Број 3276  петок, 07 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Рестартиран поранешен „Силмак“

Новите газди на поранешен „Силмак“, групацијата ЕФТ, го рестартира производството. „Метал инвест ЕФТ“ е новото име на комбинатот во кого за почетокот ќе почнат да работат две печки, од постојните девет. На работа се вратени околу 240 работници, или 99 отсто од досегашните вработени и се направени мали измени во менаџерскиот тим. Директор на „Метал инвест ЕФТ“ ќе биде Митко Кржевски.

Во иднина се планира зголемување на производството, а со тоа и вработување нови лица, најави раководството на вчерашната прес-конференција. Од компанијата посочија и дека имаат обезбедено суровина за работа до крајот на годината, а производството на феросилициум ќе биде наменето традиционално за европските пазари, пред се', во Словенија, Италија, Германија, Словачка и од Чешка.

Според управителот на „Метал инвест ЕФТ“, Кочо Анѓушев, отсега компанијата функционира посебно и нема ништо спорно со другите доверители, кои поведоа стечајна постапка за имотот на „Силмак“. Отплатени се хипотеките и со тоа на легален начин е стекната сопственост врз дел од имотот на „Силмак“. Анѓушев посочи дека идејата на новите сопственици е да се рестартира фирмата и да се продолжи со производство. А, во периодот што следува ќе се произведува и силициум метал, кој има повисока пазарна цена од феросилициумот.

Инаку, новиот сопственик влезе во „Силмак“ пред околу два месеца и по направените анализи и ремонти, сега донесе одлука да започне со производство. (М.Т)


#
Статијата е прочитана 355 пати.

Испрати коментар

Од: Krstovski
Датум: 07.05.2010 09:21:09
Ubavo e koga kje se chue deka neshto se rstartira, makar i postojan kapacitet.

Најди! во Утрински
Економија
Може и да ќариме од грчката криза, ама да не и' се радуваме
Бизнисот бара ефикасни и брзи судски постапки
Еврото со најслаб курс од почетокот на 2009 година
ЕЛЕМ купува за РЕК „Битола“ опрема од 17,3 млн. евра
Властите веќе се растрчаа за еврообврзницата
Нова понуда на ТВ Бум со два и три пакета