Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економ��ја
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Мислења

Мислења

Ослободете ги младите

Слободан Најдовски

Нема дилеми дека единствената цел на контрапротестите е пренасочување на фокусот на интересот за расчистување на случајот поврзан со младиот Мартин

Во колумната од минатата недела, по однос на протестите по повод претепувањето до смрт на младиот Мартин, пишував дека е недела на одлука. И навистина се донесе одлука.

Но, наспроти очекувањата на македонските граѓани да се донесе институционална одлука и случајот да се канализира со разрешување на мистеријата, сепак, зад завесите се донесе одлука да се дисквалификуваат и да се оневозможат протестите на младите луѓе што бараат одговорност за случајот и реформи во полицијата. За жал, се остварија очекувањата на одделни аналитичари и новинари дека нема да биде далеку денот кога учесниците на протестот ќе бидат прогласени за нечии партиски војници непријателски настроени против државата и системот. А, против таквите, се знае како ќе реагира државниот апарат.

Во јавноста веќе се наметнува дилемата кој ги организира, а не се дава одговор на прашањето за главната причина за протестите. Направените рендген-снимки на дел од учесниците, според нечија замисла, треба да покажат дека тие се непријатели што не и' мислат добро на својата држава и немаат личен кредибилитет и интегритет да им се верува во искреноста на нивните барања. На сето тоа уште кога од устата на високи функционери на власта ќе се чуе дека за кратко време тие млади луѓе, инструирани однадвор, подготвени се со молотови коктели да ги напаѓаат државните институции, станува се' појасно кои се намерите на власта. А, нели нема друг начин да се спречат тие непријателски државни елементи, освен за почеток „вистинските родољуби и патриоти“ да им се спротивстават со контрапротести. Ако не успее тоа, се знае што следува.

Многу изненадувачки е со која жестокост и горчина им се обрати младинката на своите врсници со најавата дека в понеделник ќе видат што се протести. Од каде и' дојде толкава сила и верба дека може за два дена да организира големи протести? Мора де е некој голем авторитет, речиси Клара Цеткин, штом е толку многу убедена во својата намера да организира големи протести и зад себе да ги поведе своите следбеници. Кој спомна дека зад неа стои партија?

Но, дали си го поставува прашањето што бараат на нивните контрапротести и од кого. Нема дилеми дека единствената цел на контрапротестите е пренасочување на фокусот на интересот за расчистување на случајот поврзан со младиот Мартин. Не е случајно што за најавата на контрапротестот е избран термин еден ден пред најавените големи протести. Со етикетирањето дека зад организацијата стои опозицијата, пратена е не само порака, туку и закана дека секој учесник на протестите е опозиционер, а кај нас, богами, тешко на тој што е против власта.

Не го оспорувам правото на поединци да се организираат и во поддршка на институциите на власта и да покажат дека се задоволни од начинот на нивното функционирање. Еве, предлагам како одговор на досегашните протести на младите што се собираат кај споменикот на Мајка Тереза, групата контрапротестанти да го искаже своето задоволство од досегашните резултати на институциите поврзани со немилиот настан.

Но, и' кажа ли некој на младинката, комсомолка по начинот на нејзиното однесување, до каде може да доведе нејзината најава? § кажа ли некој дека начинот што го избра, а се состои во спротивставување на друга група учесници во протестите води до поларизација и поделба меѓу младите и може да има несогледливи негативни последици? § кажа ли некој дека ако се предизвика улична конфронтација меѓу нејзините врсници, а имајќи ја предвид младешката желба за покажување храброст и ентузијазам, може да бидеме сведоци на меѓусебни пресметки што ќе имаат трагични последици?

Веќе е јасно дека започнува пресметка со учесниците на протестите. До конституирањето на Собранието и формирањето нова влада треба да бидат замолчени. Се покажа успешна тактиката да се оневозможи организирање протести во градовите во внатрешноста. Проблем за некого се протестите во Скопје. Додека младите во Скопје протестираат и бараат реформи, со исклучок на Битола и донекаде Велес и во Струмица, изостанаа протести во другите градови. Убеден сум дека младите од внатрешноста пукаат од задоволство од функционирање на правната држава и нивното место во општеството. Напротив, само се покажа како функционира државата и колкав е стравот во помалите средини да не се биде виден на протести.

Зошто некому му пречат протестите на младите? Зошто се сака да се скрши нивниот морал? Зошто некој сака да ги прикаже протестите како негативна енергија насочена кон припадниците на полицијата, а не против организациската поставеност и функционирање на полицијата како систем.

Наведените реакции и постапки покажаа дека Македонија има помалку демократски капацитет отколку што имаше во далечната 1968 година во комунистичка Ј��гославија. Тогашната комунистичка власт на масовните студентски демонстрации не им се спротивстави со сила и притисоци, туку одбра да разговара за причините за незадоволството на младите од случувањата во општеството. Но, денес, по се' изгледа нашиот Вељко Влаховиќ, кој тогаш разговараше со младите, е олицетворен, барем за почеток, во софистицирани притисоци и закани врз учесниците на протестите.

Доколку вака продолжи реакцијата на институциите и доколку не се остави простор за слободно искажување на незадоволството, нема да биде далеку денот кога ќе треба некои други млади, но и возрасни да организираат протести за ослободување на сегашните организатори на протестите. Во тој случај, нема да биде далеку денот кога ќе треба да се пишуваат пароли „ослободете ги младите“. За да не дојде до тоа, потребно е да се остави простор слободно да си ги искажуваат своите барања, а тие можат само да бидат граѓански притисок што ќе придонесе за зајакнување на демократското функционирање на институциите.

Младите протестанти не треба да се уплашат, но и не смеат да наседнат на игри и провокации за меѓусебни судири и судири со полицијата. Затоа, дечки, бидете внимателни да не ве насанкаат, а бидете истрајни во своите барања. Но, и држете се на досегашниот мирен и достоинствено организиран начин на дејствување.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1443 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 21.06.2011 01:22:01
"Mladinkata" ednostavno rekla: Ili smenete me ili sledete me. Ete ima sto ja sledat. Sto ima sporno vo toa. Ili na nekoi "mladi" ne treba da im se cue glasot? Isto i na postarite so nivno mislenje. Ako e taka, neiskreni vi se namerite. (Ajde sga so licni navredi namesto so argumenti, ajde da ve cujam)
Од: do demokratot na obama
Датум: 21.06.2011 05:05:09
Sto sakas da cues tuka (site nie tuka citame ne slusame) ili ti samo mozes da ismejuvas i da kritikuvas a ni treba da napiseme bravo .Se gleda od avion deka tvoeto razbiranje na demokratija e poinakvo od ovie mladi lugje sto ziveat vo Makedonija. Oni protestiraat protiv nasilstvo i zataskuvanje na rabotite od strana na policijata i nivnoto ministerstvo i ne baraat da go smenat gvujo i vmro. Nivnite zivoti se vo opasnost od razgoropadenite specijalni policajci i zatoa ke protestiraat se dodeka ne im se ispolnat uslovite sto im gi vracija na site odgovorni vo Republikata. Steta sto ne mozes ni da go cues ova nitu da go razberes.....
Од: Lazo Stefanov
Датум: 21.06.2011 07:44:49
so kontraprotesti se pravat samo meckina usluga. Ako kontraprotestite prodolzjat, togas , mladite demonstranti imaat silno opravduvanje da ja povikaat barem ednas opozicijata i da napravat silen zaednicki protest. A samoto sfakanje deka ne treba da doagaat clenovi na partija e pogresno, duri i da nosat partiski obelezja. Clenovite na partii ne se poinakvi od nas. Tia se isto taka gragani kako i nie site. Koga se ima ist stav po odredeno prasanje, toa e normalno. Sojuznistvoto i podrskata e normalna rabota.Bitno e na graganite, a posebno na mladite da im s dade sloboden prostor na deluvanje. Samo mora sojuznicite i podrzjuvacite da ne go stesnuvaat ili odzemaat prostorot na izrazuvanje i deluvanje na mladite, koi se partiski neoboeni.
Од: Alek ®
Датум: 21.06.2011 08:34:13
Власта веќе премногу го применуваше методот контрапротести. До толку ,што навистина е прочитана од секој совесен граѓанин, па себеси се изложува на јавен потсмев. Кутри беа оние млади котрапротестанти кои, за разлика од девојчето кое го научило (колку-толку) штабскиот говор, не знаеја ни зошто се таму, ни што да изјават. Фактот што полицијата нив ги пропушти онаму каде што се упатиле, а вистинските демонстранти не, уште толку го оправдува протестот. Можеби и дел од оние 430.000 соучесници во злосторствата и прикривањето на власта ќе се освестат пост фестум од „блескавата победа“.
Од: steve
Датум: 21.06.2011 08:52:07
Mnogu zalno koga moite makedonci se delat na partija aso toa nacionalno se unistuvaat.Vo diskusija so edno vojno lice od S.A.D.koj dobro go naucil i nasiot mentalitet,mu se p[ozaliv deka site se protiv nas makedoncite i ne nesakaat toj mi odgovori;e moj prijatele-vie makedoncite sami ne se sakate a barate drug da ve saka.
Од: Licemerie
Датум: 21.06.2011 09:05:27
Odlichen tekst, g-n najdovski. Vchera na TV gledav protesti vo Grcija, Shpanija, Germanija i ne slushnav deka tamu imalo KONTRAPROTESTI pred opozicijata. Golema SRAMOTA e za podmladokot na VMRO shto ne zastanaa vo odbrana na nivniot chlen, vo odbrana na chovekovite prava, vo obrana na moralot, na doblesta, na izgubenite vrednostvi vo ova licemerno opshestvo. Tie mladi lugje shto ZNAAT za shto shtrajkuvaat ne se niknati vo saksii, niv gi rodile majki koi i dobro gi vospitale da go branat toa shto politicharite go RASIPUVAAT.
Од: Не ги злоупотребувајте протестите.
Датум: 21.06.2011 11:04:19
Толку труд за да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ и тоа за џабе. Еве уште продолувате. Свртете се малку кон вашите губитници и посветете им малку внимание. Тие треба да се реформираат. Напишете нешто против Црвенковски, на пример. Не ги злоупотребувајте протестите.
Од: 3G
Датум: 21.06.2011 14:28:52
Mladite ako treba i drugi gragani imaat pravo da iskazat i da demonstriraat i manifestiraat zagrizenost od brutalnosta na poedinecot od institucijata i da pobaraat podobruvanje na sostojbite vo institucijata za pogolema bezbednost a toa e podobra selekcija i podobra obuka. No tie ja preminaa granicata, pokazaa nekultura i od protest preminaa vo sekojdneven bunt protiv vlasta instruirani da isporacaat politicki baranja. Duri i tie baranja se prifateni i site institucii se angazirani. Zatoa nitu jas a i mnogumina ne razbiraat zosto e toj sekojdneven bunt? Duri na primer i da e izgotven zakon, toj treba da pomine procedura a sobranieto ne pocnalo da zasedava.Preku nok li da se donese sudska odluka koga sudenjeto ne e nitu zapocnato. Ova e totalno degradiranje na civilizacijata, rusenje na site nejzini pravila i normi.
Од: Gragjanin
Датум: 21.06.2011 15:12:22
Ne samo parodija od kontraprotesti i procitana taktika nego nbapisanata izjava na ufrlenata mladinka BARAVTE PROTESTI E KE VIDITE Koj ne moze da sfati deka e po ppreporaka na dpmne e ili idiot ili so ispran mozok ( citaj Leta magareto, da letaaaa)

Најди! во Утрински
Мислења
Која е нашата граѓанска одговорност?

"""