Број 3254  сабота, 10 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Осомничените адвокати во редовна постапка

Скопските адвокати Ратко Боцевски (62) и Благица Арсовска (51), кои од пред два дена МВР ги осомничи дека сториле кривично дело противзаконско посредување, ќе бидат третирани во редовна кривчина постапка. Како што неофицијално се дознава, постапката што допрва следува против адвокатите, ќе биде во редовна постапка, што, пак, значи дека тие нема да бидат третирани од Одделенијата за борба против организираниот криминал и корупцијата на Обвинителството и судот. Ова значи дека за нив ќе биде поведена кривична истражна постапка, која не претпоставува итност во работењето, а најверојатно Обвинителството ќе се задржи само на ова, односно нема да му предлага на судот и притворска марка. До ваков расплет на оваа афера, најверојатно, доаѓа поради измените во Законот за кривична постапка, но ова не значи дека тие нема да одговараат за делото за што се товарат.

Двајцата познати скопски адвокати се најдоа на удар на МВР, по пријава на прилепчанка, која ја информирала полицијата дека од неа најпрво биле побарани 20.000 евра, а потоа 14.000 евра, а за возврат требало да издејствуваат поволна пресуда за нејзиниот брат. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 618 пати.

Испрати коментар

Од: gabi
Датум: 10.04.2010 17:55:07
se raboti so mito i korumpiranost pozdrav

Најди! во Утрински
Хроника
Капетанот и контролорот обвинети за потонувањето на „Илинден“
Од Комерцијална банка во Кисела Вода украдени 3.000 евра
Загина 80-годишен тракторист
Подигнете ги готовите лични документи
За разбојништво, 3,5 години затвор
Во домашен притвор поради дрога