29.04.2012, 17:35 По повод смртта на Светлана Христова-Јоциќ - комеморација во ДПМ
Во понеделник во 12 часот, друштвото на писателите на Македонија во своите простории ќе одржи комеморативна седница
По повод смртта на македонската поетеса Светлана Христова Јоциќ, Друштвото на писателите на Македонија, во понеделник во 12 часот, во своите простории ќе одржи комеморативна седница.
Светлана Христова-Јоциќ која беше член на ДПМ, а во еден период и негов претседател, почина на 27 април во Скопје. Беше погребана во саботата на гробиштата во Ѓорче Петров, во присуство на почитувачи на нејзиното богато творештво, писатели, поети, пријатели и членови на семејството. (К.Б.)
|