца, така и секој патриот кој раководи со државата би требало да работи за да остави што побогата држава на идните генерации.

Државата мора да стреми да постави услови за подобар живот на нашите деца. Девизните резерви им припаѓаат на нашите деца. Тие резерви се дел од наследството кои ние сме должни да им го оставиме. Но, наместо тоа, во последните дванаесет месеци Владата потроши 600 милиони евра од девизните резерви или приближно 1.000 евра по семејство, со цел да ги покрие катастрофалните ефекти од фискалната и монетарната политика во последните три години.

Дали е патриотизам да се потрошат над 350 милиони евра во последните три години за увоз на струја, а притоа да се занемари енергетскиот потенцијал што постои во Македонија? Ниту еден конкретен чекор што би можел да го намали ваквиот одлив на девизи не е преземен во последните три години. Дали е патриотизам да дозволиме нето-дефицит од 250 милиони евра за увоз на земјоделски производи? Ако оние што раководат со Република Македонија не можат да создадат реални услови за вредните земјоделци во нашата држава да извезуваат земјоделски производи повеќе отколку што увезуваат трговците, тогаш каква надеж останува на кое било друго поле во економијата. Наместо да се трошат стотици милиони евра за залудно рекламирање во очајната потрага по странски инвеститори или изградба на споменици и статуи, набавки на автомобили, мебел и слично, најголемиот патриотски чин што би можел да се направи е да се насочат значајни средства и ресурси кон земјоделскиот сектор, кој може и треба да биде значаен двигател за реалната македонска економија. Дали е патриотизам да се ветува дека ќе се намали невработеноста, а денес, како и пред три години, стапката на невработеност и натаму останува 35 отсто?

Сигурно не е патриотизам да се измамат земјоделците да инвестираат во сточен фонд, а цела година потоа млекото едвај да се продава по 9 или 10 денари од литар. И не се преземат никакви мерки!

Дали е патриотизам малите и средните претпријатија да не можат да дојдат до кредити од комерцијалните банки за обртен капитал? Оној мал број што успеваат да дојдат до кредити се принудени да плаќаат каматни стапки од 10 отсто и тоа во услови кога каматните стапки во Европа се движат на околу 4 отсто. Сигурно и ова не е патриотизам, но благодарение на владината фискална и монетарна политика во минативе три години, денес тоа е реалната слика во банкарскиот сектор. Дали е патриотизам да се ветува инвестициски бум од осум милијарди евра пред само шест месеци, кога во 2009 година Република Македонија едвај ќе успее да привлече директни странски инвестиции од 100 милиони евра? Конечно, какви патриоти можат да бидат сите оние што раководат со државата во услови кога 25 отсто од семејствата во Република Македонија живеат во сиромаштија, според дефиницијата на Светска банка?

За жал, списокот е уште подолг. Тоа е реалната економска слика во Македонија денес. Најголемиот патриотски чин на економски план е значајно намалување на стапката на невработеност и подобрување на стандардот на живеење на сите граѓани. Се разбира, нема магични решенија ниту, пак, е лесно да се создадат подобри економски услови. Но, првиот неопходен чекор е да бидеме свесни за реалните проблеми со кои сме соочени и да почнеме да применуваме реални решенија.

Голем дел од проблемите што денес ги има Македонија на економски план можат да бидат решени во релативно краток период доколку енергијата е целосно насочена кон патриотска економска политика. Се' друго е свесно бегање од одгов��рност и обид да и' се замачкаат очите на јавноста. Македонскиот народ заслужува многу подобро!

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1963 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 02.12.2009 08:43:42
Neznam samo na kogo mu pisuvas. Gledas li deka celta im e samo licno bogatenje. Nisto drugo ne gi interesira. Ustvari ke se zainteresiraat za tebe, ako prodolzis vaka da pisuvas, ne za drugo ,tuku da ti najdat nesto za da te uapsat. Pazi se.
Од: prijatel
Датум: 02.12.2009 10:08:47
Ova e vistinskata tema na koja treba da se raboti za dobroto na site.
Од: kkk
Датум: 02.12.2009 11:16:33
dobro e sto ne sum posledni vo svetot .po nevrabotenost ,po sirtomastija .po ekonomija .ke se tesime sto sme pretposledno.....ako vi e ubavo narode makedonski vaka so ovaa vlast pak da glasate za nea ..pozz
Од: граѓанин
Датум: 02.12.2009 11:36:47
Господинот Ден Дончев има најмалку право да зборува за патриотизам.Каков патриот беше во Владата на Љубчо.Добро му беше кога ,,патриотски" ги переа парите од Телекомот.
Од: tekelija
Датум: 02.12.2009 11:51:22
samo preku prudentna ekonomska politika do spas
Од: Našiot čitatel
Датум: 02.12.2009 12:05:23
Im go kršite optimizmot na gragjanite ... Se šalam - odlična statija, ednostavna matematika, raboti koj bi trebalo da gi razberat site što sakaat da gi razberat. Ja imate mojata moralna podrška. P.S. optimizmot e odličen, posebno koga se bazira na realnosta
Од: svesen
Датум: 02.12.2009 12:11:27
Ova e tema na koja treba da se obrne vnimanie vo naredniot period ,prasanjeto za imeto ce stane bespredmetno koga ce potoneme do taa mera da ni bide edinstveno vazno da se prezivee.Opozicijata treba da pritisne da prestane sekojdnevnoto zadolzuvanje ako pretendira da dojde na vlast, treba da misli kako ce gi vraca zaemite .Po mene so vakvo tempo na zadolzuvanje za kratko ce staneme Argentina od osumdesetite godini.
Од: Jane
Датум: 02.12.2009 12:32:00
Дончев не ми е по воља и за мене нема кредибилитет, заради минатото, а Бошкоски не може тој хендикеп да му го компензира, но бројките што ги кажа ме вознемирија.Надворешниот долг зголемен за милијарда, а дефицитот за 100%. Се надевам дека некој компетентен коментатор ќе ги потврди или негира овие податоци.Заради кризата, очекував дека надворешниот долг ќе порасне, но најмногу за пола милијарда.
Од: Читател
Датум: 02.12.2009 13:05:43
Она што го пишува г. Дончев, кој по струка е економист е навистина многу јасно кажано и економски оправдано. Но, она што се прави од економистите- со научни титули во Владата на РМ е нејасно и навистина ме зачудува како може тие луѓе да завршиле Економски факултети? Сакаат да измислат некоја нова економска теорија која успешно ќе даде резултети во праксата, но никако да успеат. И токму најголемите критики ги добиваат од своите колеги економисти, кои ја научиле економијата, но критиките доаѓаат и од луѓето- домакини, кои јасно знаат што е продуктивно, а што е непродуктивно инвестирање и трошење на парите. Не знам до каде ќе се движиме со ваква економска политика, но се плашам дека ќе се направи некоја голема глупост, од која ќе излегуваме повторно со други луѓе кои нема да ги добијат изборите затоа што се квалитетни, туку затоа што овие другите биле катастрофални. И до кога така? Па, затоа соседите играат на картата на време, чекаат самите да се “отепаме“.
Од: Kiril
Датум: 02.12.2009 13:49:04
Ova se odnesuva na gospodinot sto se potpisal kako graganin:Pocituvan gospodine,togas vo taa vlada koga se perele parite od Telekomot minister za Finansii bese GRUEVSKI bez negovo znaenje veruvajte deka nemozelo toa da se sluci.Pozz
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 02.12.2009 13:53:46
i ovoj gospodin najde da zboruva za loso rabotenje ?????a prvo da si napravi revizija za svoeto rabotenje dodeka bese na funkcija???ziva katastrofa!
Од: Миле
Датум: 02.12.2009 15:21:09
Што сакаше писателот да каже? Најверојатно ќе морам да го обновам своето знаење од економијата за да можам да разберам дали за постојната неповолна економска ситуација е виновна владата која во минатото не обезбеди адекватно со поволна структура индустриско производство? Што не обеѕбеди адекватни профили на стручни кадрови? Што изврши криминална приватизација? Што ја предизвика светската економска криза? Или сево ова и не е важно туку да се прифати шовинистичкото барање на Грција за промената на името и работите ќе се средат.
Од: mene
Датум: 02.12.2009 15:45:29
Patriotiam e pripadnost pred se dali bogat ili siromav patriot treba da znae kade pripagja.Tocno e deka sme siromasni,a kakvi se nasite komsii srbite hrvatite,albancite...
Од: ORCE MAKEDONSI
Датум: 02.12.2009 19:14:57
Prvpat nesto i od tebe da procitam dobro .samo ke te molam DEN DONCEV ,ako si prav patriot da gi dostavis ili ja ostapis tvojata ekonomska analiticka programa sto bi rekle stranskite ekonomisti FREE za dobroto na makdonskiot narod vo RM .POZZ ORCE MAKEDONSKI

Најди! во Утрински
Мислења