25.04.2012, 14:34 Каде исчезна првата дама на Русија?
Се шпекулира дека некогашната стјуардеса на „Аерфлот“, Људмила е затворена во некој манастир, близу Псков, покрај границата со Естонија
Мишел Обама е позната колку Барак, по Карла Бруни воздивнуваат илјадници мажи низ светот... Сопругите на претседателите на големите држави се присутни во јавноста речиси колку и нивните сопрузи. Секаде – освен во Русија.
Имено, освен во една протоколарна прилика, Људмила Путин, сопругата на рускиот претседател Владимир Путин, веќе подолго време не е видена во јавноста, а веќе се шпекулира дека некогашната стјуардеса на „Аерфлот“, е затворена во некој манастир, близу Псков, покрај границата со Естонија. Според други верзии, Људмила е затворена во луксузната вила покрај Санкт Петербург, или пак е во раскошната дача на брегот на Црното Море.
Познавачите на приликите велат дека првите несогласувања меѓу првата дама на Русија и Владимир Путин се случиле уште во 2008 година, кога тој го напуштил местото на претседател и преминал на местото премиер. До тој ден Путин својата сопруга ја водел на службените патувања, се дружела на приемите со Чери Блер и Лора Буш, а во руските медиуми била присутна постојано. Одеднаш, исчезнала преку ноќ.
„Можеби Путин ја доживува само како традиционална руска сопруга, на која не и' е место во јавноста“ – вели рускиот социолог Олга Криштановска.
Сепак, малку е веројатно дека Људмила ги заменила светлините на политичката сцена со шпоретот во резиденцијата на Путинови, зашто посакала мирен дом. Се знае дека токму околу 2008 година, Путин влегов во прилично блиски односи со Алина Кабаева, некогаш позната гимнастичарка, а сега пратеничка во руската Дума. Кабаева, која ја краси несекојдневна убавина и Путин станале многу блиски пријатели. Сепак, и таа полека минала во втор план, зашто Путин сега е многу близок со Ана Чепман, протераната шпионка од САД. Путин сака не само млади, туку и познати жени. А Људмила и понатаму ја нема...
|