22.04.2012, 16:32 Жарко Лаушевиќ заработил 200.000 евра од својата книга
Деновиве и „Утрински весник“ објавува извадоци од овој роман, што за македонската читателска публика го издаде издавачот „Три“
Актерот Жарко Лаушевиќ направи сензација, кога минатата година го испрати ракописот на својот роман „Годината минува, денот никогаш“, во кој пишува за својата трагична судбина. Деновиве и „Утрински весник“ објавува извадоци од овој роман, што за македонската читателска публика го издаде издавачот „Три“.
Познатиот актер за оваа книга добил околу 200.000 евра, а голем дел од сумата веднаш го потрошил за да ги врати долговите, што му се насобрале со години.
Жарко со години е во доброволно прогонство во САД. Тој, по излегувањето од затворот се развел со првата сопруга Маја, со која има син и ќерка. Од 1999 година живее во Њујорк, каде што во меѓувреме се оженил со сценската шминкерка Анита, со која добил и ќерка.
Лаушевиќ моментално го завршува пишувањето на вториот дел од овој бестселер, кој ќе говори за неговите американски маки и за деновите минати во доброволен егзил.
Автобиографијата „Годината минува, денот никогаш“ на еден од најдобрите актери на неговата генерација од поранешните ју-простори е продадена во рекорден тираж од 350.000 примероци. |