06.05.2010, 17:35 Помали придонеси -празна државна каса

можно е да се коригира во текот на годината, ако заздрави економијата.
За 2010 година стапките за ПИО се намалија од 19 на 18 проценти, придонесот за здравство од 7,5 на 7,3 проценти, а придонесот за вработување од 1,4 се намали на 1,2 процента. Намалените стапки на придонесот за здравство предизвикаа очекувана финансиска дупка во Фондот. Како што информираат од оваа институција, во трите месеци од годинава дупката во Фондот изнесува 7,5 милиони евра, а заклучно со април, според неофицијални најави, таа ќе достигне и приближно 11 милиони евра. Владата поодамна вети дека ќе интервенира со буџетски средства и дека нема да дозволи Фондот да има недостиг од пари. Но, досегашните мерки не одат во прилог на кажаното. Ланската дупка во Фондот изнесуваше околу 1,3 милијарди денари, 21 милион евра, а Владата интервенираше само со 1 милијарда денари. Неизвесно е како и дали ќе интервенира и наскоро со нови суми.
За разлика од Фондот за здравство, од Фондот за ПИОМ, пак, никогаш не обелоденија колкава би била или колкава е, финансиската дупка од намалувањето на придонесите. А, очигледно дека има финансиски проблеми, ако се има предвид дека исплатата на пензиите на осигурениците речиси секој месец се врши на различни датуми. Тоа е спротивно на најавите на Владата дека не се очекува никаков дефицит во пензискиот фонд, затоа што се воведоа санкции за ненавремената уплата на придонесите од фирмите.
Според УЈП, освен намалените износи од социјални придонеси, во првиот квартал од годинава во државната каса се собрани и за 8,23 отсто помалку средства од наплатата на даноците, во однос на истиот период лани. Од персоналниот данок на добивка, данокот на доход и данокот на додадена вредност биле остварени 182 милиона евра, а лани биле слеани 198 милиони евра по таа основа. Најмногу средства во првиот квартал годинава се инкасирале по основа на ДДВ - 126 милиони евра. (М.Т.) |