24.04.2012, 10:23 Брејвик планирал да избега од Утоја со украден авион
Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик планирал да украде помал авион, кој би го искористил за бегство од островот Утоја, откако ќе го изврши планираниот масакар.
Запрашан во судницата дали во таков случај би знаел да управува со авионот, Брејвик одговори дека располагал со теоретски знаења од филмови на „Јутјуб“, јави дописникот на МИА.
Брејвик беше прашан и во врска со неговиот план да и ја отсече главата на поранешната норвешка премиерка Гру Харлем Брунтланд, при што рече дека планирал да им ја отсече главата и на норвешкиот министер за надворешни работи Јенс Гар Сторе, како и на повеќемина новинари и на претседателот на Младинскиот сојуз АУФ.
|