24.04.2012, 12:29 Конгресмени од грчкото лоби со критики кон Македонија
Двајца американски конгресмени, од групата за поддршка на Грција во Конгресот на САД, поднеле резолуција со која се обвинува дека Македонија се однесува непријателски кон Атина и ја крши Времената спогодба од 1995 година
Предлог резолуцијата е поднесена од Гас Билиракис, републикански конгресмен од сојузната држава Флорида, и Керолин Мелоуни, конгресменка од Демократската партија од државата Њујорк. Билиракис и Мелоуни се ко-претседавачи на Групата за грчки прашања во американскиот Конгрес, и се поддржувачи на грчката политика во Вашингтон, по прашања како што се спорот за името со Македонија, статусот на поделениот остров Кипар и други теми. Иако Соединетите Американски Држави ја признаваат Република Македонија според уставното име, во резолуцијата, Билиракис и Мелоуни ја користат времената референца.
- Властите во Скопје со своите политики, активности и реторика во изминатите неколку години го кршат духот и словото на Времената спогодба од 1995 година меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија и со тоа ги нарушуваат пријателските односи меѓу двете земји, пишува во предлог-резолуцијата.
Конгресмените Билиракис и Мелоуни понатаму ги обвинуваат македонските власти дека повикувале на бојкот на грчките инвеститори во Македонија, и ги повикувале граѓаниет да не патуваат во Грција. Во нивната резолуција се тврди дека Грција инвестирала милијарда долари во Македонија и дополнително доделила помош од 110 милиони долари.
Американски пратеници поврзани со грчките организации во САД и порано поднесувале слични резолуции до американскиот Конгрес со кои се критикува Македонија. Од друга страна, на почетокот на април група од 54 членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес испратија отворено писмо до претседателот Барак Обама во кое оценуваат дека Македонија ги исполнила сите услови за членство во НАТО и го повикуваат претседателот да обезбеди Македонија да добие покана за членство на самитот во Чикаго.
Слични повици дојдоа од поранешниот претседателски кандидат на Републиканската партија сенаторот Џон Мекејн и поранешниот државен секретар на САД Кондолиза Рајс. Воедно, сенаторот Ричард Лугар од влијателниот Комитет за надворешни работи на Сенатот предложи закон со кој ги повикува извршните власти да ја земат предвид одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој пресуди дека Македонија не ја крши Времената спогодба, а дека Грција ја прекршила со ветото на самитот во Букурешт. Во март конгресменот Мајкл Тарнер од Охајо поднесе предлог-закон до Конгресот со кој исто така се бара Македонија да добие покана за членство во НАТО.
|
|
Статијата е прочитана 1161 пати.
|
Испрати коментар
|
|
pile, 24.04.2012 13:01:57 | ,,Властите во Скопје со своите политики, активности и реторика во изминатите неколку години го кршат духот и словото на Времената спогодба од 1995 година,teza, koja mozjebi imase verodostojnost se do objavuvanje na Presudata na MSP vo HAG od 05.12.2011 godina,vo regularna postapka vodena od najvisok Sudski organ pri OON.Vo koja eksplicitno e navedeno deka na Samitot vo Bukurest 2008 godina R. Makeodonija bila onepravdana so prekrsuvanje na clenot 11 od VS od 1995 godina,i stavanjeto na veke dokazjano neosnovano veto od R.Grcija za priem na zemjata vo NATO Alijansata.Seto izneseno posle Haskata presuda,za navodno nepocituvanje na VS od 1995 godina od strana na R.Makedonija, pretstavuva neseriozen obid za potkopuvanje na kredibilitetot na Megjunarodnata institucija.Postignatiot gol od ofsajd na natprevarot-Samitot vo Bukurest, i suspenzijata od ponatamosno ucestvo na R.M.,po prigovorot-tuzjbata do MSP, e ponisten i takvoto postignuvanje neregularni golovi e nepreporaclivo vo idnina. |
| Novajlija, 24.04.2012 13:19:36 | A be ovie znaat li kade e Hag, ako neznaat neka prasaat, a dali znaat da citaat? Ako neznaat neka naucat. Ubavo im pisuva samo grcija ja prekrsila spogodbata , tocka! |
| КОНГРЕСЛАЖГОВЦИ, 24.04.2012 13:32:00 | Е баш обратно досуди Судот во Хаг. Пријател од грчка амбасада овие Грци исто како тебе мислат т.е. лажат. |
| NIN, 24.04.2012 15:05:30 | Јасно е дека конгресмените не утврдуваат дали или не се прекршува Времената спогодба и кој ја прекршил. Но ако тоа им е битно, за среќа Хашкиот суд веќе работеше на случајот и донесе одлуки кои на конгресмените ќе им го олесни пишувањето на резолуции и тоа поткрепено со факти. Грција ја прекрши времената спогодба, а Македонија има право да го користи своето уставно име и на крај САД го имаат прифатено како официјално име на државата. |
| SVETA VISTINA, 24.04.2012 17:43:26 | Grcite so EVROPSKI pari gi potkupuvaat ne samo EVROPSKITE sluzbenici da rabotat protiv Makedonija tuku i AMERIKANSKITE.Za mnogu pari site se prodavaat.Neka se svesti kancelarkata na Deutschland da ne im dava povece pomos i da ne gi maltretira germancite so danoci.Bidejci germancite po rabotlivosta se mravki a grcite sturci.Pero Negotino. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Ведро
|
Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
|
Петок
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
|