Имотот на Амди и Елвис Бајрам под лупа на даночниците
Имотната состојба на пратеникот Амди Бајрам и на неговиот син Елвис Бајрам, кој е градоначалник на Шуто Оризари, е под лупа на даночниците. Во предистражната постапка Антикорупциската комисија утврдила нецелосни податоци во анкетните листови на таткото и на синот Бајрам, па затоа иницирала постапка за испитување на потеклото на нивниот имот до Управата за јавни приходи. Надлежните институции, Катастарот, Централниот регистар, Министерството за внатрешни работи веќе ги проверуваат недвижниот имот, сопствеништвото врз фирмите и имотот во возила на име Бајрам.
„Нашето истражување потврди дека Амди и Елвис Бајрам не го пријавиле целосно имотот“, изјави вчера претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Илми Селами. Тој нагласи дека за секој функционер, што не дава детаљна информација за својот имот во анкетниот формулар, по автоматизам се поведува постапка за испитување. Епилогот, рече Селами, е 70 отсто оданочување на нелегално стекнатиот имот, конфискација и кривична пријава.
На Интернет-страницата на Антикорупциската комисија www.dksk.org.mk каде што се објавени анкетните листови на избраните и именуваните функционери, пратеникот Амди Бајрам нема дадено никакви податоци за имотот. Но, Елвис Бајрам во графата за имот на родители запишал куќа од 50 квадратни метри во Скопје, вредна 1,23 милиони денари. Како свој имот првиот човек на скопската општина Шуто Оризари пријавил куќа од 600 квадрати во изградба, со вредност од 3,69 милиони денари.
Во Антикорупциската комисија велат дека постапките за испитување на имотот на функционерите се многу долги и траат најмалку три месеци. Антикорупционерите сметаат дека даночниците мора да направат повеќе за зајакнување на одделот за испитување на имотната состојба, со цел побрзо завршување на постапките, а тоа, велат ќе биде најдобар превентивен пример за другите функционери. (К.Ч.)
Bezobrazluk neviden, no ne od Amdi i sin mu tuku od pretsedatelot na antikorupciska. Ova zboruva za negoviot kapacitet i deka partizacijata e prisutna i tuka. Treba da se proverat site fakti pred d ase izleze so vakva konstatacija. Vo anketniot list na sinot stoi imot na roditeli, t.e. na majkata koja sto ne zivee poveke od 30 godini so amdi bajram i nema nisto zaednicko so nego. Elvis Bajram go prijavuva imotot na majkata, bidejki e zakonski naslednik, i "profesionalcite" od antikorupciska utvrdile neprijaven imot. Ova definitivno zboruva za selektivniot pristap na antikorupciska komisija, kade sto e najtenko se udira, no bez argumenti
Од: ace
Датум: 07.05.2010 09:39:26
So petta golcinja im davase na poznatite "politicari".Denes Amdi e vo vlasta,muva ne go lazi.Ova e samo uste eden primer za zamajuvanje na javnosta i nejzino dozirano otupuvanjeso dijazepami i drugi antidepresivni sredstva.Amdi i ovoj pat ce se izvlece.Jas mu se divam.Da se odnesuvav kako nego ce bev covek.Denes neznam kako da se custvuvam.Bev rakovoditel od najvisiok rang vo edna golema firma.Poradi mojot komunisticki odnos-dajmu na drugiot a za sebe ako odtane,denes ja ziveam od penzija so 300 evra.E toa e mojot odnos,koj denes se ceni kolku lanskiot sneg.Do Amdi.Prodolzi da zivees onaka kako mozes,ne beri gajle nikoj nisto ne ti moze,site tie se kako tebe.Ne go slusaj mozokot tuku stomakot.
Од: Jane
Датум: 07.05.2010 13:45:29
Зарем едниот овие двајца или двајцата, не с(е) во затвор? - Или им го простија затворот за да бидат градоначалници или пратеници до века на власт?