Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.04.2012, 15:15
Судењето за педофилија далеку од очите на јавноста



Зад затворени врати денеска во Кривичниот суд во Скопје почна судскиот процес против 57-годишниот Ј.И., професор по историја од гимназијата во населбата Драчево, кој е обвинет за полови дејства врз тројца ученици и задоволување полови страсти пред друг. Тој во својата двочасовна одбрана пред судот тврдел дека е наместен од негови колеги поради одмазда.

На барање на судот, со оглед на тоа дека станува збор за чувствителен процес, во кој ќе треба да сведочат и учениците, новинарите и јавноста не успеаја да влезат во судницата. За тоа што се случувало на првото рочиште, информираше адвокатот на обвинетиот професор, Ефто Спировски.

„Обвинетиот кажа дека ова е конструкција на секретарката, која сака да му се одмазди затоа што тој се противел на нејзиното вработување во училиштето. Имало и неколку професори кои сакале да конкурираат за директори, оти мандатот на директорката завршувал, а постоела можност потенцијалните кандидати да го елиминираат. Претпоставувале дека тој ќе се јави и ако се јавел, со голема веројатност би бил избран и тоа е еден од мотивите да биде елиминиран“, изјави вчера бранителот на професорот.

Спировски по судското рочиште ги информираше новинарите дека професорот од Драчево ги отфрлил сите обвиненија. Тој сметал дека е нелогично што го обвинуваат дека еден од учениците го злоупотребил за време на поправен испит во јунската сесија, затоа што поправните испити биле полагани пред комисија од тројца професори.

Во почетокот на судскиот процес сведочеле и учениците, кои се тврди дека биле жртви на педофилскиот скандал. Треба да сведочат и професори и колеги од гимназијата во Драчево, за скандалот кој беше обелоденет откако анонимни дописи пристигнаа до медиумите.

 Професорот е обвинет дека речиси две години повикувал во неговиот кабинет неколкумина ученици. Тој, наводно, им покажувал карти со порнографска содржина, порнографски списанија и ги терал да гледаат порно-филмови. Полицијата го приведе во декември, а во неговиот кабинет беа пронај��ени материјали со порнографска содржина. (Х.Р.)

Статијата е прочитана 992 пати.

Испрати коментар



Организираните убиства имаат свој потпис
Ограбувачот на бабата во затвор, од 100.000 евра нема трага
Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Албански државјанин ограбувал цркви во Тетово
Жена се самоубила со пиштол во гостиварско Топлица



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

��невник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |