24.04.2012, 12:35 Сириската армија гранатира цели во провинцијата Хомс
Сириската армија утрово гранатира населби во централната провинција Хомс, а судири меѓу војската и Слободната сириска армија има и до границита со Турција и покрај присуството на меѓународните набљудувачи.
Утрово е гранатиран реонот на Растан, но се уште нема информации за евентуалните жртви, изјави локален претставник на опозицијата
Во северната провинција Идлиб провласините нападнаа неколку реони во близина на границата со Сирија, кои се сметаат за бастиони на Слободната сириска армија, составена од дезертери.
Прорежимските сили за безбедност почнаа и масовни апсења во близина на главниот сириски град, Дамаск.
- Во Сирија вчера беа убиени 54 цивили, од кои 31 во градот Хама, како и пет војници, сооопшти денеска Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
|