23.04.2012, 13:45 Поевтинуваат бензините и дизелот
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, а дизелот на еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Новата малопродажна цена Еуросупер БС-95 е 87,00 денари за литар, на Еуросуперот БС-98 е 88,50 денари литар, Еуродизелот ќе се продава по 72,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 61,50 денари. Се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која изнесува 47,1 денар за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 дневен период изнесуваше 119,030 долари за барел и е за 4,10 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта (124,125 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14 дневен период изнесуваше 46,9722 денари за долар и е за 0,66 отсто повисок од курсот на доларот (46,6652 ден/$) по кој беа формирани цените.
|