23.04.2012, 09:10 Експлозија и светлина ги вознемири жителите на Калифорнија и Невада
Силна експлозија и светлина, која е забележана на небото над американскиот западен брег, предизвика паника меѓу населението, но нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Се уште е непознато што ја предизвикало експлозијата која се слушнала околу осум часот наутро во поголемиот дел на Калифорнија и Невада, а се претпоставува дека причина е многу светол метеор кој влегол во земјината атмосфера, сметаат астроними.
- Прозорците ми се затресоа и веднаш проверив дали е во прашање земјотрес, но не беше, изјави Никол Карлсен од градот Рино во државата Невада.
Некои луѓе тврдат дека во тоа време виделе молња на небото и според нив се проценува дека светлината опфатила речиси илјада километри на просторот меѓу Калифорнија и Невада.
|