29.04.2012, 11:54 Арифи на Конференција „100 години во служба на нацијата“
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Теута Арифи за време на работната посета во Соединетите Американски Држави учествуваше на Конференција организирана по повод 100 години од постоењето на „Hearth“, со наслов „100 години во служба на нацијата“, каде исто така учествуваа и други високи државни претставници како албанскиот премиер Сали Бериша и претставници од верските заедници, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
- Во својот говор вицепремиерот Арифи ја истакна важноста и влијанието на албанската заедница во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот, во овој период од 100 години, а исто така го нагласи и придонесот кој Албанците постојано го даваат за интегрирање во евро-атлантските структури, се вели во соопштението.
Вицепремиерот Арифи, меѓу другото, го потенцирала и долгиот пат на Албанците од Македонија за да стигнат на позиција на еднаквост во држават�� и да бидат почитуван дел на албанската нација воопшто, а кое, како што истакнала, било постигнато со потпишувањето на Рамковниот договор.
- Арифи исто така истакна дека Албанците во Балканот се конструктивен столб на евро-атлантскиот процес и клуч на стабилноста во повеќе земји од регионот. Арифи ја искористи приликата и да се заблагодари на САД за поддршката на оваа прогресивна ориентација на Албанците во регионот како и за поддршката во евро-атлантските процеси, стои во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.
|