Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
26.04.2012, 16:51

Дуќаните-лепенки во Безистен не требало да се урнат

Реагираа СДСМ и Центарот за културно наследство, а обвинувањата ги отфрли Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство

Катерина Богоева

Уривањето на двата дуќана залепени до Безистенот во Старата скопска чаршија, на почетокот на неделава, за кое Конзерватирскиот центар – Скопје тврди дека е извршено по сите законски прописи, предизвика реакција кај дел од стручните лица, но и реакции од опозициската СДСМ, а со задоцнување доведе и до очекуваната заедничка реакција на Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство. Заедничката реакција следуваше по изречените обвинувања од страна на СДСМ дека власта има неодговорен однос кон историското културно наследство, за што како што беше нагласено, говори и уривањето на ѕидот Безистенот. Имено, Елеонора Петрова Митевска, член на Совет на култура и Дипломатски совет на СДСМ, археолог и поранешна директорка на Музејот на Македонија, на завчера одржаната прес-конференција истакна дека бројни културни и историски објекти не се реставрираат и пропаѓаат, а се трошат средства за изградба на нови објекти и споменици. „СДСМ бара власта да се насочи кон заштита на автентичните културно-историски објекти, а парите кои се инвестираат за нови објекти и споменици да се пренаменат за реставрација на спомениците на културата. Ги повикуваме да запрат, да размислат за своите постапки и да се насочат кон заштита на автентичните историски објекти кои се оставени да пропаѓаат. Ние сме народ со јасен културен идентитет, кој е евидентен и во нашето културно наследство и секој обид за негово менување претставува опасен преседан“, рече Петрова - Митевска.

Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство ја оцени нејзината изјава како политичка и тенденциозна, без никакви аргументи во согледување на фактите и состојбите во македонската култура. „Фактите се тука, резултатите се видливи и мерливи, само треба да имате желба да ги признаете. Министерството за култура во изминатиот период реализираше бројни проекти од сите области на културата чиј бенефит го чувствуваат не само уметниците, туку и сите оние кои се дел од сите сегменти на културата на нашата земја, вклучувајќи го и делот за заштитата на културното наследство“, стои во реакцијата. Во неа, меѓу другото, се посочува дека „сериозниот однос кон културното наследство на оваа Влада и на Министерството за култура се гледа во фактот што за разлика од времето на СДСМ кога се издвојуваа по смешни 100.000 или 200.000 денари за археолошки истражувања, денеска по пет години, Република Македонија има голем број истражени археолошки локалитети, илјадници пронајдени предмети кои научно се документираат и презентираат пред јавноста, бројни конзервирани, реставрирани, заштитени цркви, џамии, споменици со непроценлива вредност“. Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство во врска со објектот до Безистенот во Старата скопска чаршија потенцираат дека сите активности се изведуваат во строгите рамки на законските прописи и со сите околности (документација, проект, процедури) за заштита на интегритетот на Безистенот и за реализација на реконструкцијата на целосно руинираниот објект. „Постапката е со цел да се заштити и реконструира, а не да се уништува Безистенот“, стои меѓу другото во нивната реакција.

Во меѓувреме се огласи и историчарката на уметност Донка Барџиева-Трајковска, директорка на Центарот за културно наследство, која беше поранешен директор на Националниот конзерваторски центар. Центарот смета дека на Безистенот му се нанесени трајни оштетувања кои се резултат на непочитување на дел од одредбите од Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, во кој стои дека во Чаршијата не смее: да се врши ископ на темели или подруми ниту да се изведуваат кој било друг вид земјани или градежни работи без претходно спроведување заштитни археолошки истражувања.

„ Непочитувањето на Законот е направено токму од надлежните институции,чии раководни лица пред камерите изјавија дека целосно е испочитувана законската процедура. Директорката на Конзерваторскиот центар не смеела да го заобиколи Законот и да дозволи уривање на старите дуќани и ископ на темели со механизација, без претходно да изврши заштитни археолошки ископувања, а директорот на Управата за заштита на културно наследство морал да обезбеди инспекциски надзор на самиот почеток на работата и доследно спроведување на законските одредби“, смета Барџиева, која во име на Центарот ги повика надлежните институции да преземат конкретни мерки за санкционирање на прекршителите на Законот. Се' уште во јавноста со своја реакција на се огласи еснафското здружение за заштита на овој вид културно-историски вредности НК ИКОМОС, а кустос советничката Љубинка Џидрова од Музејот на Македонија, која и ги информираше медиумите за уривањето, вчера напомена дека има и други нејзини колеги од Музејот и Национален конзерваторски центар кои како и таа сметаат дека уривањето на двата дуќани е неисправен чин, но дека не сакаат да излезат во јавноста со изјави. „Не може уривањето на дуќаните да биде исправно кога се работеше за целосно сочувани објекти со монолитни вратници и навратници. Таму немаше подруми претворени во дива депонија, како што повторува директорк��та на Конзерваторскиот центар Ема Петрова, туку се работеше за приземни простории чие ниво беше на нивото на системот на улици од 18 век“, рече меѓу другото Џидрова.


Статијата е прочитана 1098 пати.

Испрати коментар



„Марина Абрамович
Викторија Абрил горда на филмот на Митевска
„Дежа ву“доби Гран при на „Панфиз 2012“
По повод смртта на Светлана Христова-Јоциќ - комеморација во ДПМ
Лилјана Петровиќ во тимот на Калиопи
Почина Светлана Христова Јоциќ
„Ромео и Јулија“ за отворање на „Охридско лето“
„Театра“ прославува прв роденден
Затворање на Скопскиот фестивал со филмот на Теона Митевска
Добротворен настан за обнова на училиште во селото Серменин
„Балканска приказна“ во Куршумли ан
„Пипл“ ја прогласи Бијонсе за најубава жена на светот
„Драми“ од Дејан Дуковски промовирана во МНТ
Каде исчезна првата дама на Русија?
„Орбитал“ и „Паблик Енеми“ на „Скопје гори“
Со автобиографија ги вратил долговите
Збогум за свршеникот, па во прегратка на Шон Пен
Линдзи Лохан ќе ја глуми Елизабет Тејлор
Шест дена во фокусот на книгата
Ексцентричниот Авнер ќе го отвори „Пaнфиз“
Светска премиера на „90 минути“ на Иво Трајков во Берлин
Доделени наградите на „Мајкрософт“ филмскиот фестивал
Младата Ева Богоевска на фестивалот „Сан Ремо Јуниор“
„Или-или“ со нови наслови и попусти на Саемот на книгата
Предавања на Виталиј Комар во Музејот на современа уметност
Заврши снимањето на серијата „Др. Хаус“
„Животот на Молиер“ - претстава за паметење
Жарко Лаушевиќ заработил 200.000 евра од својата книга



jimmy1, 26.04.2012 21:53:24
Ova e ministerstvo za nekultura a ne za kultura. Da bese nesto izgradeno od bugarite dosega ke imaja napraveno nova i toa barokna fasada. A bre braka, sve ova sega sto e na vlsta prava stoka, da gi prodades na kilo ne vredat nitu po 10.000 denari, divo meso.
Da zaprat? A parite od spomenici...?, 27.04.2012 02:00:16
Bi zaprele tie ama nekako im se leplivi prstite pa i lesno zarabotenite ( i podeleni ) pari so umetnicite...nekako toa ne se napusta koga TI GORI POD NOZETE! Grabni sto poveke pa potoa BEGAJ...ama u KOJA MAJCINA?
Super Makedonec, 27.04.2012 02:24:49
jimmy plukaj od stranstvo kolku sakas no pasi koga ke se vratis da ne te sobere nekoj bager dodeka si vozis po makedonskite ulici!
Кемал Ататурк, 27.04.2012 08:08:57
НАДЛЕЖНИТЕ НАЈАВИЈА ДЕКА ЌЕ ЈА ПОПРАВАТ ШТЕТАТА МОЖЕБИ ЌЕ ИЗГРАДАТ И ПОСТАРИ ОБЈЕКТИ. НО ЗАТОА ИЗГРАДИВМЕ СПОМЕНИЦИ МЕГУ КОЈ И НА СИМЕОН РАДЕВ, ХАСАН ПРИШТИНА..... А МОЖЕБИ И ПАСКО ЌЕ НАЈДЕ НЕШТО
Ајван Доктор®, 27.04.2012 17:36:50
Портокаловата фурија решила да се прогласи за градител,а тоа може да го докаже,единствено,ако ги урне сите досегашни објекти и во нив го вгради својот инсен псеудобарок!Бројни споменици се урнаа во околината на Камениот Мост,па беше урната и неговата стражарска кула и за неа не одговараше В.Иљов (единствениот одговорен во тоа време),затоа што била „објект кој е подоцна дограден на мостот“!На Калето старата кружна кула која гледа кон старата чаршија стои разрушена и никој не ја чепка,но затоа се гради чисто нов бедем,кој би требало да претставува минато!Одново го изградија Стариот театар само за да си го инсценираат своето наводно градско потекло!Срамна и жална „преродба“која урна и исече сè што е постаро од 20 години,а сади врби,претставувајќи ги како уметнички проект,само за да се прикаже како семоќна и да ги претопи парите од граѓаните во свои џебови!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |